Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Од ЕД Грашница јавуваат дека истекуваат отпадни води од двата бајпасови кај Грашница

Post Views: 4 Истекуваат отпадни води од колекторскиот систем кај стадионот во Грашница, јавуваат екологисти од ЕД Грашница. Претпоставуваат дека станува збор за исклучување на пумпата кај Даљан. „ После 30 години и повеќе ова е проблем со истекот на бајпасовите кај плажата Мизо и подолу кај вливот на реката Грашница. Денес е 13 јуни, неколку денови нема врнежи, а бајапсовите без престан течат во езерските води“, вели Борче Стојаноски од ЕД Грашница.Стојаноски повикува на понкретни активности за решавање на овој проблем од страна на формираното државно претпријатие за...

Продолжи со читање

Живописното планиско село Горно Коњско е без водовод

Post Views: 14 Селото Горно Коњско има 30 постојани жители кои со вода за пиење се снабдуваат од бунари кои ги има скоро секое домаќинство. Со климатските промени во месеците јули, август и октомври кога има сушен период бунарите многу често остануваат без вода. Жителите се бават со земјоделство и сточарство, а во последните години се развива и етно туризмот. Селцето е на само десетина километри од Охрид, а на 4 км од хотел Метропол на западната страна од планината Галичица. Ова живописно планинско селце на 1050 метри надморска висина плени со прекрасната околина и видикот кон...

Продолжи со читање

Од денес почна исплата на гарантираната минимална плата за семејствата во социјален ризик

Post Views: 5 Од денес 480 охридски семејства во социјален ризик ќе добиваат гарантираната минимална плата во висина од 6000 денари. Новиот Закон за социјална заштита кој стапи на сила од 23 мај со низа измени ќе го подобрува семејниот буџет на домаќинставата во социјален ризик. Семејствата ќе добиваат и детски и образовен додаток. Така, во буџетот на едно  семејство, во зависност од бројот и возраста на децата, ќе се слеваат околу 13.000 денари месечно, информира Ајтен Мусли директор на охридскиот Центар за социјални работи. По истекот на овој рок законот предвидува нови...

Продолжи со читање

Само еден потрошувач побарал помош за рекламација на прозивод по стечајот на АМЦ

Post Views: 5 Граѓаните кои имаат рекламации за купената бела техника од АМЦ компанијата која е во стечај може да побараат помош од Државниот пазарен инспекторат во Охрид. Во охридската подрачна едница на Државниот парзарен инспекторат досега само еден потрошувач побарал помош за рекламација на прозивод купен во АМЦ. Од подрачната единица на инспекторатот ќе ги задолжуваат сервисите да ги поправат расипаните апарати ,а потрошувачот нема да плати за извршената поправка бидејќи компанијата повеќе не постои, информира Цветко Ристески раководител на оддленеито на Државниот пазарен...

Продолжи со читање

Нови зони и цени за паркирање ќе стартуваат со новиот летен режим на сообраќај

Post Views: 3 Зонското паркирање и висината на цените за користење на јавниот паркинг простор беа дел од денешните точки на Дневен ред на градскиот совет. Со новиот летен режим на сообраќај се предвидуваат измени во зоните на паркирање. Тие треба да стават ред во сообраќајниот метеж кој се јавува во екот на туристичката сезона. Од ова лето ќе има зона А која ќе остане само на улицата Македонски Просветители, а се проширува зона Б со поевтина цена на паркинг од досегашната. Се воведува и премиум зона на паркирање на потегот од пошта до кружниот тек во центарот на градот по цена...

Продолжи со читање

Неповолна хидролошка состојба во Охридското езеро и реката Црн Дрим

Post Views: 4 Охридското езеро и реката Црн Дрим имаат неповолна хидролошка состојба. Летниот сушен период и испуштањето на вода за потребите на хидроелектраните го намалија водостојот на езерото и реката. Нискиот водостој на Охридското езеро е на граница на дозволениот минимум, информира Ангел Угрински, хидролог од УХМР.Според утринските мерења, водостојот на езерото е на 3 цм над дозволениот минимум тоа е на кота 693,10. Денес езерото е на кота 693,13 цм. Треба да се каже дека има вештачко влијание врз езерото преку двете регулации на Црн Дрим на излезот од езерото кај...

Продолжи со читање

Отворен Инвестициски камп во Охрид на ФТУ

Post Views: 2 Охрид доби инвестициски камп кој ќе функционира на ФТУ. Со пилот програмата целна група ќе бидат младите луѓе. Тие своите бизнис идеи и визии за една фирма ќе може да ги развиваат со понатамошна поддршка на Фондот за иновации и центрите за иновации на УКИМ , УKЛО и Универзитетите од соседна Албанија, посочува Сашо Коруноски, ректор на Уни. Св Климент Охридски, кој е еден од партнерите на иновативниот камп. „ Информцијата е круциален фактор. Доколку тие идеи се отценат како добри, стоиме зад нив со логистика не само во опрема, информатичка технологија туку и и...

Продолжи со читање

Се бара најефикасно, најекономично и најеколошко решение за изградба на марина на Охридското езеро

Post Views: 4 Локацијата за изградба на марина и понатака спорна и камен на сопнување на трибината на која требаше да се слушне мислењето на јавноста при изработката на Студија за ревитализација на Студенчишкото блато и регулацијата на водниот сообраќај на Охридското езеро. Различни мислења и ставови се слушнаа на денешната трибина која ја организираше општина Охрид. Копјата повторно се кршеа меѓу стручната фела, екологистите и сопствениците на пловни објекти дали и каде да се гради марина. Стручните лица од Хидробиолошкиот институт и научната заедница бараат нивно вклучување...

Продолжи со читање