Автор: Валентина Неловска
Post Views: 522 Занаетчиството стагнира во општина Охрид. Сашо Богоески, претседателот на Регионалната занаетчиска комора , напоменува дека за занаетчиите минатата година била лоша но, годинава состојбата е уште посериозна. Во знак на нивна поддршка општина Охрид финансиски ги поддржува ново регистариарните занаетчиските дејности. Во тек е јавен повик за субвенционирање на новорегистрирани дејности но, интересот е слаб кај занаетчиите , нагласува Богоески.„ Во првите две недели се пријавиле двајца кандидати. Се пријавиле две козметичарки. Jавниот повик трае два месеци и...
Охрид нема туристички инфо центар
Post Views: 333 Туристички инфо центар не функционира во Охрид. Туристите најчесто доаѓаат до иформации за она што сакаат да го посетат или видат при претстојот на Охридското крајбрежје преку користење на дигитална технологија. Од Секторот за туризам и локален економски развој при локалната самоуправа најавуваат имплементација на ново софтверско решение. Со него ќе бидат опфатени сите информации и активности кои се одржуваат во Охрид во летната сезона. За таа цел ќе се искористат постоечките современи апликации за паметни уреди, укажува Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.„Постојат различни...
Големи количини текстил завршуваат на ѓубриште
Post Views: 333 Еколошки свесните граѓани прашуваат каде треба да се одлага и каде завршува отпадниот текстил. Некои граѓани старата облека ја остваат во најлонски вреќи до контенјерите мислејќи дека на тој начин некој кој има потреба ќе ја земе. Но истата најчесто завршува расфрлана во околината , по улици, и тревници околу станбените објекти. Облеката и ткаенините како отпад на крај завршува на нестандардните депонии. Единствена организација која засега врши реупотреба на текстилот е Црвен крст. Сашо Точков , претседател на ОО ЦК, вели многу често се злоупотребувани како хуманитарна...
Бизнис поврзување на Западен Балкан
Post Views: 266 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, им ги презентира на членовите на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум можностите којшто ги има градот, капацитетот и инфраструктурата на големите компании каде што може да се инвестира. Општината ќе работи на зајакнување на соработката со компании од шест земји од Западен Балкан којшто имаат свои претставници во Коморскиот Инвестициски Форум. Целта е да зајакне охридското стопанство, информираше по работната средба градоначалникот Пецков.„ Како општина се ставаме на располагање на олеснување на процесот...
Пелети нема, набавната цена изгор скапа
Post Views: 452 Охриѓани кои се греат на пелети се загрижни. Во голема неизвесност се дали ќе има доволни количини пелети на пазарот и по која цена ќе ги купуваат. Пелетите беа најавувани како најекономичен и најеколошки енергенс на македонскиот пазар, но сега стануваат прескапи и ги нема на пазарот. Во охридските маркети и продажни места нема да се купат пелети или ако ги има се изгор скапи. Италијанските пелети од увоз достигнуваат цена и до 10 евра за вреќа од 15 кг, а поголемиот дел од македонските потрошувачи не може да си ги дозволат. Мартин Маневски од Кармен Бауцентар, информира...
Сали: Никој не е над законот
Post Views: 343 Во последните 3 години, Државниот сантарен и здравствен инспекторат во Клиничката болница „Жан Митрев“ спровел 3 редовни и 9 вонредни инспекциски надзори, информира министерот за здравство Беким Сали.Посочи дека се одржува работен состанок во МАЛМЕД со стручната служба и претставници на Клиниката „Жан Митрев“ за изнесените наоди дека се вршени клинички испитувања врз пациенти и дали се вршени согласно важечките прописи. Од стручниот надзор се очекува одговор на прашањето дали методата на хемофилтрација е применувана кај пациентите согласно строгите критериуми,...
Невообичаени појави на пазарот на труд
Post Views: 421 Охридскиот пазар на труд се соочува со невообичаена појава. Од охридската Агенцијата за вработување информираат за уникатна појава при доделени грантови за започнување на сопствен бизнис. Се среќаваме со откажување на грантовитe, информира Елвадина Дика, директорка на Агенцијата.„Не може да објасниме на што се должи таа појава. Невработените кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис немаат желба да соработуваат со економските консултанти кои треба да им помогнат во бизнис планот. Тие како да очекуваат само да зграпчат нешто“, вели директорката Агенцијата.Во...
ОО СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за сите лаги
Post Views: 380 Денеска во Брисел, се оддржа првата меѓувладина конференција, веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ. Македонскиот јазик е јазикот кој се слушаше и говореше денеска во Брисел. Македонски јазик беше достапен и на официјалниот канал на ЕУ, а на сателитскиот сервис на ЕУ беше испишан како македонски јазик. Чист и без додавки. Преговорите ќе се водат на македонски јазик со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, без фусноти и придавки, а по влезот во Унијата македонскиот јазик ќе стане рамноправен...
Божиноски: Промена на Уставот нема да има
Post Views: 314 Македонија ги преживеала сите понижувања и неправди низ историјата, за сега во 21 век од страна на ненародната Власт се отворат средновековни прашања и теми за идентитетот, историјата и јазикот, рече на денешната прес конференција Перчо Божиноски, портпарол на ОК на Вмро Дпмне. Маските им паднаа, бесрамно го криеја Протоколот во кој сепак скандалозниот Договор со Бугарија, историјата и идентитетските прашања како најболни за Македонија се дел од Преговарачката рамка, рече Божиноски.„ Пратениците на СДСМ од Охрид, недостојни ниту име да им се спомене, по диктат...
Огревното дрво се продава по стара цена
Post Views: 616 Продажбата на огревно дрво се одвива со вообичаено темпо на охридското стовариште од Македонски шуми. Досега до потрошувачите се доставени над 6000 метри кубни или 9000 просторни метри дрво, инфромира Славчо Голабоски, директор на ЈП Македонски шуми , подружница Охрид.„Засега немаме пречки во снабдувањето со огревно дрво. Побарувачката на огревно дрво драстично е зголемена заради зголемување на цените на енергенсите како што се електричната енергија и пелетите. Се надеваме дека ќе одговориме на барањата на сите граѓани“, напоменува Голабоски.Голабоски...
Угостителите продаваат безбедна храна
Post Views: 303 Безбедна храна се конзумира во угостителските објекти и оператори со храна на охридското крајбрежје. Ова се констатира по интензивните инспекциски контроли на АХВ во хотелите, рестораните, пицериите, слаткарниците, бурекџилниците, пекарниците каде што има зголемена потрошувачка на храна, информира Николче Бабоски, директорот на Агенција за храна и ветеринарство. Од почетокот на годинава до крајот на месец јуни се направени 342 контроли при што во мал дел се утврдени прекршоци во безбедносните практики за храна, напоменува Бабовски.„За жал кај еден дел се утврдени...
Охридското стопанство „гладно“ за занаетчии
Post Views: 438 Охридското стопанството има дефицит од многу стручни профили. Недостасуваат најразлични кадри во индустријата. Се чувствува потреба од бравари, стругари, глодачи, плетачи, шивачи. Стручен кадар недостасува во скоро сите области, а не само во угостителскиот сектор , информира Елвадина Дика, директорка на охридската Агенција за вработување.„Нема потреба само од келнери и кувари кои се нагласуваат заради туристичката сезона, туку нема ни чистачи, чувари, бравари, стругари. Имаме дефицит од занаетчии, кадар кој порано работел во Охрид и Струга. Не зборуваме за...