Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридската пожарна доби теренско возило

Post Views: 11 Охридската територијална противпожарна единица доби ново, современо возило за гасење пожари. Возилото е донација од Центарот за управување со кризи. Сега, пожарникарите може да здивнат, затоа што возниот парк се подновува. Со возилото ќе им биде полесен пристапот за интервенци на тешко пристапните делови од градот и околината, информира Борко Јанкулоски, командир на ТППЕ.„Тоа е џип со двојна кабина, со товарен простор, со противпожарна надградба. Нешто што апелиравме да се набави и ни фалеше во Охрид како туристички град, со години. Возилата со кои...

Продолжи со читање

Орманци плаќаат, а тонат во мрак

Post Views: 14 Жителите на село Орман живеат во мрак без улично осветлување. Населбата која се наоѓа на само 2 километри до Охрид тоне во темница во вечерните часови. Иако, орманци плаќаат месечен надоместок од 184 денари за јавно осветлување на Локалната самоуправа оставени се без улични светилки. Луѓето се движат по темнина по главниот пат кој станува опасен по нивните животи. Тесниот пат кој поминува низ селото не го користат само орманци туку и жителите од соседните села Горно и Долно Лакочереј, раскажува Стојче Спасески , жител на оваа приградска населба.„Се...

Продолжи со читање

Охрид го одбележува 11 oктомври

Post Views: 9 Општина Охрид на свечена седница го одбележа 11-ти октомври, Денот на народното востание. Градоначалникот, Кирил Пецаков пред присутните претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, претставници од локалната самоуправа, советници, пратеници, граѓани упати честитки за овој голем историски ден за Македонскиот народ. 11-ти октомври е датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајќи ги темелите на идниот национален развој, кога се поставени темелите и се реализира вековниот сон за создавање на Македонска држава. Во сите периоди Охрид бил дел од...

Продолжи со читање

Протест против клубот Цар Борис Трети во Охрид

Post Views: 10 Тензично помина отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Голем број граѓани се собраа на протест пред седиштето на клубот, а присутно беше и големо полициско обезбедување. Летаа камења и јајца кон седиштето на клубот, а беа извикувани и пароли Бугари, Татари , Фашисти. Присутните имаа транспаренти порачувајќи и на ЕУ да не го толерира бугарскиот фашистички однос кон Македонија.„Во демократска земја како Македонија нема место за фашисти. Нека има клуб со друго име, но не со име на фашист, владата да го забрани, страм за Македонија што го...

Продолжи со читање

Во продажба расипани млечни производи

Post Views: 16 Расипани млечни производи пријавуваат охриѓани до организацијата на потрошувачи. Во последно време се актуелни вакви пријави кои охридските потрошувачи ги поднесуваат во поплаки до нас, информира Вангел Спироски од ОПМ. Купувачите се непријатно изненадени од муфлосаните или замирисани млечни прозводи. Јогурт, павлака, кисело млеко имаат валиден рок на трајност, а не се употребливи за конзумирање. Граѓаните коментираат дека забележуваат како некои фрижидери се исклучуваат од струја во вечерните часови. Спироски нема одговор дали расипаните артикли се резултат на...

Продолжи со читање

Невработените не сакаат обуки

Post Views: 9 Графички дизајнери, угостители, приватни станоиздавачи, адвокати и заботехичари се дел од ново отворените дејности на невработени охриѓани. Во Агeнцијата за вработување се финишираат активните мерки за самовработување во општина Охрид. 70 лица ја искористиле државната мерка за самовработување во различни дејности. Долга е листата на други профили од активните баратели на работа кои на овој начин го решиле своето егзистенцијално прашање. Со финансиска поддршка од 5000 евра може да се отвори сопствен Доел, а со здружување од две лица 10.000 евра за регистрирање...

Продолжи со читање

Mлекопроизводителите добија субвенции

Post Views: 8 Над 153 милиони денари се исплатени на 6.396 домашни млекопроизводители. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализира исплатата на млекопроизводителите за проиведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во периодот март, април и мај 2021 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Од Агенцијата ги подготвуваат налозите и за исплата на млекопроизводителите за периодот јуни и јули 2021 година. Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства регистрирани како одгледувачи на...

Продолжи со читање

Планинска куќа во Брежани

Post Views: 12 Планинска куќа со дваесетина легла , современи бањи и кујна доби селото Брежани. За брежанци е празник пуштањето во употреба на современиот објект. Во ова планинско селце, сместено во пазувите на Илинска планина, во општина Дебрца, на триесетина км од Охрид, се отвора нова можност за развој на туризмот. Реконструкцијата на старата училишна зграда е во рамките на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија. Проектот е реализиран од страна на Црвен крст...

Продолжи со читање