Автор: Валентина Неловска
Post Views: 169 Мозаикот како симбол на животот и вечноста, топлина и светлина ќе ги грее срцата на децата со инвалидитет без родители во Белград. Оваа порака ја носи новиот мозаик изработен од вредните раце на академски сликар, конзерватор и реставратор. Со посветеност и упорност Никола Упевче рачно обработил над 10.000 минијатурни камчиња, црн гранит и златен оникс, а за тоа му биле потребни три месеци ефективна работа. „Станува збор за класична техника на редење на камчиња каде што е употребен каменот оникс кој е многу мек, ронлив и нежен, и гранит во црна боја, многу цврст и груб,...
Младите не сакаат мотика
Post Views: 175 Младиот човек не може да се мотивира да ја засака природата и родината. Иако во многу рурални средини е сменет амбиентот на живеење сепак младите не се доволно мотивирани за да егзистираат од интензивно сточарство или земјоделство, велат повозрасните земјоделци. Излезот од таквата ситуација го гледаат во ангажирање на државата за подобрување на законските нормативи, образованието на младите и во субвенционирање на прозиводителите, вели познатиот калемар од Завој, Крсте Трајчески. Активните пак земјоделци, ги мачат бројни проблеми. Бараат државата преку ресорните министерства...
Актерот Жан Луи Трентињан добитник на Златната маска
Post Views: 156 Жан Луи Трентињан, легендарниот француски актер е годинешниот добитник на Златната маска за животно остварување, која се доделува на Францускиот филмски фестивал во Охрид. Трентињан е партнерот на Анук Еме и Брижит Бардо во култните француски филмови „Еден човек и една жена“ и „Господ ја создаде жената“. Неговото име, сега се вбројува покрај Клод Лелуш, Шарл Азнавур, Патрис Томас и Ив Боасе, меѓу досегашните добитници на Златната маска, која се врачува за животно остварувања на познати француски актери и режисери. „Актерот Жан Луи Трентињан ја прифати поканата за...
ОК Вмро Дпмне обвинува: Градоначалникот Јован Стојаноски вработува партиски кадри
Post Views: 189 Градоначалникот Јован Стојаноски го затскрива полнењето на администрацијата со партиски подобни кадри, обвинија денсе на прес конференција од ОК на Вмро Дпмне. „ Општина Охрид распишала оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги за привремени вработувања за потребите на Општината. Според објавата на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 7.564.005 денари без ДДВ во период од една година. Класичен пример за недомаќинско работење“, кажа Божиноски. Потенцираме дека декларираната заложба за транспарентност,...
Пчеларите стравуваат како ќе презимат пчелните семејства
Post Views: 129 Пчеларите се загрижени како пчелните семејства ќе ја презимат оваа зима. Ланската катастрофална година со крајно лошите приноси на мед лошо ќе се одразат врз развојот и опстанокот на пчелните семејста оваа пролет, кажува Ице Китанчев долгогодишен охридски пчелар. Китанчев очекува пчеларите да ги почуствуваат оваа пролет последиците од минатогодишните априлски мразеви кои направија ршум во пчеларството и овоштарството. Немаше доволно мед па во зимскиот период влеговме и со слаби пчели и со храна,а за да опстанат пчелите во живот посегнавме по нужно зло со прихрана...
Охрид ќе се „поднови“ со инфо центар
Post Views: 132 Нивните очекувања се дека со повеќе инфо центри ќе се решат и низа проблеми во туризмот. Надминување на проблемот со промотивен туристички материјал, до кој туристите во моментов тешко доаѓаат. Но, очекувањата се насочени кон елиминирање на грдата слика, со приватните станоиздавачи кои на улица ги нудат своите сместувачки капацитети, нагласува туристичкиот менаџер Стефан Каневче. „Она што се случува со приватното сместување е срам за градот, туристите се влечат за раце, им се тропа по прозорите на автомобилите. Оваа глетка под итно треба да се реши, а инфо центрите...
Најмладите ретки посетители во библиотека
Post Views: 140 Родителите многу ретко од мала возраст ги носат своите деца во библиотека за децата да стекнат читачка навика. Најмалите читатели се ретки посетители во националната библиотека, потврдува и директорката на установата, Александра Белевска. На детскиот оддел располагаат со над 30.000 книги, а ги набавиле и најновите луксузни изданија на бајки. За да стекнат читачки навики неодамна во соработка со основните училишта се обиделе да реализираат проект организирано читање на бајки, вели Белевска. Со намера да допринесеме за најмладата популација и да допреме до нивната...
Тепачките се поретки во охридските училишта
Post Views: 133 Во охридските училишта опаѓа бројот на евидентирани насилни однесувања. Во образовните институции се поретки се тепачките и расправиите помеѓу учениците. Мирната работна и училишна атмосфера е карактеристична и за ОСУ „Св. Климент Охридски“. Директорот на оваа образовна институција, Наум Рилкоски, вели дека за високиот степен на безбедност свој придонес има соработката со полицијата и ангажманот на агенциите за лично обезбедување, кое го обезбедува општината. Охридските училишта може да се пример како да се спречи и превенира насилството во останатите школи во земјава,...
Промовирана химната “Сите сме исти“ за лицата со ретки болести
Post Views: 106 Промовирана химната „ Сите сме исти“ со која се одбележа Денот на ретки болести. Музика и аранжман за оваа песна напишаа охридските музичари Димче Китрозоски и Јовица Карајлиевски на текст од Сашо Митаноски.Музичката нумера ја испејаа неколку млади охридски финалисти од музичкото шоу „Суперталент„. Тие преку песна упатија порака до јавноста за постоењето и потребите на луѓето со ретки болести. Димче Китрозоски кој го направи аранжманот за песната напомена дека проектот започнал пред два месеци. Кажа дека во песната е вложена голема енергија и емоции,а пораката треба...
Во училиштата недостасуваат педагози и психолози
Post Views: 142 Во општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, во кое учат 450 ученици, нема психолошка служба. Во ова училиште никогаш не бил вработен педагог, а тоа не е решено ни со воведувањето на задолжителните педагошки служби, кои треба да се составени од стручни тимови, во сите основни и средни училишта. Засега улогата на педагог ја извршува професор по психологија, вели директорот на училиштето Секула Баткоски. „Засега е одржан еден совет со родители чии деца имале проблематично однесување или имале слаби оценки по повеќе од три предмети, а закажан е и состанок...
Охрид во овие студени зимски денови нема прифатен центар за бездомници
Post Views: 113 Во Охрид ноќните температури на воздухот се спуштаат под нулата.Од министерството за труд и социјална политика има препорака до сите центри за социјална работа да ги згрижуваат бездомните лица во прифатилишта. Дали во нашиот град постојат услови за згрижување на лица без кров на главата или кои живеат во домови под нормални стандарди за живеење се обративме во охридскиот центар за социјални работи. Директорот на центарот не информираше дека во Охрид имаат евидентирано само едно бездомно лице. Кажаа дека нивниот центар не располага со објект каде што би го сместиле...
Охридските волонтери на Црвен крст подготвени за помош на сограѓаните во зимски услови
Post Views: 99 Единицата за спасување на планина и непристапни терени на ОО ЦК е подготвена за интервенции. Волонтерите ќе одговорат на потребите од сограѓаните кои во овие зимски денови ќе се јават во нивниот центар и ќе побараат помош. Од денешната координација помеѓу Црвен крст и Центарот за управување со кризи било утврдено дека во моментов нема одсечени села во околината и жители во ризик, информира Сашо Точков. „ До нас не се пристигнати никакви барања нити јавувања од ЦУК за дејствување на нашата единица за спасување на планина и непристапни терени или за она што го објавивме...