Автор: Валентина Неловска
Post Views: 2 Виолета Петковска, професор по одделенска настава од ОУ „Кочо Рацин“, со постер презентација учествуваше на образовна конференција во Будва. Професорката по одделенска настава со својата креативност и посветеност е добитник на голем број меѓународни и државни награди за проекти, автор на 20 стручни трудови и 70 едукативни филмови. Петковска е дел од Асоцијацијата на најдобри наставници од поранешна Југославија и е единствен претставник од југозападниот дел на земјава. Од Будва се врати со уште еден сертификат за нејзината креативност, во низата меѓународни...
Долготрајниот дождлив период го загрозува родот на коскестото овошје
Post Views: 4 Родот на црешите, праските, кајсиите, вишните е загрозен од дождот. Долготрајниот, дождлив период во охридскиот регион е неповолен за коскестото овошје. Врнежливото време, посебно го загрозува годинешниот род на црешата кој е во фаза на зреење, стравува Ванчо Стојаноски, одгледувач на цреша. Стојаноски, сепак, се надева дека временските услови ќе се подобрат, а овоштарите треба веднаш да почнат со прскање на стеблата. „ Препорака до одгледувачите на коскестото овошје, посебно на црешата. Веднаш да го фатат првиот ден по влажниот период и да ги третираат овошките...
„Балканска 3а/2“ е новата премиера на Охридскиот народен театар
Post Views: 4 На сцената на Охридскиот народен театар на 3 јуни ќе се игра „Балканска 3а/2“ . Текстот е на Дејан Дукоски и е едно од неговите први драматуршки дела, режијата е на Ана Батева , а улогите ги играат Стрезо Стаматоски, Никола Тодороски,Елизабета Стефаноска и Филип Кипроски. „ Се роди уште еден театарски проект во Охридскиот театар кој сум убедeн ќе ги задоволи апетитите на охриѓани и пошироката публика“ рече Горан Симоноски директор на Охридскиот народен театар . Режисерот на претставата Ана Батева за прв пат работи на создавање театарско дело со актерите од...
Скоро секој втор Македонец е активен пушач
Post Views: 3 Скоро секој втор Македонец или 46 проценти од населенито се активни пушачи, покажала Студијата за штетноста од психотропни супстанци. Последните истражувања од минатата година направени од Институтот и општинските центри за јавно здравје покажале дека 57, 8 проценти од македонските пушачите се на возраст помеѓу 36 и 44 години, а 40,2 проценти се младо возрасно население на возраст од 15 до 34 години. 12,6 проценти првата цигара ј а запалиле на 15 години, а 6,1 посто на 14 години. Дури 4,1 посто експериментирале со првата цигара на 11 години и помала возраст,...
Проблемот со кучињата скитници точка на дневен ред на градскиот Совет
Post Views: 3 До каде е постапката и дали функционира шинтерската служба во надлежност на ЈП Охридски Комуналец беше точка со која на барање на опозцијата беше надополнет дневниот ред на денешната 27ма седница на градскиот Совет. Кирил Пецаков координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, обвинува дека службата за прифаќање на бездомни кучиња не функционира, а кучињата скитници стануваат опасни и напаѓаат луѓе. „ Политичка волја има, формирана е шинтерска служба ,7-8 месеци разговараме за службата , а која е реалноста сите гледаме дека кулминираат нападите на бездомните...
Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа : Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион
Post Views: 3 Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа: „Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион“. Александра Бујароска од Фронт 21/42, која беше дел од работната група на предлог измените во Законот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион од 2010 година, напоменува дека се разoчaрани што во последен момент биле тргнати важни одредби за реална имплементација на мораториумот за градба, па потоа во последен момент вратени по обелоденување на намерата на Комисијата на Унеско да го стави Охридскиот регион на листа...
Изработена физибилити студија за откупен дистрибутивен центар во охридскиот рeгион
Post Views: 2 Општина Охрид ја изготви Физибилити студијата за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар. Со тоа тргнуваат работите од мртва точка во насока на решавање на еден горлив проблем за производителите на храна, трговците и угостителите. Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа е нарачател на студијата во која сега се дефинирани сите услови во однос на производството и побарувачката на локалните производи, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер. Претходно беа согледани потребите и бенефитот од една ваква инвестиција во...
Празна и заклучена е продавницата на Нефа-мебел во Охрид
Post Views: 3 Сканадалот со продавниците Нефа-мебел не го заобиколи ни Охрид . Од 24 мај салонот во центарот на градот е празен и под клуч. Овој продажен простор беше еден од 14- те во земјава кој го тресе аферата со измамени купувачи кои платиле мебел и чекаат испорака, а во меѓувреме продажните салони преку ноќ останаа празни и затворени. Засега е неизвесно колку купувачи од регионов се изманипулирани и останаа без испорачан, а платен мебел. До Државниот пазарен инспекторат во Охрид утринава помош и совет побарал само еден купувач. „ Веднаш е излезено на лице место и...