Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охриѓани не се жедни

Post Views: 166 Градот може да се пофали со добар квантитет и квалитет на вода за пиење. Охриѓани не се жедни. Пијат микробиолошки  и хемиски исправна вода, но со променлив квалитет. Ова е коментарот на д-р Атанско Михаилов  од Центарот за јавно здравје за тоа каков е квалитетот на водата која тече низ градскиот водовод. „Има периоди кога квалитетот на водата  по хемиски состав е поблиска до највисоките класи  вода, но има периоди кога заради видот на доток на подземните води и место положбата на бунарите, квалитетот се менува“, објаснува Михаилов. Од МЈП „Проаква“, нагласуваат, ...

Продолжи со читање

Охриѓанчињата го поздравија првиот пролетен ден

Post Views: 146 Голем број ученици на градскиот Плоштад и на Кејот, традиционално го поздравија доаѓањето на пролетта. Основците облечени во најразлични костими, со песна и смеа го разубавија и поздравија првиот пролетен ден. Децата не ги заборавија и транспарентите со кои упатија еколошки пораки до возрасните. Тие порачаа да ја чуваат животната средина.  И најмалите дечиња од 5-те детски градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“, на свој начин го поздравија првиот пролеттен ден. Во детската градинка „Лихнида“ најмладите покрај пригодните песнички за пролетта, засадија цвеќиња во дворот на...

Продолжи со читање

Рекреативците кон Горица „голтаат“ прашина

Post Views: 174  На рекреативниот потег кон Горица, Локалната самоуправа започна да гради, според  најавите, современ парк и пешачка патека. Почнатите зафати со нанесување на земја, го отежнуваат спортувањето на рекреативците. Постојната асфалтна патека е покриена со земја и ситен шлунак кои го остваат зад себе камионите. Рекреативците место чист воздух вдишуваат облаци од прашина. Тие погодени од ваквата состојба со негодување гледаат на градежните зафати кој ја уништуваат нивната омилена патека за рекреација. Од Локалната самоуправа, пак повикуваат рекреативците да имаат разбирање,...

Продолжи со читање

Поставените контејнери наменети за рециклирање отпад не се користат правилно

Post Views: 233 На охридските улици ЈП „Охридкси Комуналец“ има поставено контејнери за одложување на хартија, стакло, пластика и лименки. На овој начин со селектирање се рециклира корисниот отпад, се намалуваат количините на смет и се зголемува здраво еколошко опкружување. Случајно избраните граѓани од кои ТВМ сакаше да слушне како размислуваат за овој комунален проблем ја поздравуваат можноста која им ја дава јавното комунално претпријатие да се селектира отпадот за да се зачува животната средина. Многу честа е глетката во поставените контејнери за селктирање на отпад да не се...

Продолжи со читање

Локалната должи пари за училишниот превоз

Post Views: 311 Локалната самоуправа должи пари за транспортната услуга на училишниот превоз. Парите кои за оваа намена ги добиваат како блок дотации од ресорното министерство не се доволни за да ги подмират давачките кон превозниците. Јован Мирчески, сопственик на Пупе компани, една од осумте избрани транспортни компании за училишен превоз, потврдува дека општината за превоз на учениците во основните и средните училишта само на неговата компанија и должи околу 9 милиони денари. Сериозноста на овој проблем ја потврдува и советникот за образование Серафим Наумоски. Тој вели дека средствата...

Продолжи со читање

Агенцијата за поддршка и развој на туризам седи на два стола

Post Views: 143 Неизвесна судбината на поранешната струшка канцеларија на Агенција за поддршка и развој на туризмот. Од  мај 2011 со одлука на Владата седиштето на Агенцијата е префрлена во Скопје. 6-мината вработени во струшката канцеларија останаа каде што беа, додека само двајца вработени на чело со директорот Јордан Трајков се водат во скопската канцеларија. Вработените од Струга сега не знаат каков е нивниот правен статус дали станува збор за канцеларија или поддружница. Нерешениот правен стаус ја отежнува и комуникацијата и потребата од проток на информации. Никој од овие вработените...

Продолжи со читање

За еден месец за вештачкиот мрест собрани над 1 милион зрна икра

Post Views: 108 Во водите на Охридското езеро е во тек ловот на пастрмката за вештачки мрест. Од 23 јануари до сега се уловени 1 милион и 300 илјади икра, информира Елизабета Велјаноска Сарафилоска директор на НУ Хидробиолошки завод. Таа напоменува дека ловот за вештачкиот мрест на пастрмката тече во најдобар ред. Годинава се намалени квотите за собирање икра на 1 милион и 500 илјади во споредба со минатата година кога изнесуваше 2 милиони икри. Намалена е квотата за собирање икра и за струшкиот дел за институтот Шум, од 1 милион на 500.000 зрна икра. Ловот на машки и женски единки...

Продолжи со читање

За еден месец за вештачкиот мрест собрани над 1 милион зрна икра

Post Views: 116 Во водите на Охридското езеро е во тек ловот на пастрмката за вештачки мрест. Од 23 јануари до сега се уловени 1 милион и 300 илјади икра, информира Елизабета Велјаноска Сарафилоска директор на НУ Хидробиолошки завод. Таа напоменува дека ловот за вештачкиот мрест на пастрмката тече во најдобар ред. Годинава се намалени квотите за собирање икра на 1 милион и 500 илјади во споредба со минатата година кога изнесуваше 2 милиони икри. Намалена е квотата за собирање икра и за струшкиот дел за институтот Шум, од 1 милион на 500.000 зрна икра. Ловот на машки и женски единки...

Продолжи со читање

Полицајците до низа поволности преку ИПА

Post Views: 151  Македонските полициски службеници дел од Интернационалната полициска асоцијација. Тие ќе градат пријателски релации со останатите колеги од светот. Соработките ќе можат да ги развиваат во неколку области од културата, спортот и туризмот. Сега, низа придобивки на македонските полициски службеници ќе им бидат овозможени со влезот во Интернационалната полициска асоцијација. Од денес и македонските полицајци се дел од меѓународната асоцијација во која членуваат околу 300.000 полициски службеници од 63 земји. Претседателот на регионалната охридска секција, Стефан Димоски...

Продолжи со читање

МЈП Проаква ќе вложи приговор на решенијата за тарифите на водна услуга од Регулаторнаат комисија за енергетика

Post Views: 125 МЈП Проаква ќе поднесе барање до Регулаторната комисија за енергетика за измена на решенијата за тарифи за водна услуга. Ова доаѓа откако Владата утврдила неправилности во работата на Регулаторната комисија. Комисијата не ги почитувала законските рокови за утврдување на цената на водата. Од направените анализи Владата заклучила дека Регулаторната комисија спротивно на законот за утврдување на цени на водните услуги ги синхронизирала одлуките за поскапување на водата со резултатите од локалните избори. Наместо да бидат донесени во 2016 година, регулаторната комсија...

Продолжи со читање

Најдобрите стрелци од охридскиот клуб ги нема во македонската репрезентација во Унгарија

Post Views: 123 Мартина Петровска, Анастасија Мојсоска, Јана Маркоска и Јована Милеска, најдобрите охридски јуниорки, стрелци од СК „Охрид“, не се дел од македонската репрезентација. Тие не учестуваат на квалификацискиот меѓународен натпревар во Унгарија кој трае до 26 овој месец. За Анастасија Мојсоска е пропуштен последениот квалификациски натпревар за учество на престојната младинска Олимпијада во Бразил, во октомври 2018. Тоа се должи на опструкциите од селекторот Јордан Тасески на Македонската спортска стрелачка федерација, обвинува Валентина Гоџо долгогодишен тренер на СК...

Продолжи со читање

Охриѓани совесни плаќачи на данок на имот

Post Views: 250 Охрид, на трето место по наплата на данок на имот  веднаш  по општините Центар и Битола. Во општинската каса има зголемен приход од данокот на имот. Минатата година, од охриѓани и граѓаните кои имаат имот во Охрид, биле инкасирани во Локалната самоуправа 49 милиони денари. На контото завршиле 5 милиони денари повеќе од планираните 44 милиони денари вели раководителот на одделението за даноци, Иван Бандилова Несторовска. За само 5 години, од кога ова одделение ја презело обврската за наплата на данокот на имот од УЈП, приходот по овој основ се зголемил за 3 пати. Во ...

Продолжи со читање