Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Неизвесно е како и кога ќе се стави во функција информативниот центар во облик на едро пред охридската пошта

Post Views: 108 Каква ќе биде судбината на информативниот центар пред охридската пошта не се знае.Од Секторот за туризам и локален економски развој немаат конкретен одговор како и дали на таа локација ќе профункционира инфо центарот поставен во ноември 2016. Од тој период до денес не е ставен во функција информативниот центар кој требаше да биде од помош на туристите за да добиваат информации од типот на печатен материјал за градот, сместување, посета на ресторани, кафулиња, културни и спортски настани. Додека се бара начин како да се користи инфо центарот во јавноста се прошири...

Продолжи со читање

„ Храна за сите“ е нова платформа која ќе ги поврзе угостителите и потрошувачите

Post Views: 116 Намалување на количините на храна која се фрла и нејзина поголема достапност до потрошувачите е новата платформа „Храна за сите“ , која наскоро ќе почне да се спроведува. Македонските угостителски објекти не се исклучок од светскиот тренд на фрлање храна. Рестораните приготвуваат многу повеќе храна, отколку што се продава, а таа не е достапна за многу луѓе. Доколку храната не успее да се продаде во моментот по нејзината цена, често се фрла, наместо да се продаде за пониска цена или да се донира. Една од причините за оваа појава  е што не постои организиран пазар...

Продолжи со читање

Ем лошо градена, ем без сообраќајни критериуми

Post Views: 138 Подизведувачот на градежните работи „Илинден“ ќе ги санира проблематичните шахти на Железничка. Санацијата на оваа улица ја побарал Надзорниот орган на Агенцијата за државни  патишта. Директорот на ГП„Илинден“, Раде Трајкоски има објаснување за проблемот со шахтите. Тој за ТВМ потврдува дека главоболка им задаваат шахтите каде што поминува линијата на стариот колектор. Трајкоски истакна дека за санација на проблемот веќе нарачале специјални капаци за шахти од увоз, кои  ќе бидат поставени веднаш по пристигнувањето. Исто така, Трајкоски кажа дека со подобрување на временските...

Продолжи со читање

Ревија на облека и модни додатоци од најлон кеси

Post Views: 283 Шаренило од здолништа, корсети, шешири, вратоврски и торбички изработени од најлонски кеси беа прикажани на несекојдневна модна ревија во ОУ„Братство Единство“. Учениците од неколку шести и седми одделенија, по повод Денот на жената 8-ми март, пред своите другари и наставници покажаа што умеат да изработат со нивните вешти раце. Малите модни креатори беа и манекени и водители, возбудени и задоволни од модното случување во нивното училиште. Учениците својата креативност ја изразиле на часовите по изборниот предмет “Вештини за живеење“ од областа облека и мода. Идејата...

Продолжи со читање

Железничка повторно на „тапет“

Post Views: 153 Булевар Железничка станува се понебезбедна сообраќјаница, реагираат од ВМРО-НП. Обвинуваат дека улицата, што два пати се пушташе во употреба пред парламентарните избори, се уште е недовршена и со  неквалитетно поставен материјал. Овој магистрален пат со ознака М-5, кој требаше да го растерети  градскиот сообраќај од тешки моторни возила, сега  им задава сериозни главоболки на жителите од северо источниот  дел на градот. Како причини што улицата станува се поопасна по животот, и неодамна однесе еден човечки живот, од Вмро НП ги посочуваат  неквалитетно поставените шахти,...

Продолжи со читање

МЈП Проаква годинава ќе изгради нови улични хидранти на повеќе локации во Стар град

Post Views: 177 МЈП Проаква планира изградба на нова хидрантска инсталација во стариот дел на градот. Плановите на ЈП се со новата хидрантска инсталција да се опфатат некои покритични локации како на пример потегот кон Канео или пресекот на улиците Нада Филева и Аргир Маринечев, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква. „ Моментално има 5 хидранти во стариот дел на градот кои се обележани на шахтите, но да бидам искрен и тие се во незавидна состојба. Ќе работиме да ги санираме и нив и ќе поставиме уште неколку нови. Имаме проблем со спецификите на теренот каде се...

Продолжи со читање

Новиот сој Омикрон излолиран кај стружанец

Post Views: 155 Новиот сој Омикрон изолиран и во нашиот регион. Епидемилогот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Центарот за јавно здравје Охрид,  информира дека во декември го изолирале новиот сој на вирусот кој брзо се шири во светот.Омикрон не е изолиран во Охрид, но има случај во Струга. Изолиран е кај едно лице во Струга пред една недела. Од овде е, но дошол во контакт со роднини од странство – истакна Стурлакова Коровешоска.Во општина Охрид расте бројот на семејни кластери инфицирани со ковид 19, укажува на епидемиолошката состојба д-р Стурлакова Коровешоска....

Продолжи со читање

Проодни патните правци кон Охрид по водениот снег кој наврна синоќа

Post Views: 169 Паднати бандери, електрични кабли и дрва од кабелските оператори е епилогот од синоќешните снежни врнежи кои паѓаа во охридскиот регион и во Дебрца. Влажниот снег направи краткотраен прекин во патниот сообраќај и прекин во напојувањето со електрична струја во планинските населени места. Сеуште без струја се села во Дебрца и во охридско. Без струја се селата Опеница, Куратица, Завој,Речица, Свиништа, Ливоишта, Вапила, информираат од ЕВН Македонија. „ Во моментов се работи на одстранување на дефектите и во Мешишта, Песочан, Арбиново, Требеништа, Оровник , Подмоље....

Продолжи со читање

Министерството за култура ги кастри финансиите за културните институции и манифестации во Охрид

Post Views: 160 Министерството за култура ги кастри финансиите за културните установи и манифестации во Охрид.Националната установа фестивал „Охридско лето“ наместо 53 милиони денари, колку што побарала од Министерството за култура, ќе добие 23 милиони денари или околу 374 илјади евра. Толку е предвидено со Програмата за културно уметнички манифестации за 2018 година, што деновиве јавно ја презентираше министерот за култура Роберт Алаѓозоски. Се очекува во нареднот период фестивалот да ја објави програмата за 58-то издание кое ќе се одржи во вообичаениот термин од 12 јули до 20...

Продолжи со читање

Охрид нема слободни станови за социјално загрозените семејства

Post Views: 242   Од министерството за транспорт и врски најавуваат распределба на 79 станови за најранливата категорија граѓани во земјава. Од расположливите станови во 16-тина македонски градови ќе бидат доделени 59 станови на семејства во социјален ризик, а 20-тина на лица со ниски примиња. Огласот за доделување на социјални станови ќе биде објавен идниот месец, но охриѓани кои бараат кров над глава со помош на дражавата нема да можат да го решат станбениот статус. Охрид го нема на таа листа. Во моментов нема ниту еден слободен стан за социјално загрозените семејства, информираат...

Продолжи со читање

Делбата на имотот доведува до семејни кавги меѓи родителите или наследниците

Post Views: 124 Делбата на имот многу често доведува до семејни кавги меѓи родителите и наследниците. Поделбата на имот често ги загрозува семејните односи, посочува Катерина Василеска од Локалната Агенција  за развој. Тие заедно со здружението Јустиција организираа предавање на тема „ Имотно правни прашања“ во рамките на проектот „ И старите можат“ . Ова е многу важна тема за повозрасните граѓани кои во еден момент од животот мора да одлучат што ќе прават со нивниот имот и како да се заштитат себе си, напоменува Василеска. „Ова е една горлива тема и еден од најголемите проблеми...

Продолжи со читање

Во Охрид се множат туристичките агенции ама голем дел од нив не се активни

Post Views: 142 Во пораст е бројот на лиценцирани туристички агенции во Охрид. Во јавноста се споменува број од 25 -тина лиценцирани агенции. Некои од нив не се познати, а некои работат од дома, посочуваат туристичките агенти кои се долги години во оваа дејност. Сега ќе се бараат измени во Законот за туристичка дејност во делот за лиценцирање на агенциите. Агенциите да не ги добиваат лиценците трајно, туку да имаат ограничено времетраење, укажува Олег Маленко, долгогодишен туристички агент од ТА „Виспој“. „Има доста пропусти во Законот каде ќе се лиценцираат па ги испуштаат вработените...

Продолжи со читање