Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охрид е домаќин на „ Гастро турата 2019“

Post Views: 4 Во рамките на настанот „Гастро тура – 2019“ во Охрид се присутни Џорџо Дијана , шеф со Мишелин ѕвезда и Андреа Бијаџини консултант и сопственик на „Food & Lifestyle“ . Настанот е во организација на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство Охрид и Туристичкиот кластер ЕДЕН. Гостите од Италија ќе одржат Mастер класови за студентите по гастрономија, готвачите, менаџерите и сопствениците на охридските угостителски објекти. Угостителството е важен дел од еден комплетен туристички производ и токму затоа треба постојано да се преземаат мерки за...

Продолжи со читање

Пчеларите и понатака ќе добиваат поддршка од ресорното министерство

Post Views: 6 Федерацијата и здруженијата на пчелари од земјава и понатака ќе добиваат финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Љупчо Николоски, ресорниот министер вели влегуваме во процес на знаења и размена на искуства во област на пчеларството со словенечкото министерство. „На секој можен начин ќе ги поддржиме пчеларите преку субвенционирање и техничка поддршка, но и разни други начини, нови мерки и развојни политики. Разговаравме и со словенечкото ресорно министерство и ни требаат позитивни исксуства од останатите земји“, најавува...

Продолжи со читање

Успешно спороведена теренската активност за вакцинација на училишни деца против морбили

Post Views: 5 Заврши теренската активност за вакцинација на училишни деца против морбили која ја спроведе вакциналната служба при Здравствен дом Охрид. Директорите на сите општински училишта беа кооперативни во овој процес и добивме податоци за сите ученици од 1-во до 9-то одд чиј број изнесува 4020, инфромира д-р Соња Мариноска ,раководител на одделението за вакцинации. Со помош на патронажната служба се проверени вакциналните картони на сите деца. До училиштата беа испратени покани и формулари-изјави за родителите дали прифаќаат или одбиваат вакцини. Вакцинацијата се врши...

Продолжи со читање

Во чест на Меѓународниот ден на пчелата се одржа словенечко-македонски појадок

Post Views: 5 Во охридското училиште „Братство Единство“ се одржа македонско- словенечки појадок во знак на одбележување на Меѓународниот ден на пчелата. Од минатата година на иницијатива на Словенечкотo министерство за земјоделие 20 мај се одбележува како светски ден на пчелата. Нашата земја е поддржувач на овој ден на традиционалнитe пријатели од оваа земја. Мултиетничкото основно училиште Братство-Единствo беше домаќин на настанот. По тој повод , Џемал Мехмед , директор на ОУ ги поздрави гостите, амбасадорот на РС Милан Јазбец, словенечкиот министер  за земјоделие Александра...

Продолжи со читање

Охридските основци го стартуваа третото издание на „Охрид трчат“

Post Views: 4 Со училишната трка Атлетскиот клуб „Охрид трчат“ по трет пат ја стартуваше спортската манифестација. Охридските основци го означија почетокот на спортските трки. Денешната трка имаше добар одзив кај учениците и беше поделена во три категории. Некои од учениците трчаа прв пат, а некои веќе биле дел од манифестацијата „Охрид трчат“. Овој пат основците трчаа по градскиот кеј, а победниците на трката Зоран Стоески од ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, Климент Филев од ОУ„Св. Климент Охридски“ , Владимир Пердулоски од ОУ „Живко Чинго “од Велгошти и Мандуле Далипоска од...

Продолжи со читање

Охридските овоштари ги фрлаат скапаните јаболка кои не успеаа да ги продадат

Post Views: 7 Охридските овоштари почнаа да го фрлаат непродадениот род на јаболка и да ги чистат магацините. Стовариштата за јаболка се полни со плодови кои скапуваат. Оваа година беше тешка за прозиводителите скоро и да немаше откуп на јаболка или пак се откупуваа по енормно ниски цени, вели охридскиот овоштар Ванчо Стојаноски. Многу фактори придонесоа родот да остане непродаден и да скапува по магацините, кажува Стојаноски. И додека едните се лутат на државата што нема пласман и бараат помош за полесно да ги пребродат загубите, Стојаноски повикува на менување на свеста кај...

Продолжи со читање

Охридски парамедици се стекнаа со искуства во Холандија

Post Views: 8 Четири матурантки од медицинските паралелки при средното стручно училиште „ Св. Кирил и Методиј“, како парамедици се стекнаа со искуства од престојот во Холандија. Станковска Мартина, Елена Симјановска, Елена Маркоска и Петровска Емилија како најдобри на спроведената обука за парамедици на ОО ЦК и Холанскиот национален здравствен систем имаа можност за 7 дневна работна посета на тамошни институции. Младите медицинарки по престојот во оваа западноевропска земја се вратија дома со силни импресии од она што има можност да го видат и научат таму .„ Работевме во...

Продолжи со читање

Минарето на Али Пашината џамија продолжува да се гради, а Михаил Трендафилов Нанче , претседателот на ЗГ „Совест“ поднесе оставка од функцијата

Post Views: 4 Во знак на морална одговорност заради фактот што и понатака нелегално се гради минарето на Али Пашината џамија, Михаил Трендафилов Нанче поднесе оставка од функцијата претседател на ЗГ „Совест“. На прес конференција Нанче кажа дека се разочарани од непостапувањето на институциите од кои бараат спроведување на законот за нелегалната градба. „ Згрешивме сметајќи дека тие се оние кои кочат. За жал доцна сфативмe дека не е проблемот во непостапување на институциите туку во замешанноста на политиката. Бевме наивни го откажавме масовниот протест со цел мирно да...

Продолжи со читање