Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Изменети локациите на две гласачки места во Охрид

Post Views: 5 Подрачното одделение на Државната изборна комисија ги привршува сите подготовки за претстојните локални избори. Охриѓани ќе гласаат на 88 избирачки места од кои 86 избирачки места остануваат на истите локации додека за две ќе има измени. Гласачите од улицата Лазо Трпоски и граѓаните од избирачкото место 1256 во објектот на пожарна на локалните избори своето граѓанско гласачко право ќе го остварат на други локации, информира Марга Димковска, раководителка на ПЕ ДИК.Гласачите запишани избирачкото место 1256 ќе гласаат во основното училиште Братство Единство, во...

Продолжи со читање

Општина Охрид го одбележа Денот на Европа

Post Views: 5 Се одбележа 9 мај Денот на Европа на пригоден начин во општина Охрид. Нашата желба и надеж е дека во спроведување на реформите вродуваат со плод и дека РС Македонија наскоро ќе биде рамноправен член на европското семејство, рече градоначалникот Константин Георгиески во обраќањето пред присутните. Охрид како крстосница на цивилизациите и столб на кој е изградена Европската унија е место од каде испраќаме повик за зачувување и негување на општите човекови и хуманистички принципи, рече Георгиески. „ Ние сме се чувствувале и се чувствуваме како дел од Европа каде што...

Продолжи со читање

Охриѓани се хумани помагаат на сограѓаните во социјален ризик

Post Views: 6 Над 1000 волонтери на ОО на Црвениот крст секојденвно помагаат во најразлични ситуации. Од ОО ЦК се соочуваат со различни потреби на граѓаните од Охрид и Дебрца кои се нашле во ситуација на социјален ризик, вели Сашо Точков претседател на ОО ЦК. „ Најповеќе се бараат прехранбени производи.Во последно време и помош за здравсвтена заштита за оперативни зафати, билети за Скопје, Софија, Белград каде што треба да се врши некоја хируршка интервенција на пациенти или барања за оперативни зафати на деца. Имаме хуманитарни акции кои ги организираме за да им помогнеме на...

Продолжи со читање

Горан Папаз со групата „ Агапе“ ќе имаат настап пред папата Франциск

Post Views: 7 Горан Папаз, познатиот саксафонист од Охрид, заедно со црковната музичка група „Агапе” утре ќе настапат пред папата Франциск. Папаз ќе свири саксафон соло на три песни со текстови во кои се слави името на Господ. Охридскиот музичар пред утрешниот настап, за кој добил покана од Дон Давор, споделува какво е чувството да се свири пред гостин од таков висок ранг како што е Папата, кој за прв пат доаѓа во посета на нашата земја.„Бев изненаден. Јас сум православен христијанин и очекував дека тоа ќе биде затворен круг внатре кој ќе го водат тие. Не очекував дека ќе бидат...

Продолжи со читање

Во недела масовно да излеземе да гласаме за борјот 3 и 7 и да обезбедиме сигурна и стабилна иднина , порачаа социјалдемократите од Охрид

Post Views: 4 Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на државата поддржан од СДСМ и Коалицијата и претседателот на СДСМ Зоран Заев од Охрид ги повикаа граѓаните масовно да излезат во недела, на 5 мај, да го искористат правото на глас и да дадат поддршка за кандидатите за градоначалник и за претседател на државата за да продолжи напредокот. Пендаровски истакна дека дополнително ќе се интензивира процесот на интеграција во НАТО и ЕУ, бидејќи како што кажа, доказ за тоа е силната поддршка на нашите пријатели во светот, предводени од САД. Во недела да ја искористиме шансата...

Продолжи со читање

Пецаков: Охрид град на спортот, спортските работници и спортисти

Post Views: 3 Со концептот „За убав град“ наша заложба е создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид како спортски град , на прес конференција порача Кирил Пецаков координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Најави Младинско спортско лето – Спорт за младите, спорт за сите. „ Целта ќе биде во летниот период анимирање и организација на повеќе спортски настани и презентација на различни спортови. Организација на меѓународен ракометен турнир за сениорски и младински категории. Возобновување на ракометниот турнир кој се...

Продолжи со читање

Сопствениците на објекти кои претрпеа штети од ланското невреме оптимисти дека ќе добијат обесштетување

Post Views: 3 129 правни и физички лица чекаат на обештетување од државата по претрпените штети кое ги предизвика силниот ветар со брзина од 100 км/час, високите бранови и обилните дождови во март 2018 година. До општинската комисија за проценка на штети пристигнале 109 барања од физички лица, а останатите се од правни лица. Сопствениците на платформи кои претрпеа штети од силното невреме дел од штетите надоместиле со сопствени средства, но очекуваат и помош од држвата. „ Јас очекувам дека ќе го реши и општината и Републиката, Владата. Имаме други  лоши  искуства, но се...

Продолжи со читање

На Меѓународниот Ден на трудот охридски синдикалци дел од маршот во Скопје

Post Views: 8 На Меѓународниот Ден на трудот 80-тина охридски синдикалци беа дел од денешниот марш во Скопје. Македонските синдикалци под мотото Нашиот глас – гласот на работниците, “Не може да се одлучува за нас, без нас” испорачаа барања до Владата. Стевчо Маслов, секретар на подрачната канцеларија на ССМ Охрид, напоменува дека бараат ефикасна и брза реализација на работничките права наведени во манифестот кој го доставија до премиерот и министрите за финансии и труд и социјална политика. „ Договори за вработување на неопределено време, стоп за договорите на определено време...

Продолжи со читање