Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Хотелиерите очекуваат поддршка од Локалната самоуправа и Владата

Post Views: 146 Краткорочни и долгорочни барања испорачале охридско – струшките хотелиери до локалната и централните власти. Досегашните резулатити во туристичката гранка покажуваат дека има потреба од менување и следење на потребите на гостите, напоменува Крсте Блажески претседател на Хотам. На последната средба која хотелиерите ја имале со охридскиот градоначалник Јован Стојаноски му ги презентирале проблемите на кои треба да се работи за да се зголемат приходите во стопанската гранка како што е туризмот. Крсте Блажески претсдателот на ХОТАМ наведува еден дел од тие барања. „...

Продолжи со читање

Охридскиот Ротари клуб донираше нов клима уред на детското одделение во Општа болница

Post Views: 100 Детското одделение при Општа болница Охрид доби нов клима уред. Станува збор за донација која ја обезбеди охридскиот Ротари клуб, информира претставникот, познатиот педијатар д-р Никола Филев. Покрај, Ротари клуб активно се вклучи и фирмата Елма од Охрид.Тие заедно се погрижија за подбрување на болничките услови во болницата. „Во последно време го пратиме работењето на одделението и приметивме дека греењето им е послаба страна во зимскиот период. Направивме акција со поставување на нов еркондишн, а старите ги ревитализиравме. Сега условите се попријатни за колегите...

Продолжи со читање

Остра реакција од струшкиот Музеј за Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“

Post Views: 139 Денешната прмоција на Монографијата  посветена на „Д-р Никола и Софија Незлобински“ беше повод и за остра реакција од директорот,  на Националната установа  Музејот „Д-р Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски.  На прес конференција Цветкоски упати  обвинување до авторите дека присвоиле документи, материјали,  фотокопии и факсимили сопственост на НУ.„ Објавувањето на оваа книга, факсимилите и материјалите се сопственост на Музејот и дел од неговиот легат. Авторите ни ги присвоиja и објавија без довола на Националната установа и стручниот колегиум на институцијата, иако...

Продолжи со читање

Во Вевчани започнаа карневалските денови

Post Views: 138 Во Вевчани започна традиционалниот Василичарски карневал. Манифестацијата има вековна традиција, а во маскирањето учествуваат над 40 проценти од 2000 жители на Вевчани. Општествено политичките случувања кај нас и во светот и годинава беа инспирација за василичарите да имаат креативни и критички маски во дефилето. Вевчанскиот карневал привлече голем број туристи од земјава, но имаше посетители од Србија, Бугарија , Турција. Покрај бројните туристи кои допатуваа во Вевчани беа присутни политичари и дипломати од странските амбасади. Сите присуствуваа со желба да се...

Продолжи со читање

Објавена монографија за животот и работата на Д-р Никола и Софија Незлобински

Post Views: 159 Промовирана Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“,  од авторите Д-р Стојан Ковачески и историчарот Проф Д-р Марјан Димитриевски. Оваа книга е за брачниот пар Незлобински кои на почетокот од 20 век емигрираат во  Кралството СХС за после неколку години да добијат преместување во Струга. Д-р Никола Незлобински  е  првиот лекар во овој град кој се зафатил со сузбивање на маларијата и останатите заразни болести кои коселе низ населението на овие простори. Бил иницијатор за изнаоѓање на чиста вода за пиење,  мелоризација на блатото и сузбивање на ларвите на комарците. ...

Продолжи со читање

Одржана средба меѓу охридскиот градоначални Стојаноски и хотелиерите

Post Views: 230 Градоначалникот Јован Стојаноски ги слушна размислувањата и потребите на охридските хотелиери и туристички субјекти. Средбата e  иницијатива на Локалната самоуправа со цел за организиран настап на престојните туристички саеми, изјави охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. „ За да имаме организиран настап ќе одиме на зацртана агенда на Локалната самоуправа да разговараме со дирекните актери со бизнис секторот. Да разговараме што треба да направи општината за да имаме добар настап , а првичната цел на разговорот е да утврдиме на кои се целни пазари кои општина...

Продолжи со читање

Ретко кој граѓанин пали возило за градежниот отпад да го одложи на депонијата Буково

Post Views: 139 Купишта градежен шут секојдневно осамнуваат покрај патот кој води до Велестово. Охриѓани и сопствениците на недвижнини во Охрид кои градат или реновираат и понатака продолжуваат со старите навики и од шутот се ослободуваат растоварајќи го покрај патиштата. Овој пат на удар е НП над бензиската пумпа Билјанини извори како најблиска дестинација за да се ослободат од шутот. Од ЈП „Охридски  Комуналец“ се согласуваат дека ова е сериозен проблем за градот. Напоменуваат дека со одлука е забрането одлагање на градежен шут на Мауцкер, а граѓаните, до изнаоѓање на нова локација,...

Продолжи со читање

Охридските пожарникари за една недела интервенирале 5 пати

Post Views: 134 За една недела охридските пожарникари изгасиле 5 пожари. Од нив 4 интервенции биле гасење на оџаци, а се гасел и еден запален контејнер. Од кога почна грејната сезона од 15 октомври до денес, пожарникарите интервенирале на гасење на 26 оџаци претежно во градските населби, информира Горан Маркоски заменик командир на охридската територијалната противпожарна единица. Од оваа бројка 19 оџаци гореле на индивидуални куќи, а останите биле во колективни згради. „Споредено со лани во грејната сезона ова е податок кој охарбрува. Се бележи намалување на интервенциите. Веројатно...

Продолжи со читање

Православните ортодоксни христијани го слават Божиќ, Христовото раѓање

Post Views: 236 Охридските храмови по повод Божик, Христовото рождество беа преполни со верници. Црквата Св Никола во населбата Долна Влашка маала беше исполнета со голем број верници кои присуствуваа на божествената литургија. Граѓаните кои со молитва и пост во изминатите шест недели се подготвува за овој голем христијански празник, ја примија светата причест. Меѓу возрасните, голeм беше и бројот на дечиња од различни возрасти кои присувуваа на литургијата и исто така се причестија, а при тоа добија и новогодишни пакатечиња. Отец Сашо Ристески, парохиски свештеник од овој храм...

Продолжи со читање

Семејството Арнаудови доделува приватна стипендија за охридските студенти на медицина

Post Views: 440 Семејството Арнаудови парично ќе ги наградува охридските студенти по медицина кои покажале врвни резултати по предметот анатомија. Охридскиот студент Виктор Трпчески е првиот добитник на оваа приватна стипендија. Идејата на семејството Арнаудови е да ги поддржи охридските студенти по медицина без разлика на кој универзитет студираат. Михајло Арнаудов кажува од каде потекнува идејата за доделување на стипендијата и се навраќа на споменот на неговиот дедо од далечната 1923 година. Раскажува дека неговиот дедо Благој заминал на студии по медицина на престижниот минхенски...

Продолжи со читање

Охридскиот новинар Милчо Јованоски ја доби наградата Најдобар новинар за 2017 година

Post Views: 136 Охридскиот новинар Милчо Јованоски е добитник на наградата Најдобар новинар за 2017 година. Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија, од Скопје, му го врачи ова признание на 27 декември, на годишната прослава на Европскиот институт во Скопје. За наградата Јованоски вели дека било изненадување кое не го очекувал, а драго му е што тоа е доказ дека сепак, некој го цени новинарскиот труд. Милчо Јованоски зад себе има долг стаж со кој го печел новинарскиот занает. За наградата ќе рече дека се должи на неговиот целокупен новинарски ангажман во изминативе 35...

Продолжи со читање

Мерко:Рамномерен регионален развој на југозападниот плански регион

Post Views: 99 Центарот на југозападен плански регион работи 10 -тина години и со Стратегијата за рамномерен развој до 2019 година се предвидува да се зголемуваат средствата за планските региони, информира Рамиз Мерко претседател на југозападниот плански регион. Годинава, тоа ќе биде приоритет за струшкиот градоначалник кој е на чело и на овој плански регион. „Законот за рамномерен регионален развој е со европско знаме. Европа е заинтересирана да се унапреди и имплементира Законот. Тоа е 1 процент од бруто домашниот прозивод, некаде од 80 до 100 милиони денари годишно да се делат...

Продолжи со читање