Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Започнаа теренските проверки и вакцинации во охридските училишта

Post Views: 3 Вакциналните служби ја започнаа реализацијата на наредбата од Министерството за здравство за спречување на епидемијата од морбили која е прогласена во земјава. Се прават проверки во вакциналните картони во службата за вакцинации , но и теренски активности во охридските основни училишта за учениците до 14 години, информира д-р Соња Мариноска,раководител на службата за вакцинации. Денес, вакциналниот тим беше на терен во ОУ„ СВ Климент Охридски“ каде што проверките протекоа во најдобар ред, а за тоа приодонес имаа директорот на училиштето Наташа Танеска и...

Продолжи со читање

Пчеларите апелираат внимателно со употреба на инсектициди

Post Views: 2 Пчелите се помалку ги има во овоштарниците во фаза на цветање и опрашување на дрвата. Одгледувачите на пчели постојано се соочуваат со грижи за опстанокот на пчелите. Сега стравуваат за безбедноста на пчелните семејства по сознанието дека на македонскиот пазар годинава го нема инсектицидот Маврик. Овој хемиски препарат не е штетен за пчелите за разлика од други видови на инсектициди кои ги користат овоштарите во фаза на цутење на овошките. Пчеларите, стравуваат доколку овоштарите применат други препарати може да доведат до помасовно угинување и ќе го загрозат...

Продолжи со читање

Георгиески : Охридските советници имаа успешен 4-годишен мандат

Post Views: 4 „Рационални одлуки, дискусии и меѓусебно почитување го одбележаа функционирањето на градскиот Совет во текот на изминатите 4 години“, истакна градоначалникот Константин Георгиески на денешната свечена седница по повод завршување на мандатот на советот.Донесовме одлуки за формирање на Јавно претпријатие, решавање на проблемите со колекторскиот систем, многу одлуки во интерес на граѓаните. Честопати знаевме да изградиме и консензус како опозиција и власт. Поминавме турбулентен период за градот, но турбулентен и за мене како личност, почнав како советник, завршив...

Продолжи со читање

Нанче: Изградба на меморијален центар на културите во Охрид

Post Views: 22 На денешната прес-конференција Михаил Трендафилов- Нанче кандидат за градоначалник на Охрид, од редовите на Граѓанско Демократска Унија уште еднаш во својата кампања се наврати на темата за Али Пашината џамија за која вели дека била еден од мотивите да се кандидира за градоначалник. Охрид е симболот на Македонија. Не смее да се обележуваат територии со градење на 32 метарско минаре, со една единствена цел демонстрација на моќ, посочи Нанче. „ Јас имам решение за проблемот, изградба на меморијален центар на културите. Јас и партијата што ме поддржува немаме ништо...

Продолжи со читање

Милошевски најави низа проекти за поддршка на младите

Post Views: 4 Грижата за младите луѓе претставува грижа за иднината и затоа со програмата „За убав град“ за младите има повеќе проекти, рече Митре Милошевски на денешната прес конфернција. Најави изградба на 40 станови за млади брачни парови, стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци. „ Целта на проектот е мотивација на најдобрите учиници, основци, средношколци и студенти да продложат во научното инвестирање. Со ваквиот тип на субвенционирање се вложува во домашниот буџет и се поттикнуваат децата на...

Продолжи со читање

Охрид СОС: Испорака на нови барања и забелешки од Унеско од јунскиот состанок

Post Views: 4 Нови барања и забелешки очекуваат од граѓанското здружение СОС за македонската Влада од страна на Унеско од состанокот кој ќе се одржи во јуни во Баку, каде што ќе заседава Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. Таму ќе се решава дали Охрид ќе го стави на листата на културно и природно наследство во опасност. Пред година и пол беа испорачани 20 барања според забелешки кои не се во согласност со критериумите на Унеско, за градот и Езерото да не бидат ставени на листата на загрозени подрачје под заштита на Унеско. 8 април беше крајниот рок за доставување на...

Продолжи со читање

Проекти за полесна пристапност до општинската зграда за лицата со попреченост дел од програмата на Георгиески

Post Views: 9 Проекти за полесна пристапност на лицата со попреченост до општинската зграда, најави Рената Арнаудова од ЛДП , на прес конференција на која презентираше дел од изборната програма на Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ. Арнаудова најави адаптација на општинската зграда со поставување на лифт со платформа за лицата со попреченост и опремување на салата со посебни пултови за инвалидски колички. За потребите на учениците со попреченост од ОУ Св. Климент Охридски, пак ќе се набави електромоторен транспортер за инвалидски колички. „ Планираме да...

Продолжи со читање

Милошевски најави подобрување на патната инфраструктура

Post Views: 5 Патната инфраструктура и транспортот се лицето на градот, истакна Митре Милошевски,кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне на денешната прес конференција. Изградбата и одржувањето на локални патишта овозможува одржлив развој на градот како туристички центар и услови за безбеден и динамичен сообраќај и најави реконструкција и изградба на улици. „ Абас Емин, АСНОМ, Егејска и Македонски просветители, изградба на улиците:  Јордан Мијалков, 7 Ноември, Јане Сандански, 1 Македонска ударна бригада. Поплочување и одржување на тротоари и улици:  асфалтирање на улиците...

Продолжи со читање