Автор: Валентина Неловска
Post Views: 123 Во 11 часот и 49 минути на одделението на гинекологија на свет дојде првиот жител на Охрид во 2018 година. Мајката Катерина Глигороска роди машко бебе. Бебето е трето дете во семејството Глигороски. За текот на породувањето се погрижи медицинската екипа на чело со д-р Мимоза Влаши. „Првото бебе во 2018 е машко од мајка третородка спонтано породена со телесна тежина од 3520 грама и должина 51 цм. И бебето и мајката се во добра состојба. Има и второ новороденче женско од мајка третородка со царски рез. И двете родилки се во добра состојба“ кажа д-р Влаши. Два часа...
Стартува скрининг програма за рано откривање на рак на дебело црево
Post Views: 104 Од денес стартува скрининг програма за рано откривање на карцином на дебело црево. Тестирањата ќе се спроведуваат во Центарот за јавно здравје, а упатите ќе ги издаваат матичните лекари, информира Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје. Тестовите со мостри кои го откриваат заболувањето ќе се предаваат во Центарот за јавно здравје секој работен ден од 8 до 13 часот, а резултатите ќе бидат готови за половина час. „Тестовите, тубите, епруветите каде што треба да се стават материјалите од три последователни столици се кај матичните лекари во амбулантите....
Незаборавен дочек на Новата година и на градскиот плоштад во Охрид
Post Views: 103 Охридскиот плоштад беше преполн со гости кои Новата 2018 година ја дочекаа на отворено. Забележливи беа многу весели и распеани лица, богата програма и задоволни гости и домаќини. Охрид беше преполн со туристи кои допатуваа за новогодишниот дочек од околните земји, а најбројни беа гостите од соседна Србија. Градот блескаше во својата магична новогодишна декорација и кај присутните влеваше надеж и оптимизам за подобра и посреќна 2018-та година. Од градскиот плоштад се обрати градоначалникот Јован Стојаноски од каде упати желби за многу здравје, успех и благосостојба...
Во Охрид дочекот на новогодишна ноќ протече мирно
Post Views: 113 Дочекот на најлудата ноќ во Охрид протече мирно. За среќа не се забележани сериозни повреди од сообраќајни несреќи или тепачки. Од хируршкото одделение при Општа болница Охрид информираат дека дежурната медицинска екипа во текот на ноќта имала две интервенции. Тимот на чело со дежурниот лекар интревенирале кај паценти повредени во две одделни тепачки, од кои едната повреда била од нож. Охриѓани и гостите биле умерени во јадење и пиење според информацијата од службата за итна медициска помош. д-р Ана Неделкоска, раководител на Службата за итна медицинска помош, информира...
Отворен нов маркет од брендот Стоп Шоп
Post Views: 110 Брендот Стоп Шоп го прошири ланецот маркети со нов продажен објект. Менаџерите, на барање на граѓаните, ја одбраа населбата Долна Влашка маала, пресекот на улиците Партизанска и Славеј Планина во близина на црквата Св. Никола. Менаџерот Горан Јованоски вели дека маркетот се наоѓа на најдобрата туристичка локација каде што има голем број апартмани и хотели и каде што се чувствувал недостиг од брендиран продажен објект. Најавуваат дека ќе работат со пролонгирано работно време. „Најавата е да се работи до 1 часот. Тука се наоѓаат пабови кои се дел од ноќниот живот....
Бојкот на наставата најавуваат родители на ученици од ОУ Св. Климент Охридски
Post Views: 94 40-тина родители чии деца учат во ОУ Св Климент Охридски се закануваат со бојкот на наставата доколку не се задржат и понатака на работа одделенските учителки Маја Маленко и Лидија Ристеска, како и логопедот и дефектолог Билјана Аслимоска. Трите просветни работнички биле ангажирани во училиштето со договор на дело. Родителите на првачиња и деца со посебни потреби кои учат во ова училиште сакаат и понатаму во образовниот процес да се грижат досегашните учителки. Тие се повикуваат на нивната стручност и професионалност и напоменуваат дека нема да дозволат да се игра...
Организиран пред новогодишен базар во основното училиште „Григор Прличев“
Post Views: 91 Предновогодишната атмосфера денес се чувствуваше и во основното училиште „Григор Прличев“. Раздвижени и весели беа учениците од 1 до 5 одделение на традициналниот училишен базар кој се одржува во овој период од годината, а каде ги продаваа своите изработени декорации. Одржувањето на ваков вид базари на кои се продаваат различни изработки од учениците, наставниците и родителите има повеќе придобивки, напоменува Офелија Петреска, директор на основното училиште „Григор Прличев“. Се развиваат креативноста, дружењето и хуманизмот, подвлекува Петреска. „ Парите се наменети...
ОК на Вмро Дпмне упати остри критики на адреса на директорот на ЈП Градски гробишта
Post Views: 216 Остри критики за работењето на Татјана Дамјаноска, директор на ЈП Градски гробишта упати Перчо Божиноски портпарол на ОК Вмро Дпмне на денешната прес конференција. Божиноски , во своето обраќање го нападна СДСМ кажувајќи дека нивните кадри како партиски послушници предизвикуваат хаос. На адреса на Дамјаноска се бара одгворнот затоа што побарала ексхумација на гроб од свештено лице и не дозволила закоп додека не се плати гробното место. Обвинуваат дека со тоа го прекршила Законот за гробишта и погребални услуги. „ Директорката на ЈП „Градски гробишта“, Татијана Дамјаноска...
Охриѓани од дното на Охридското езеро ја упатија новогодишната честитка
Post Views: 142 Првата новогодишна честитка охриѓани ја испратија од дното на Охридското езеро. Кај заливот на коските, 10 -тина нуркачи, по втор пат, новогодишната порака за 2018 година ја посветија на децата со ретки болести. Нуркачите упатија искрени честитки за нивно добро здравје и надминување на здравствените потешкотии, a општеството да има повеќе слух за нивнит е потреби. „ Ова е еден наш придонес за нивна афирмација, подобро да бидат прифатени и со цел општеството да им помогне“, изјави д-р Горан Балевски од Клубот за подводни активности Охрид. Традицијата за поставување...
Во комплексот Кам Вилиџ отворен хотел
Post Views: 163 Отворен нов хотелски објект во Охрид. Хотелот според угоститеските стандарди е од висока категорија со 4 ѕведи. Располага со капацитет од 39 соби. Од нив 31 соба се двокреветни, 2 еднокреветни, 1 фамилијарна и 5 делух, информира Виолета Анѓелеска директор на Кам Вилиџ. „Сакам да напоменам дека објектот е бизнис хотел. Има конференциска сала со 60 места , современо е опремен со видео бимови, модерно лоби, конференциска сала. Може да се употребува за деловни состаноци, семинари и конгреси“, вели Анѓелеска. Трговскиот комплекс каде што се наоѓа хотелот е модерно дизајниран...
Охрид се подготвува за организиран дочек на Нова Година
Post Views: 102 Охрид се подготвува за организиран дочек на Нова Година.Планираните проекти не се можни заради потрошените буџетски средства и завршените постапки за објавување на тендерските постапки, а како резултат на пролонгираните локални избори и незгодниот период од преземањето на локалната самоуправа, вели охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. Стојаноски, сепак најавува интересни содржини и дочек на новогодишната ноќ на градскиот плоштад. „ Ѕвезда нема да има огарничени сме со буџетските средства, а од друга страна беше прекраток периодот да се договориме со локалната...
Започна сечењето на исушените палми
Post Views: 98 Од ЈП „Охридски комуналец“ започнаа да ги одстрануваат исушените палмини дрвца. Засега се исечени десетина стебла на неколку локации. Одстранети се палмите на охридскиот кеј и в долж пешачката патека Студенчишта. За палмите да бидат одстранети се чекаше да биде формирана општинската Комисија за сечење дрва за да се добие налог за нивно одстранување. По направената проценка од стручните лица треба да се исечат и одкорнат околу 70 -тина стебла од посадените 100-тина палми. Од ЈП Комуналец информираат дека нови садници ќе бидат засадени напролет. Се размислува за неклку...