Автор: Валентина Неловска
Post Views: 124 Близу 943 милиони денари или околу 15,5 милиони евра тежи нацрт буџетот на општина Охрид за 2018 година. Со тринасет гласа за и со 10 воздржани охридксите соевтници го усвоија нацрт буџетот за претстојната година. Буџетот за 2018 година е помал за разлика од минатата година кога тежеше околу 1 милјарда и 128 милиони евра. Сoветниците од опозицијата за некои нацрт развојни програми од буџетот упатија критики и прашања. Градоначалникот Јован Стојаноски кажа дека е срамно што досега претходницте не изработиле главни проекти кои би се финансирале во 2018 година. Градоначалникот...
Вртоглав раст на цените на становите на охридското крајбрежје
Post Views: 244 Вртоглаво растат цените за метар квадратен на становите и апартманите во Охрид и крајбрежјето. Расте побарувачката за купување недвижности, а се зголемуваат и цените. Пазарот на недвижности бележи промени во изминатите три години, укажува Наташа Цветкоска Спасеска од Агенцијата за недвижности „Капитал“. Посочува дека според податоците од Народна банка растот на недвижностите во Македонија е за 11 проценти поголем, а во Охрид и повисок. Покрај влијанието на економскиот фактор како што се понудата и побарувачката врз зголемување на цената за метар квадратен се рефлектираат...
Дефект на колекторскиот систем кај Далјан причина за синоќешните поплавени улици
Post Views: 118 Дождот кој паѓаше изминативе два дена иво Охрид наврна 90 литри на м2 предизвика поплави на градските улици. Причина за поплавите покрај големото количество на дожд било и затајување на колекторскиот систем. Запушен ситем кај Даљан предизвика поплави на улиците Галичица, Дејан Војвода, Коста Абраш, Даљан, Лескајца, Железничка, Македонски просветители, Партизанска, Даме Груев , информира директорот на ЈП Нискоградба Гоце Ѓоршески. Додава дека екипите на ЈП Нискоградба и Проаква интервенирале и успеале да го пробијат колекторскиот систем. „Тие проблеми се повторуваат...
За физичкиот развој на децата од охридските градинки се грижи професор по спорт
Post Views: 127 Децата згрижени во охридските градинки стекнуваат здрави и спортски навики од најмали нозе. За нивното физичко здравје се грижат воспитните тимови од градинката и стручно лице, информира Мери Рилкоска директор на градинката Јасна Ристеска. „ Во моментов имаме и професор кој со проект е вработен во градинката и изведува часови по физичко. Покрај дневните активности кои ги имаме во градинката има и различни други спортски активности кои се во рамките на детската недела или спортски активности како што се игри без граници “, напоменува Рилкоска. Со ангажманот на...
На Туристичка се садат јавори и јасени, а врби наместо исушените палми
Post Views: 141 На Булевар Туристичка, на потегот од улицата Стив Наумов до сообраќајната клучка денес беа засадени првите стебла јавор. Набавени се 160 стебла од видовите јасен и јавор. Со тоа ЈП Охридски комуналец започнува да го обновува дрворедот кој настрада пролетва кога беа исечени голем број на дрва при реконструкцијата на тротоарите на булеварот. „Денес се засадуваат од десната страна со јавор беа засадени 40 стебла. На истата страна на треба уште 20 стебла да се засадат . 60 стебла од другата страна од видот на јасен“, информира Трајан Љаткоски рак на паркови и зеленило...
Децата од охридската градинка Развигорче учеа за здрава храна и ре-креирање
Post Views: 140 Во детската градинка Развигорче се одржа хуманитарна акција од компанијата Битолска млекара. Соработката меѓу оваа компанија и охридските градинки трае неколку години на различни теми, информира директорката на градинката Мери Рилкова. Годинава темата е нова и е ре-креирање, додва таа. Ние го употребуваме овој термин како рециклирање кој е вклучен во нашата програма за рано учење и развој, напоменува Рилкова за денешната активност. „ Децата покрај тоа што се запознаваат со храната на Бимилк , со нивните производи.Особено со млекото и млечните производи, кои се здрава...
Со историски час одбележани 74 години од одржувањето на Второто засадение на АВНОЈ. Историчарот Проф Наце Иваноски говореше за значењето на АВНОЈ во создавањето на првата слободна македонска држава.
Post Views: 128 Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, со историски час ги одбележаа 74 -те години од одржувањето на второто заседение на Авној на 29 и 30 ноември 1943 година. Присутните ги поздрави Гоце Георгиески претседател на општинскиот сојуз на борци од Охрид и Дебрца и му даде збор на проф. Наце Иваноски. И0сторичарот говореше за улогата и значењето на Авној пред голем број присутни воени ветерани, резервисти, пензионери, титоисти, претставници на политички парти, НВО и ученици. Иваноски...
Во охридскиот Центар за јавно здравје за потребите на регионов има 50 бесплатни тестови за хив/сида
Post Views: 113 Побарувачката за бесплатни тестови за Хив / Сида во регионов е голема. Во последниве две години се користат околу 200 бесплтани тестови за ХИВ СИДА. 50 тестови биле обезбедени од Министерството за здравство, а 150 од Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА . Во охридскиот центар за јавно здравје до месец јули годинава биле искористени 150 тестови. Потребата била голема па биле набавени дополнителен број на тестови, информира Д-Р Јованка Стурлакова Коровешоска од ЦЈЗ. Бесплатните тестирања ги користат туристите кои доаѓат на охридско струшката ривиера, а редовно на...
Во „Кузман Шапкарев“ течат обуки за болничари и масери
Post Views: 425 Во охридскиот Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ се реализираат курсеви за обуки на сметководители, козметичари, болничари, масери. Се одржува и курс за изучување на германски јазик. Курсевите за масери, козметичари и болничари ги посетуваат по 3 кандидати, а на курсот за сметководство и изучување на германски јазик има 8 -мина кандидати, информира директорката Славица Ристеска. Со новата програма за 2018 година од Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ ќе има конкурси за пријавување на нови кандидати...
Министерството за култура ќе ангажира експерти во врска со проектот за реконструкција на Али пашината џамија
Post Views: 107 Од Министерството за култура ги следат случувањата во врска со проектот за реконструкција на Али пашината џамија во охрид. Ќе се обидат, како што велат овој проблем , да го решат на најадекватен начин, за твм изјави Донка Барџиева Трајковска, специјален советник на министерот за култура. Висината на минарето може да се одреди врз основа на документи и остатоци но додава дека секогаш е можно да се направи компромис во однос на она што е вредност а тоа е Охрид како град заштитен од УНЕСКО, потенцира Барџиева Трајковска. Но и покрај инсистирањето на новинарите, таа...
Сидриштата за кајчината да се обележуваат со бови, а не со пластика, иницијатива на УЗ „Стар град“
Post Views: 189 Крајбрежниот појас на Охридското езеро се нагрдува со пластичните шишиња и канти со кои се обележуваат патеките при пуштање на кајчината во езерските води. Со предлог иницијативата на УЗ Стар град се бара еколошки пристап на сопствениците и промена на досегашните навики , посочува Горан Патчев претседател на оваа УЗ. „Ние имаме иницијатива да се изработат типски бови со број на регистрација на кајчината. Затоа што во летниот период кога има туристи тие шишиња за пуштање изгледаат како ѓубре во езерото. Туристите не знаат дека тука се припуштаат кајчина“, подвлекува...
Денес православните верници го празнуваат Св. Архангел Михаил
Post Views: 182 Православните верници денес го слават Св.Арханел Михаил и сите небесни ангелски сили. Бројни беа верниците кои со молитва и свеќа утрово го посетија црковниот храм единствен во Охрид посветен на овој светец. Светителот Архагел Михаил со својата закрила под Бога ни дарува сила да чекориме во живот по патот на спасениети , вели отец Диме Азески, парохискиот свештеник. „Во црквата посветена на Св. Арангел Михаил , која е единствена во нашиот град , има верен и голем народ кој пристапува за духовно да се нахрани и истовремено и слава на Бога да му вознесе. Да се заблагодари...