Автор: Валентина Неловска
Post Views: 3 Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во своето прво обраќање пред охриѓани потсети на пријателството, спомените и заложбите на Јован Стојаноски кој прерано замина од градоначалничката функција. Почувствував голема морална обврска и мотив да ги вложам сите мои човечки капацитети, сето мое искуство и време за да се борам и да го продолжам она што го започнавме заедно за доброто на Охрид и за доброто на охриѓани, истакна Георгиески кандидат за градоначалник на Охрид. Мојата предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за...
Стабилна политичка состојба за подобри резултати на македонската берза
Post Views: 3 Стабилна политичка состојба за подобри резултати на македонската берза, беше една од пораките која се упати од 20 годишната конференција на АД Македонската берза. На конференцијата учествуваше и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев , а се обратија и извршниот директор на АД Македонска берза, Иван Штериев и директорката на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Нора Алити. Македонската берза и пазарот на капитал се значаен дел од економското функционирање на нашата земја и се исклучително важни за раст и...
Жители од населбата Исток реагираат надлежните дозволуваат да се гради куќа со спорна висина
Post Views: 7 Во населбата Исток која се наоѓа над х.Гранит се гради куќа која го попречува видикот на Охридското Езеро на три семејни куќи, реагираа на прес конференција Алан Роу, англиски државјанин и Данчо Аврамоски од Охрид. Тие упатија обвинување за урбан хаос, со кој надлежните институции дозволиле без правосилно и конечно решение пред нивните домови да се гради објект со висина од 13,5 метри. Во мај минатата година, жителите чии имоти се загрозени од нелегалната градба, вложиле приговори на решението за реконструкција и доградба издадено од секторот за урбанизам. Се...
Субвенции за енергетска ефикасност и купување на печки на пелети по изборите
Post Views: 3 Со буџет од 50 милиони денари Министерството за економија ќе ја поттикнува енергетска ефикасност на домаќинствата, за вградување на сончеви колектори, ПВЦ или алуминиумски прозорци, како и за купување на печки на пелети.Ресорното министерство има на располагање пет милиони денари за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата. Предвидено е да се надоместува до 30% од вредноста и не повеќе од 15.000 денари. Со 25 милиони денари ќе се субвенционираат дел од од трошоците за купени и вградени ПВЦ или...
Не профункционираа законските измени со кои им се дозволи на занаетчиите да подучуваат калфи
Post Views: 1 Занаетчиите не ангажираат калфи да учат занает. Иако од пред 4 години занаетчиите добија таква можност со новиот закон за занаетчиство. Законот во пракса за овој временски период се покажа многу лош и неприменлив, вели Сашо Богоески, претседател на регионалната комора од Охрид. Занаетчиите во тешка економска состојба имаат голем број давачки кон државата, а за да ангажираат калфи се соочуваат со нов дополнителен издаток. „ Има револт кај занаетчиите. Заради давачките ниеден занаетчија не е подготвен да одвои 6000 денари месечно за изучување на калфите во...
Пријавена е епидемија на морбили во Струга
Post Views: 5 Епидемија на морбили е пријавена во Струга поради зголемена појава на заразната болест, информираа од Центар за јавно здравје во Охрид. Кај 24 лица е дијагностицирана заразната болест морбили. Сите заболени, до сега, се со лесна клиничка слика.Тука се вклучуваат и 6-те деца помали од 12 месеци, кои не се вакцинирани. Од Центарот веднаш доставиле пријава, а веќе од денес е приајвена асена епидемиолошка состојба. Eпидемиологот, Јованка С. Коровешоска упатува апел до родителите. „Родителите од Струга треба да ги вакцинираат децата и да се придржуваат до вакциналниот...
Продолжува дивеењето со подметнати пожари, потфрлаат надлежните институции
Post Views: 3 Нови пожари опустошија површини во близина на Хидробиолошкиот институт, населбата Св. Стефан и во Подмоље. По пожарите во Андон Дуков и на струшкото крајбрежје, каде што подолго време се пали трска, сега горат површини со нискостеблести растенија и на охридскиот дел. Охридските екологисти ги осудуваат ваквите опожарувања со кои се уништува природата. Борис Џајкоски, член на претседателсвото на ЕД Грашница и Еколошкото движење на Македонија, од името на екологистите повикува на совест кај граѓаните,но и на совесно работење на институциите за кои се надлежни....
Се подобрува оралното здравје кај охриѓани
Post Views: 4 Се подобрува оралното здравје кај охриѓани. Резултати дава националната стратегија за подобрување на оралното здравје која се применува во зeмjава. Таа има за цел спречување на кариесот и други орални заболувања, информира д-р Александар Филдишевски специјалист по превентивна детска стоматологија од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид. Стоматолозите по превентивна детска стоматологија прават редовни систематски прегледи на охридските ученици од основните и средни училишта. При тоа вршат залевање на здравите заби, ги едуцираат децата и родителите како правилно да се одржува...