Автор: Валентина Неловска
Post Views: 3 Маре Ѓоргиоска, одделенски наставник од ОУ „ Григор Прличев “ е избрана меѓу 9те најуспешни македонски одделенски наставници. На конкурсот на фондацијата Отворено општество во изборот на тема „ Успешни наставници за добри наставни пракси“ Ѓоргиоска го доби второто место. Таа е одделенски наставник во Прво 4 и во своето 34 годишно работно искуство за прв пат сосема случајно учествувала на еден ваков конкурс. Поттикната од својата помлада колешка Ивана Маховска учествувала на повикот од фондацијата. Наградата и претставува голема сатисфакција во долгогодишната...
Во Законот за потрошувачи во тек се законски измени согласно европските прописи
Post Views: 3 Во Министерството за економија се “крчкаат“ нови законски решенија во Законот за потрошувачи. Во подготовката на измените се вклучени стопански комори, организации на потрошувачи, експерти од различни области, државни институции и институции од Советот за заштита на потрошувачите на ниво на Влада, информира Мaријана Лончар од ОПМ. Со најновите измени се очекува купувачите да добијат поголема заштита како потрошувачи, да се регулира пласманот со квалитетни производи од бела техника на домашниот пазар „Регулативата е променета. Директивата за нечесна пазарна го...
Нема општински пари за кофинансирање на концерти во екот на туристичката сезона
Post Views: 4 Повеќе нема пари од буџетот на општината за финансиска поддршка на концерти во екот на туристичката сезона. Охридските советници на последната седница едногласно одлучија повеќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти и јавни настани во периодот од 15 јули до 15 август. Вакви музички манифестации редовно се одржуваа во Охрид во шпицот на туристичката сезона, на просторот кај спортската сала „Билјанини Извори” , а не беа во насока на продолжување на туристичката сезона за што се залага општина Охрид, изјави в.д градоначалникот Константин...
Со „ Гравири- 40 години отпосле“ се одбележаа 60 години живот и 40 години од печатањето на поетскиот првенец на Славе Ѓорѓо Димоски
Post Views: 3 Промовирана збирката поезија „Гравири- 40 години отпосле“ од Славе Ѓорѓо Димоски. Промоцијата на репринт изданието на „ Гравири- 40 години отпосле“ се организира по повод 60 години живот и 40 години од печатањето на поетскиот првенец на Славе Ѓорѓо Димоски. Во 1979 година од високо од родното Велестово, Галичица и Петрино , Славе Ѓорго Димоски се вивна во светската поетска елита. Денес, стиховите на Славе Ѓорго Димоски се дел од многу поетски антологии, а е и најпреведуваниот македонски поет на 30 светски јазици. За збирката поезија беседа одржа професор д-р...
Родниот град го одбележа двојниот јубилеј на макодонскиот преродбеник Кузман Шапкарев
Post Views: 6 Општина Охрид и НУ Библиотека „ Григор Прличев“ организираа одбележување на двоен јубилеј -185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев. Шапкарев е роден во Охрид во 1834 година,а умира во Софија на 18 март, 1909 година. За новите факти за животот и делото на познатиот македонски преродбеник, охриѓанецот Кузман Шапкарев, зборуваа професорката Татјана Дурнева и проф. д-р Томе Груевски. Професорката Дурнева истакна дека првите запишани македонски народни умотворби датираат од 14 век. 19 век е периодот на романтизмот и културната преродба во...
Несовесни граѓани крадат вода од градската водоводна мрежа
Post Views: 2 Службите на МЈП Проаква заедно со комуналните инспектори од Локалната самоуправа откриваат нелегани приклучоци на вода. Диви приклучоци на градскиот водовод има во разни делови од градот. Несовесни граѓани избегнуваат легално да се приклучат на системот за водоснабдување и вршат кражба на водата од градската водоводна мрежа, информираат од МЈП Проаква. Досега се поднесени 10 тужби за кои се води постапка пред надлежниот Основен суд. „Жално е што сеуште има гараѓни кои на своја рака си направиле диви приклучоци и не се евидентирани кај нас. Но службите за контрола...
Охридските крводарители добија плакети и благодарници
Post Views: 5 Охридскиот кровдарител Борче Матески е добитник на плакета од ОО ЦК за 50 пати дарувана крв. Матески е крводарител од својата 16 година. Тој порачува крводарувањето е хуман чин со кој се спасуваат човечки животи , а тоа нема цена. „Веќе 40 години дарувам крв повеќе од 50 пати. Чувството е големо и хумано. Се молам да имаме здравје и ние што даруваме крв и на тие што се болни и им е потребна крв“, вели Матески. Порачува младите да се вклучат во хуманото семејство на крводарители затоа што никој не знае кога ќе има потреба од оваа скапцена течност за луѓето“. ОО...
Во Охрид и Дебрца има аларамантен пораст на пожари во првите три месеци од годинава
Post Views: 4 Се бележи загрижувачки пораст на пожари во Охрид и Дебрца. Охридските пожарникари во првите три месеци од оваа година имале 137 интервенции кои завршиле успешно. Големиот број на интервенции во првото тромесечие од 2019 год. се највисоки во последните 14 години. Во најголем број пожарите се резултат од невнимание и непочитување на законските одредби, информира Спасе Прентоски командир на охридската ТПЕ. Неодговорно се палат стрништа на земјоделски површини во селата во Дебрца за време на викендите, а продолжува и немарноста на граѓаните за редовно чистење на...