Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 На Дневен ред на општинскиот Совет денеска беа реализираните развојни програми на општината, финансиските завршни сметки на претријатијата и општински училишта за 2018. Советниците ги усвоија извештаите за реализацијата на развојните програми на Локалната самоуправа како и годишниот извештај за завршната сметка на буџетот. Според опозицијата во советот, потфрлување кај реализираните програми планирани со буџетот за 2018 има во делот на комуналните услуги, градежното земјиште, секторот за комунални дејности, улици и патишта. „Години наназад програмите се желба ,а...
Угостителски објекти од регионов дел од првиот водич на „Slow food“ гостилници
Post Views: 5 Пет уготителски објекти од регионов се дел од првиот водич „ Slow food“ гостилници. Тие ја добија оваа ознака меѓу 17-те македонски гостилници избрани од Slow food Македонија. Тоа се тераса „Утарна“ во Горно Коњско, етносело „Андревци“ во Годивје, етнопансионот „Кутмичевица“ во Вевчани, вила „Радожда“ и вила „Мал Св. Климент“ Охрид. Станува збор за угостителски објекти кои нудат традиционална храна, подготвена на традиционален начин, а при тоа користат локални производи, информира проф. д-р Ангела Крстаноска Пасквале. Целта на водичот беше да се едуцираат...
Фолколорните ансамбли мака мачат да привлечат играорци
Post Views: 4 Се потешко организаторите на фолклорните ансамбли и друштва го привлекуваат вниманието на младите луѓе да бидат дел од нивните играорни постави, укажува Илче Ѓорески од ансамблот Филиграни. Социјалните мрежи и мобилните телефони се најголеми конкуренти на фолклорните ансамбли.Со надчовечки напори охридските фолкорни друштва обезбедуваат доволен број на фолклористи, вели Ѓорески. „Ние како ансамбл броиме 150 членови во 4 возрасни групи. Некако успеваме имаме кворум, доволен број на членови посебно машки играорци. Тие се проблематични да дојдат во друштвата бидејќи...
Багери копаат и рушат тераса на угостителски објект без одобрение
Post Views: 3 На малиот плоштад Чинар веднаш до илјадалетното дрво споменик на природата. Багери копаат и рушат тераса на угостителски објект без одобрение. Парцелата каде што се одвиваат градежните работи е во сопственост на државата. Од Министерството за транспорт и врски за случајот информираат дека тие не дале одобрение за градежни активности ниту на правно ниту на физичко лице. Земјиштето не е отуѓено и никој не може да поднесе барање за градба“. Во овој случај според Законот за градење треба да постапи Државниот градежен инспекторат. Локацијата на која се изведуваат...
Од чешмите во селото Долно Лакочереј конечно протече безбедна вода за пиење
Post Views: 5 Од чешмите во селото Долно Лакочереј конечно протече безбедна вода за пиење, информираат од МЈП Проаква. Жителите од ова приградско село може да здивнат од фактот дека пијат исправна вода за пиење од водоводниот систем. Ова го покажаа последните анализи по само еден месец од преземањето на управување со водоводниот ситем од страна на МЈП Проаква, напоменува директорот на претпријатието Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква . „ Со ова покажевме дека се обезбеди сигурна вода пиење и саниран водоводен систем за кратко време. Се надеваме дека и другите месни...
Туристите кои допатуваа во Охрид за осмомартовскиот празник дочекани со бисери и народна музика
Post Views: 3 Група туристи од Црна Гора добија охридски бисери, а посебен накит од брендот Филеви доби припадничка на понежнит пол. Ангелина Бајиќ од Подгорица е среќната добитничка на комплет накит од брендот Охридски бисер Филеви. Со тоа продолжува традицијата на дарување охридски бисер на странските туристки при посетата на Охрид за празникот на жената 8-ми Март. Ангелина долго ќе го памети ова 8-мо Мартовско патување пропратено со многу изнендувања. „ Прв пат сум во Охрид. Одамна посaкував да дојдам тука но, заради разни околности го одложував патувањето се досега....
Единствената мини фарма со магариња во земјава се наоѓа во Велестово
Post Views: 8 Роберт Шиникоски во атарот на родното Велестово подигнал мини фарма со магариња. Овој млад човек, пред 18 месеци се вклучил во проект за спас од исчезнување на автохтоната сорта магариња. Со помош на здружението на граѓани “Буша“ се вклучил во проект за заштита. Добил грант од ГЕФ Македонија, Програмата за мали грантови и набавил 11 машки и женски грла добиток. Шиникоски е голем љубител на животни и вели дека работата не е тешка. Раскажува за почетоците при основањето на фармата. „ Потешкотии нема бидејќи овие животни не бараат многу , се задоволуваат со малку....
Отворени се листи за собирање на потписи од 4 кандидати за шеф на државата
Post Views: 8 За четворица кандидати со амбиции за шеф на државата течат постапките за собирање потписи. Во охридското одделение на Државната изборна комисија има 4 отворени листи за собирање потписи за претстојната претседателската трка. Димче Петровски, Филип Петровски, Блерим Река и Господин Попоски доставиле кандидатски листи за добивање поддршка од охриѓани. За еден ден, завршила постапката за собирање потписи на претседателскиот кандидат Гордана Силјаноска Давкова во општините Охрид и Дебрца, информира Марга Димкоска раководител на Подрачното Одделение на ДИК. Во...