Автор: Валентина Неловска
Post Views: 99 Се почесто на охридските улици пешаците среќаваат нечисти јавни површини со кучешки измет. Виновни за оваа појава се сопствениците кои ги шетаат милениците, но не се грижат при тоа да го соберат изметот што нивните миленици ќе го направат. Мал е број на одговорните граѓани кои користат ракавици за одложување на изметот на милениците кои ќе го направат на јавна површина. Граѓанските активисти за заштита на животните апелираат сопствениците да се однесуваат одговорно во вакви ситуации и да се грижат јавните површини да бидат чисти, но да бидат и грижливи кон милениците.„...
Никогаш не е доцна да се реставрираат старите чаршии во Охрид и Струга
Post Views: 95 Никогаш не е доцна да се возобнови амбиенталниот изглед на некогашните чаршии во Охрид и Струга, категоричен е проф д-р Павле Митрески. Можно е д а се возобнови десната страна од улицата Гоце Делчев во Охрид на потегот меѓу двата чинари и на истоимената улица во Струга пред куќата на Браќата Миладиновци. Подвлекува дека може да се најдат фотографии, документи, податоци , а при тоа посочува дека во неговата докторска дисертација , пред 4,5 децении на тема развојот на занаетчиството во Охрид и Струга предлагал начини како да се зачува изгледот на чаршиите со занаетчиските...
Дебарскo Кичевската епархија нема да го следи примерот на Повардарската епархија
Post Views: 100 Во јавноста негодување предизвика неодаманешната одлука на Повардарската епархија да воведе давачка за снимање и фотографирање пред и во верските објекти. За фотографија сликана во црква од свадба или некоја друга церемонија давачката е во висина од 500 до 1000денари. По оваа одлука охриѓани се прашуваат дали примерот со Повардарската ќе го следат и други епархии односно ваква слична давачка ќе следува и во охридските цркви.Од Дебарско Кичевската епархија категорични не планираат ,а никогаш и не размислувале за воведување ваква давачка во нивната епархија. Од Дебарско...
Спомен куќата на Григор Прличев под клуч
Post Views: 163 Две години под клуч е спомен куќата на Григор Прличев. Музејот на македонскиот и охридскиот преродбеник Григор Прличев во Охрид беше отворен за посетителите до септември 2015 година. На нашето прашање упатено до НУ „Завод и Музе“ј зошто спомен домот е затворен за јавност појаснуваат дека објектот не бил рентабилен. Посочуваат дека по констатацијата дека објектот не е посетен и не е рентабилен дошла одлуката да биде затворен. За да работи музејот биле ангажирани лица со договор на дело за кои биле исплаќани пари од сметката за самофинансирачки активности на НУ Завод...
Граѓаните најмногу трошеле на храна, а најмалку на здравјето
Post Views: 113 Вкупната вредност на синдикалната кошница во август изнесувала 32.316 денари, според податоците за вредноста на синдикалната минимална кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија. Од објавената сума од 32.316 денари за храна и комуналии граѓаните од семејниот буџет одвојувале 23.871 денари. За храна во август се одвојувале 13.422 денари. На комуналните трошоци се издвојувале 8.253 денари, а за опрема за куќа и одржување 2,197 денари. Месечно граѓаните трошеле 2.340 денари за превоз и за облека и обувки 2.129 денари. За посета на културни манифестации...
Органската храна супер оружје против вирусите и настинките
Post Views: 126 Пред нас е зимата кога студот и загадениот воздух го напаѓаат нашиот имунитет. Се полнат болниците и лекарските ординации. Во голема мерка нашето здравје зависи од храната која ја внесуваме. Нашиот одбранбен механизам и справувањето со настинките, вирусите и падот на имунитетот имаат гоелма поврзансот со квалитетот на она што го јадеме и колку е храната богата со витамини и минерали. Евидентно е следењето на разни трендови во исхраната при што граѓаните посебно се интересираат за органските производи кои се здрави и богати со витамини. ТВМ ги анкетираше граѓаните...
Јован Стојаноски е новиот градоначалник на Охрид
Post Views: 125 Јован Стојаноски е новиот градоначалник, вака одлучија охриѓани на вчерашните локални избори. Синоќа од градскиот плоштад каде што се славеше победата Стојаноски се обрати до охриѓани од каде им упати благодарност за дадената доверба. Среќени сме по убедливата победа. СДСМ, заслужено на овие избори излезе со содржајна програма и ги освои гласовите на граѓаните за да има промени во државата, рече при тоа Стојаноски. „ Се надевам ќе ја оправдаме довербата на граѓаните. Оваа убедлива победа не значи ништо освен голема обврска за сите нас кои бевме вклучени во изборниот...
Над 54 проценти охриѓани избраа градоначалник од СДСМ и коалицијата
Post Views: 94 Според ДИК за Јован Стојаноски, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, гласале 18.262 или 54.07 % охриѓани. За кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски својот глас го дале 13.560 или 40.15 % од гласачите. 679 гласа освоил независниот кандидат Стевчо Стевовски или за него гласале 2,1 % од гласачите Во Советот кој брои 23 советници, според неофицијални извори од ДИК, СДСМ има 11 советнички места со освоени 15.198 глсаови, а Вмро Дпмне 10 советници од 12.871 гласови. Независниот кандидат за советничка листа, Нефи Усеини со „ Коалицијата...
Цветановска апелира: Најдете време за превентивни прегледи
Post Views: 126 Билјана Цветановска е само една од охриѓанките кои се соочиле со борбата против карцином на дојка. Пред 4 години, сосема случајно и бил дијагостициран ран стадиум на ова заболување. Не е ни малку пријатна веста, збунувачка е и полна со прашалници, вели за тие моменти Цветановска. Поминала моменти, како што вели, на сooчување со стрaвот и борбата со болеста. Во лавовскатa борба со неа било и нејзиното семејство. Цветановска не сака да зборува низ што се поминала во текот на лекувањето, но сака во знак на розовиот октомври да помогне со добронамерен совет до своите...
Охридскиот тим за спасување на планина се опреми преку проект од ИПАРД фондовите на ЕУ
Post Views: 128 Спасителите на планина и непристапни терени забрзано се подготвуваат за делување во престојниот зимски период. Тимот функционира во рамките на ОО ЦК и забрзано ги подготвуваат планинарскиот дом и пунктовите на планината Галичица. Конечно, оваа зима тимот за спасување ќе функционираа со целосна опрема. Опремата е добиена преку проект од Ипард фондовите на ЕУ, а аплициран со партнери од Албанија. Проектот ќе почна да функционира од ноември 2017 година , информира Сашо Точков претседател на ОО ЦК. „ Вклучува изработка, подготовка, опрема и опремување на целосна служба...
Се одржа „Оhrid sailing cup“
Post Views: 135 16 екипи од Охрид , Струга и Скопје учествуваа на Оhrid sealing cup. Едрењето имаше натреварувачки карактер, а меѓу едриличарите за прв пат се натпревруваше и женски екипаж од Скопје. Се пловеше на потегот Пристаниште – Канео – Куба Либре – Пристаниште. Стевчо Ставрев претседател на Здружението за спортови на вода Акватика јахтинг укажува на нивните идни планови. „ Тенденција е „ Оhrid sailing cup“ да прерасне во манифестација препознатлива за Охрид. Развивање на едрењето , на наутичкиот туризам и искористување на најнеискористениот спортски терен...
Водата од градскиот водовод е со добар квалитет за пиење.
Post Views: 134 Последните испитувања на мостри со вода за пиење од градскиот водовод и површинските води во Охрид покажале дека се со добар квалитет. Во охридската водоводна мрежа нема индикатори за нарушување на квалитетот на водата за пиење, информира Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Она што загрижува, а не е ново, што во водоснабдувањето со водата за пиење се селските водоводи продолжува практиката да не се употребува средство за хлорирање. Во селските водоводи 70 посто од водата е со добар квалитет, но 30 посто од земените мостри во селата покажауваат дека нема средство за хлорирање...