Автор: Валентина Неловска
Post Views: 198 Охридскиот центар за јавно здравје обезбеди 3000 вакцини против сезонски грип. Од нив 1500 се наменети за Охрид ,а останите 1500 за Струга и Дебар. Центарот годинава воведе новина, со претходно закажување на термини во домашна посета бесплатно ќе се врши вакцинирање за граѓаните кои неможат да дојдат во просториите на епидемиолошкото одделение во Центарот, информира Сашо Точков директор на ЦЈЗ. „ Мобилни екипи на ЦЈЗ да ја направат имунзиацијата поефикасна за телесните инвалиди и немоќните лица , наши екипи ќе одат по домовите по 30 октомври и ќе вршат...
Ставрески: Создавање на модерен спортски комплекс и услови за развој на спортот во Охрид
Post Views: 194 Постоење на поголем број спортски објекти е услов за спроведување спортски активнсоти, физичко воспитување и рекреација на охриѓани, посочи Сашо Ставрески кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата. Работата на спортските организации е невозможна без адекватен спортски објект, рече на денешната прес конференција Ставрески. „ За таа цел,ќе создаваме модерен спортски комплекс во рамки на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ кој ќе опфаќа отворени и затворени спортски објекти, кои ќе бидат физичка, функционална и техничко-технолошка целина со сите...
На обештетување од земјотресот од јули охриѓани ќе чекаат формирање на владина Комисија
Post Views: 209 Во 9 часот и 54 минути охриѓани почуствуваа земјотрес со интензитет од 3,2 степени. Епицентарот на слабиот земјотрес бил на 5 километри источно од Охрид, а е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала. Потресот утрово ги потсети охриѓани на земјотресот од 3 јули кога беа оштетени поголем број куќи и јавни објекти кои чекаат обештетување од државата за санација. До општинската Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди пристигнале 862 барања и била утврдена штета во висина од 58 милиони...
На улицата Гоце Делчев тече вода од пукната водоводна цевка
Post Views: 248 Вода тече по улицата Гоце Делчев од дефект на водоводна цевка. Излевањето на вода се случило минатата недела кога дефектот до надлежните служби на МЈП Проаква бил веднаш пријавен од страна на жителите од населбата Воска.Тие реагираат дека дефектот кај надлежните го пријавиле во два – три наврати, но проблемот досега не е саниран. Од МЈП Проаква најавуваат дека службите на дефектот ќе работат утре кога ќе го санираат. Техничкиот директор на МЈП Проаква информира дека екипи на нивното претпријатие работат на поправка на поголеми дефекти на неколку...
Лауреатот на СВП Монгани Вали Сероте допатува во Струга
Post Views: 275 Во Струга се е подготвено утревечер да отпочне 51-то издание на Струшките вечери на поезијата. На годинашниот Фестивал ќе учествуваат околу 120 поети од земјава и од странство. Годинашниот лауреат, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте, веќе е во Струга, рече претседателот на Управниот одбор , поетот Славе Ѓорго Димоски. Зборувајќи за поезијата на Сероте , Ѓорго Димоски истакна дека јужноафриканскиот поет бил и политички активист. Тој за време на апартхејдот бил изложуван на репресии и бил затворан. Неговата борба се одсликува и во неговата поезија, рече...
Над 650 милиони денари изнесува општинскиот буџет за следната година
Post Views: 174 Во висина од над 652 милиони денари се усвои буџетот на општина Охрид за 2022 година. Градските советници го донесоа буџетот со 15 гласа за и 6 воздржани. За советниците од позицијата ова е буџет кој нема да креира загуби, додека опозицијата смета дека има помалку средства за капитални трошоци. Помалку пари ќе има за изградба и асфалтирање на улици, изградба на системи за атмосферска и фекална канализација, помалку средства за студенски стипендии, за јавната чистота и реконструкција на паркови и зеленило, напоменуваат од опозцијата. Ние не поднесовме амандмани...
Тилевски: Со сериозна стратегија за развој на туризмот во Охрид
Post Views: 178 Во Програмата за туристичкиот развој на Охрид на Митко Тилевски кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне и Коалицијата, ги претстави проектите за привлекување на што поголем број туристи. Тилевски најави продолжување на промоцијата на Охрид на светските медиуми за перманентно зголемување на бројот на странски и домашни туристи. „Охрид и неговиот потенцијал и понатаму ќе биде промовиран во повеќе европски градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл.) и локални и национални...
Манчев: Денес за нивото на езерото молчат сите
Post Views: 167 СДСМ демонстрира лажно душегрижништво за природните богатства, водата, квалитетот на воздухот и животната средина, рече на денешната прес конференција Димитар Манчев кандидат за советник од Вмро Дпмне. Ние, уште еднаш укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики, истaкна Манчев. „ На прес-конференција одржана на 3 февруари 2017, актуелната пратеничка од СДС Жаклина Лазаревска, во име на партијата на новинарско прашање, што би правеле тие ако се на власт и ако нивото на езерото е на ниско...
Матичните лекари во земјава се соочуваат со низа проблеми
Post Views: 163 Матичните лекари во земјава се соочуваат со бројни реални проблеми во последните 10тина години. Покрај ниската заработувачка тие имаат и други административни пречки во работењето. Матичните лекари како и останатите луѓе се соочуваат со здравствени проблеми или повреди кога мора да користат боледување, напоменува д-р Љупчо Костески, специјалист нефролог и претседател на Здружението на приватни лекари од Охрид. Минатата година успеавме да издејствуваме право на 6 месечно боледување од макималното дозволеното 21 ден, напоменува Костески, но додава дека тоа не...
Пецаков упати обвинувања до политичките противници од СДСМ за Студенчишко блато и функционирањето на месните заедници
Post Views: 142 Како СДСМ Охрид планира да ја прошири зоната на строга заштита на остатокот од Студенчишко Блато на цели 70 хектари и дали тоа ќе се прави со експропријација на земја од сопствениците, праша на денешната прес конференција Кирил Пецаков носителот на советничката листа на Вмро Дпмне и коалицијата За подобра Македонија. По која цена планираат во СДСМ да ја платат земјата која според најавите кои ги дадоа мора да биде одземена од сопствениците, праша Пецаков.„ ВМРО-ДПМНЕ јавно ги прашува носителот на листата на СДС Константин Георгиевски и кандидатот Јован...
Тилевски: Реконструкција на двата плоштади
Post Views: 136 Митко Тилевски кандитот за градоначалник од Вмро Дпмне и Коалицијата најави реконструкција на двата градски плоштади. Вмро Дпмне не застанува, како што не застана и претходните години, рече на прес конференцијата Тилевски. „ Продолжуваме со исто темпо, помотивирани и посветени, остануваме на патот Охрид да го направиме квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани“, најави Тилевски. Од градскиот плоштад беа презентирани двата проекта како едни од главните идеи кои се дел од програмата која ќе се реализира во перидот 2017-2021. „ Градскиот плоштад...
Најтрофејниот градски клуб, АК Охрид одбележа 4 децении постоење
Post Views: 155 Одбележан јубилејот 4 децении постоење на АК Охрид. Пецо Неданов, претседател на УО на клубот со гордост го посочува фактот што плеада охридски атлетичари со постигнати врвни резулатати го сместија Охрид во врвот на македонската атлетика. Атлетскиот клуб помина низ многу премрежја во текот на сите овие години, но кралицата на спортовите ни дала упорност и истрајност да постигнуваме резултати достојни за почит, напомена Неданов за работата на клубот. „ Во многу тешки услови работевме, со блокирана жиро сметка и тешко опстојувавме. Имаше помош од општината за...