Автор: Валентина Неловска
Post Views: 6 Во охридскиот регион расте бројот на млади луѓе кои бараат егзистенција во пчеларењето. И додека расте интересот на младите пчелари за одгледување пчели од година в година опаѓаат приносите на мед, вели Ицко Китанчев од охридското здружение на пчелари. Тој со неговото богато искуство и знаење кажува дека пчелите постојано претрпуваат стрес од разни фактори кои доведуваат до нивно угинување и намалување на приносите. Загадувањето на воздухот, водата и почвата преку употреба на пестициди и инсектициди, подигање на телекомуникациските предаватели, увозот на восок со...
Монтирани нови висечки кошеви во спортската сала Билјанини извори
Post Views: 5 СРЦ Билјанини извори набави висечки кошеви. Со сопствени средства во висина од 700.000 денари се обезбедени 2 нови кошеви со цел да се заштити реновираниот паркет во спортската сала, информира Гордана Јованоска директор на СЦР Билјанини извори. „ Висечките кошеви се монтирани и се со сертификати таблата и обрачите се од Елан, набавени се по сите стандарди да се играат кошаркарските натпревари од понизок ранг. Кошевите се оргинални за одигрување на европските првенства, но се стари 2 децении и е потребно нивно сервисирање од хидраулика и електроника да се...
На нашите депонии се согоруваат и до 80 проценти од создадениот отпад
Post Views: 3 Дадени се национални цели за намалување на домашниот отпад кој завршува на депониите на долгорочен период во периодот 2025 -2030 година. Отпадните гуми, текстилот, отпадните масла и пластиката е предвидено со новиот Законот за управување со отпад и отпад од пакувања да се селектираат во секое домаќинство, напоменува екологот Ѓоко Зороски. Потсетува дека во развиениот свет отпадот е секундарна суровина и влегува во процесот на производство, а кај нас отпадот е ѓубре и се согорува.Наместо 30 посто од целкупниот создаден отпад од домаќинството да заврши на...
Повторно гореше трска на крајбрежјето на потегот Струга- Калишта
Post Views: 4 Еколозите од Охрид СОС повикуваат надлежните институции да го запрат криминалот врз појасот трски на Охридското Езеро. За само десетина дена во два наврати е запалена трската на Охридското Езеро на патот Струга – Калишта , а надлежните институции молчат и на општинско и на државно ниво. Палењето трски на заштитено подрачје е кривично дело, потсетуваат активистите од Охрид СОС . Бараат одговорност од соодветните институции за, како што велат, екоцидот што се случува на струшкиот дел од крајбрежјето. На потегот Калишта Струга со приближување на летната сезона...
Јованоски: Обезбедуваме подобра иднина за Охрид
Post Views: 2 Предводејќи ја локалната и централната власт, СДСМ докажа дека вистински е посветена на креирање квалитетни политики и реализира значајни проекти за подобра иднина за Охрид, истакна на денешната прес конференција Науме Јованоски, носителот на советничката листа од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Благодарение на ангажманот на градоначалникот Константин Георгиески, реконструирани се и асфалтирани значајни градски сообраќајници и значително се подобрени условите за безбеден сообраќај, кажа Јованоски потсетувајќи на зафатите во делот на...
Струшките еколози испратија писмо до премиерот Заев, бараат конечно решение за дивата депонија
Post Views: 3 Еколозите и граѓанските активисти од СТРуга бараат итна средба со премиерот Зоран Заев. Тие испратиле писмо до премиерот загрижени за инертноста на иституциите во конечното решавање на проблемот со дивата депонија на влезот од градот. Тие потсетуваат дека и по една и пол година од одлуката на Владата за итно решавање на проблемот нема конкретни резултати. Глигорие Ќатоски од граѓанското движење „Доста е“ , предлага вклучување на премиерот за да се реши овој мошне сериозен еколошки проблем за Струга . „Во врска со проблемот со транспортот на отпадот до...
Охридските лозари ја продолжуваат вековната традиција на Св.Трифун
Post Views: 3 Охридските лозари ја продложуваат вековната традиција на празникот Св. Трифун. Тие со убави желби и молитви ги закроија пенушките во лозовите насади и ги залеаја со вино. На Чекоштина лозов насад одгледува Ратко Савиќ. Тој пред повеќе од 3 децении на старо лозје засадил шпалир со нови пенушки од сортите прокупец и памит. За овој пензионер одгледувањето на лозјето е големо задоволство и рекреација, а на овој ден му започнува работата во лозјето се до бербата на грозјето. „ Никогаш не сум го прескокнал овој ден да не дојдам во лозјето. Сега натежнале годините, но...
Во НП Галичица има бесправна сеча на шума на две локации
Post Views: 1 Бесправна сеча на шумата во НП Галичица има на две локации. Едната е в долж граничната линија со Република Албанија која се должи на одлуката на двете земји да не поставуваат строга контрола на бесправната сеча, а втората е во атарот на село Велгошти, информираат од НП Галичица. „ Имаше многу пати обиди од установата и други органи на државата , од МВР да се спречи бесправната сеча. Засега се безуспешни има бесправна сеча. Бесправната сеча е дел во атарот на НП Галичица, шумското стопанство Галичица како и шумското претпријатие Преспа – дрво од Ресен,“,...