Автор: Валентина Неловска
Post Views: 3 Деновиве, силен мирис на хемикалија во водата за пиење ги вознемирил жителите од селото Долно Лакочереј. Жителите стравуваат дали е се во ред со водата за пиење и каков е квалитетот на водата. Смирувачки тонови стигнуваат од МЈП Проаква. Водата се хлорира но се е во дозволените граници и не е штетно по здравјето на луѓето. „Овие денови пристапивме кон санирање на системот. Работиме на терен, се чистат каптажите, резервоарите, почнавме да хлорираме. Граѓаните реагираат точно е заради прехлорирањето кое го направивме за да го донесеме во нормала целиот цевковод на...
Владимир Алексијоски е в.д директорот на новото ЈП „Колекторски систем“ во државна сопственост
Post Views: 10 Директор на новото ЈП „Колекторски систем“ во државна сопственост е Владимир Алексијоски. Вака одлучил Управниот одбор по што ќе следува законска постапка за раздвојување на МЈП Проаква на три работни единици. Алексијоски напоменува дека од подолгите преговори со Владата е точно предвидено што ќе се прави со колекторскиот систем за да се санира и да се спаси Охридското езеро од понатамошно еколошко уништување. Во моментов пумпните станици се во многу лоша состојба, а меѓу општинското пертпријатие Проаква нема финансиски капацитет да го одржува системот. Сега меѓу...
Во туристички цели Охрид ќе воведува современа информатичка технологија
Post Views: 5 Општина Охрид планира воведување на современа информатичка технологија во туристички цели. Тоа ќе биде еден од начините за привлекување на поголем број гости и задоволување на нивните потреби кои ги наметнува современиот начин на живеење. Со сопствени средства и со проекти за прекугранична соработка со Грција ќе се финансираат информатички алатки кои се користат во социјалните мрежи и он лајн, информира Ѓоко Апостолов од одделението за туризам и локален економски развој. „Модерни информатички алатки кои се неопходни и најприоритетни за промовирање на туристичките...
Душко и Костадинка одбележаа 7 децении среќен брак
Post Views: 3 Душко и Костадинка Лошкоски од село Оровник прославија дијамантска свадба. Тие одбележаа 7 децении успешна и среќна брачна заедница од која се изродиле тројца синови. Двајцата се на прагот од десетата деценија од животот. На нивните лица зрачат среќа и љубов која сеуште трае како првиот ден од нивната средба. „ Во тие времиња немавме лична карта девојките се гледаа по убавината. Костадинка беше ниска ама ко киска “, денес весело раскажува Душко за првата средба со Костадинка пред 7 децении. Брачниот пар Лошкоски во третото животно доба се опкружени со внимание и...
ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патронатот
Post Views: 7 Основното училиште „Григор Прличев“ го одбележа патронатот со пригодна програма. На свеченоста присустуваа в.д градоначалникот Константин Георгиески, советници од ЛС и претставници од семејството Прличеви. На бистата на охридскиот и македонски поет и преродбеник беа положени ловров венец и цвеќе. Олга Прличева, внука на поетот, од името на семејството Прличеви му подари на основното училиште несекојдневен подарок. „Необјавено слово на Григор Прличев. Тематски посветено на младоста. Професијата учител за Григор Прличев била најголемотo звање од сите професии кои...
Повлечена точката за легализација на диво градби во АК Градиште
Post Views: 4 Симната од дневен ред предлог одлуката за донесување урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во КО Пештани. Образложение за ваквата одлука даде в.д градоначалникот Константин Георгиески. „Легализација на објекти во автокампот „Градиште“, од формално правен аспект службите солидно го изработиле предметот, набавено е мислење од НП „Галичица“ и министерството за животна средина, кои се позитивни.Позитивно мислење добивме и од Комисијата за денационализација, но со оглед на тоа што сега таа е разрешена, точките ќе ги повлечеме...
ЗГ „Оревче“ : Да се отфрлат предлог одлуките за легализација на бесправно изградените објекти во АК Градиште
Post Views: 2 Отфрлање на предлог одлуките за легализација на бесправно изградени објекти во авто кампот Градиште на утрешната седница на Совет, бараат од здружението на граѓани „Оревче“. Стотина семејства од Пештани сопственици на 100.000 метри квадратни имот во најатрактивниот камп Градиште ги повикуваат советниците од позиција, опозиција и независните да ја поддржат нивната правна битка за враќање на нивните национализирани имоти која ја водат долги години. „ Не сакаме легализација на објектите. Законот е дециден. Со донесување на законот за денационалзиција во 2000 година...
Заев најави силна економска година, но порача да се засукаат ракавите
Post Views: 2 Во работна посета на општина Охрид допатуваа премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Имаа средба со в.д градоначалникот Константин Георгиески и одржаа трибина со охриѓани. Премиерот Заев пред присутните граѓани зборуваше за решавањето на чувствителните политички прашања и затварање на отворените прашања со соседите кои водат до остварување на целта влез во Нато и ЕУ. Порача сега е време сите да ги засукаме ракавите, ефикасно да работиме за да имаме економски просперитет на државата. Потсети на досегашните мерки кои владата ги...