Автор: Валентина Неловска
Post Views: 5 Од февруари ќе стартува нова кампања на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“. Досегашните кампањи дале поволни резултати при подигањето на јавната и индивидуалната свест за маките и потребите на лицата со ретки боелсти, напоменува Гордана Лолеска претседател на охридското здружение. Лолеска додава акцијата продолжува за сензибилизација на институциите и јавноста за пациентите со ретки болести во февруари, реткиот месец во годината со 28 или 29 дена, којшто пациентите со ретки болести го нарекуваат за свој. „ Овој мини проект е од...
ICS системи : Бандерата на „Питу Гули“ е безбедна, граѓаните да не се плашат
Post Views: 3 Јавноста упати критики за начинот на кој беше санирано уличното осветлување на улицата Питу Гули, а за кое реагираше наш гледач во рубруката „Ти си твојот град“. Коментарите се однесуваа на импровизираната поправка на столбот кој беше обвиен со самолеплива лента. Од ICS системи компанијата која се грижи за јавното осветлување, кои се во јавно приватно партнество со општина Охрид, информираат дека тоа било привремено решение. Веднаш ја отстраниле лентата, но куќиштето на приклучокот морале да го врзат со жица затоа што не можел да се затвори со штраф за бетонскиот...
Подновена работната механизација на јавното претпријатие Охридски комуналец
Post Views: 5 Набавени седум комунални возила за потребите на ЈП Охридски комуналец. Современите возила се обезбедени од Локалната самоуправа со кредитна линија од Светска банка во вредност од 450.000 евра. Покрај овие возила , лани беа набавени уште 5 возила од истата кредитна линија со грејс период и исплата од февруари 2018 година, напомена на денешната презентација в.д градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески истакна дека ова е неопходна модернизација на претпријатието, а локалната самоуправа покажува дека работи во интерес на граѓаните и ќе продолжи со инвестиции...
Со планинската трка „Охрид треил“ градот добива нов спортски настан
Post Views: 6 Промовиран новиот спортски настан Охрид треил. Станува збор за комбинирана трка и пешачење низ определени предели во НП Галичица во должина од 60 км и 35 км. Учесниците ќе трчаат на големата трка 12 часа , а на малата 9 часа. Охридската Асоцијација за спортови „ Спорт за сите Сите за спорт“ и Здружението „Трекс“ со поддршка на Локалната самоуправа ќе го организираат овој спортски настан во месец мај. Организаторите имаат амбиции планинската трка да прерасне во меѓународна спортска манифестација, напоменува Дејан Крле од Здружението Трекс. „ Планинското трчање е...
Охрид и оваа година очекува да расте трендот на туристичка посетеност и реализирани ноќевања
Post Views: 3 Општина Охрид се надева на успешна туристичка жетва и оваа година. Од статистичкиот извештај на Државниот завод за статистика се гледа дека за десет месеци во минатата година биле реализирани над 960.000 ноќевања и над 260.000 посети. На домашните гости од овие показатели отпаѓаат над 100.000 посети и 540.000 ноќевања. Од Секторот за туризам и локален економски развој (ТЛЕР) очекуваат преку настапите на туристичките саеми и останатите туристички промоции да продолжи трендот на раст на странски и домашни гости на охридското крајбрежје и дека ќе го надмине бројот од...
Во НП „Галичица“ се изградени над 1000 нелегални викенд куќи
Post Views: 2 Урбанизацијата е најголема закана за уникатните природни вредности на националниот парк Галичица и за статусот на градот под заштита на Унеско, тврдат од Галичица. Закана за природните убавини доаѓа од изградбата на нелегални викенд куќи на целата територија на паркот иако се сметаше дека на удар заштитеното подрачје е од бесправната сеча на шума, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „ Ви тврдам дека поголема закана за природните вредности за паркот е урбанизацијата отколку бесправната сеча. Во сите случаи кога имало бесправна градба и узурпација на државниот...
Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид
Post Views: 11 Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид. Договорот во висина од 147.000 евра ќе се однесува на финансирање на тековното работење на НП Галичица при управувањето со заштитеното подрачје. Соработката со Понт е резултат на позитивно работење на установата, стратегијата и визијата според кои се раководеше НП Галичица , напомена Васко Паскали , директор на НП Галичица при потпишувањето на договорот. „ Овој договор е од огромно значање за ЈУ НП Галичица. Потврда дека се движиме по прав пат и нашите позитивни...
Во Хидробиолошкиот институт не е започнат риболовот на охридската пастрмка за вештачки мрест
Post Views: 5 Почна мрестот на охридската пастрмка, но не и ловот за вештачкиот мрест на ендемичниот вид риба кој го спроведува Хидробилошкиот завод. Традиционално ловот на ендемичниот вид пастрмка почнува на 21 јануари и трае до крајот на месец март кога се собираат одобрените количини икра за вештачки мрест. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека владата ја донела Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година на 15 јануари.Во програмата е предвидена мерка за порибување на риболовните подрачја во Република...