Автор: Валентина Неловска
Post Views: 102 Во Охрид и руралните средини има диви приклучоци на градската водоводна мрежа. Ова го потврдуваат од МЈП Проаква бидејќи нивните служби на терен откриват вакви нелегални појави и злоупотреби на системот за водоснабдување, информира Сашо Сотироски технички раковоител во јавното претрпијатие за стопанисување со вода. „Во последниот период имаше откриени случаи во Горно Лакочереј, Лескоец и низ градот. Правната служба презема мерки за санкции на потрошувачите“, вели Сотироски. Од Проква напоменуваат дека има забрана потрошувачите на вода, посебно од руралните средини...
Главниот влез на училишната зграда на ОУ Братство Единство е сериозно оштетен
Post Views: 97 На први септември учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “ ќе влезат од задниот влез на школото. Советот на родители и управата на школото на овој потег се решиле заради безбедност на учениците. Одлучиле да се затвори главниот влез во централната училишна зграда заради напукнувања на носечкиот столб над влезот. Пропаднати се и надворешните скали кои водат до влезната врата. Оштетувањата се од серијата земјотреси кој го зафатија Охрид во јуни и јули, а посериозни оштетувања претрпеа главниот влез и фискултурната сала. Санација и поправки на училишниот...
Во охридско преполовен родот на грозјето и јаболката
Post Views: 102 Преполовена годинешната реколта на грозјето во охридско од пролетните мразеви. Лозарите ќе претрпат големи загуби од годинешната берба на грозјето. Големи штети има врз локалните сорти грозје како што е вранецот, а како поотпорна на мразот се покажала сортата хамбург, информира агрономот Мирослав Трајчески. „Ситуацијата не е сјајна родот е намален во зависност од регионот некаде од 50 до 60 посто. Погоден е регионот каде што гравитираат селата Косел, Лакочереј, Вапила. Штети има и во Требеништа и Мешеишта иако за нијанса помали, но и таму има големи штети и родот...
Просечната нето плата во јуни изнесувала 22. 808 денари ен
Post Views: 93 22. 808 денари изнесува просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во месец јуни оваа година. Индексот на просечната месечна исплатена, нето-плата по вработен во земјава покажува зголемување. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 102.8. 20 проценти има зголемување на просечните месечни исплати на нето-платите на вработените во секторите уметност, забава и рекреација. За 9.8 проценти пораснале платите во стручните, научните...
Поништен третиот тендер за изградба на јавни тоалети од Југозападниот плански регион
Post Views: 138 Никако да се најде градежна фирма што ќе ги изгради јавните тоалети во Охрид. Градот и по трет пат нема среќа со успешноста на тенедерот за изградба на јавни тоалети. Југозападниот плански регион го поништил третиот тендер и во меѓувреме распишал нов. Причината иста како и лани, на тендерската постапка не пристигнала нити една соодветна понуда, информира Мирјана Лозаноска директор на Југозападниот плански регион. „Тендерите се отворени на елктронскиот систем за јавни набавки и сите фирми или економски оператори кои сметаат дека може да ја завршат таа работа и ги...
Германецот Aлександар Студзински и италијнката Барбара Позобон се победници на 31-от Охридски пливачки маратон
Post Views: 95 Aлександар Студзински од Германија во машка и Барбара Позобон од Италија во женска конкуренција се победници на 31виот Охридски пливачки маратон. Победата на двјцата пливачи беше мошне неизвесна и тесна, ги делеа секунди од останатите тројца маратонци. Девојките од Италија рамо до рамо се бореа со натпреварувачите во машка конкуренција и секунди одлучуваа дали годинава победник на маратонот ќе биде пливач или пливачка. Победникот Студзински до целта пристигна за 5 часа 15 мин 14 сек и 36 стот, а само 37 секунди по него доплива Барбара Позобон со време од 5 часа 15...
Точно на пладне стартуваше Охридскиот пливачки маратон
Post Views: 121 Од Свети Наум, точно напладне, на маратонската патека Климе Савин беше означен почетокот на 31виот Охридски пливачки маратон. Организаторите велат дека стартот бил навреме и поминал во најдобар ред. Оваа година 22 -ца пливачи од Македонија и светот ја пливаат 30 километарската патека за стигнат на целта кај градскиот плоштад. Во машка конкуренција има 15 пливачи меѓу кои се тројцата македонски маратонски пливачи Евгениј Поп Ацев, Александар Панчевски и Александар Илиевски. Покрај нив, на пливачката патека за првото место во машка конкуренција ќе се борат и пливачи...
Обид да се вратат во живот занаетите кои се во изумирање
Post Views: 152 Во Охрид подолго време нема занаетчија бочвар. Бочки за чување вино се набавуваат по нарачка во други градови. Од ковачкиот и опинчарскито занает , пак по еден мајстор секој во својот занает жилаво се бори за опстанок на дејнсота . Ова се само неколку примери од многуте занаети кој се во изумирање, а се прават напори да опстанат. За таа цел во центрите за вработување тече оглас со кој се бараат занаетчии кои ќе ги пренесат тајните на занаетите на заинтересираните невработени лица. Сашо Богојески , претседател на регионалата занаетчиска комора, напоменува дека...
Охрид и селските населби непречено се снабдуваат со вода за пиење од градската мрежа
Post Views: 102 Водоснабдувањето во градот, туристичките и приградските населби приклучени на градскиот водовод оваа сезона течеше без проблеми, напоменуваат од МЈП Проаква. Освен два поголеми дефекти кои се случиле пред хотел Метропол и новата автобуска станица на цевки од фи 300 мм, поголеми дефекти не биле случени. Од 15 јуни до денес бројот на дефектите на водоводната мрежа е намален во споредба со истиот период лани, кажува техничкиот раководител Сашо Спироски. Во екот на годинешнава туристичка сезона службите интервенирале на 70 дефекти. Минатата година во истиот период техничката...
Охридскиот завод и музеј ги прави завршните подготовки за учество на „Форум на словенските култури“ во Блед
Post Views: 100 Се прават завршните подготовки за учество на НУ “Завод за заштита на спомениците и музеј – Охрид“ на Форумот на словенските култури во Блед. Во видео презентација ќе биде прикажан дел од огромното културно наследство кое го има Охрид, а во кој ќе бидат претставени Куќата на Робевци, на Христо Узунов и Григор Прличев, како и Галеријата на икони, Самоиловата тврдина, ранохристијанските базилики, Музејот на вода, набројува кустосот Милчо Георгиески. „Сега сме во фаза на подготовка на видео материјалот за да ја претставиме институцијата и нашата работа. Тешко...
Затворањето на Охридско лето со театарската претстава „Ничија земја“ ќе се одигра во некогашната охридска касарна
Post Views: 95 Затварањето на Охридско лето со театарската претстава „Ничија земја“ ќе се одигра во некогашната охридска касарна Михајло Апостолски. Од неколку локации овој простор е избран како најавтентичен за да се одигра завршната претстава на Охридско лето. Деновиве ќе започне сценското адаптирање на просторот за кој дал согласност и режисерот на претставата Александар Морфов. Охридската касарна избрана како најавтентична локација за претставата „Ничија земја“. За локацијата согласност дал и Александар Морфов , во моментов најпознатиот европски режисер. Театарската претстава...
Клубот на млади од охридскиот црвен крст организираат собирна акција на школски прибор.
Post Views: 114 Собирање на училишни торби, тетратки и друг школски прибор за првачиња е новиот проект на волонтерите од Клубот на млади при охридскиот ЦК. Младите активисти од оваа организација ги повикуваат сите хумани луѓе да се приклучат на акцијата намнета за првчињата од Охрид и Дебрца. Ова не е прв пат волонтерите да организираат донаторска акција за децата кои прв пат влегуваат во училишните клупи, информира Ѓоко Маркоски од Клубот на млади. „Во изминатите години сме помагале на одредени деца со школски прибор, но сега се одлучивме за помасовна акција за да се мобилизираат...