Автор: Валентина Неловска
Post Views: 7 Во земјава највисока стапка на морталитет е во Охрид. Циркулаторните болести се најчести заболувања кои се среќаваат во патологијата кај населението, а кои истовремено се и најфатални за охриѓани, информира Д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје. „ Во нашиот регион веќе подолго време водечка причина за смрт се циркулаторните заболувања. Стапката на морталитет во нашиот регион е 57 умирања на 10.000 жители и се резулатат на циркулаторните болести“, информира Чингоска. Статистиката во земјава покажува дека највисока е стапката на...
Охриѓани и стружани не се снаоѓаат најдобро на лизгавиот снег
Post Views: 5 Докторите од службата за итна медицинска помош утрово кај двајца пациенти констатирале посеризони скршеници на екстремитетите. Тие се упатени на понатамошно лекување, информира д-р Ана Неделкоска , ракводителот на ИМП. Од почетокот на месецов до денес во нивната служба се евидентирани над дваесет пациенти со посериозни повреди на коските на разни делови од телото. Од охридската итна медицинска помош апелираат повозрасните граѓани да не излегуваат без потреба на снегот и мразот. Јануарските мразеви и снегот биле кобни и за стружани. Од градската болница во Струга...
Петнаестина љубители на животни обезбедија засолништа за бездомните кучиња
Post Views: 4 На повеќе локации во Охрид поставени засолништа за бездомните кучиња. Охридски љубители на животни се погрижија во овие студени зимски денови бездомните кучиња да имаат сигурно и топло засолниште. Анастасија Димзова е една од 15-тината активисти кои се вклучија во акцијата да постават десетина куќарки во повеќе делови на градот. Куќарки од картонски кутии со ќебиња во нив, се поставени во Центар, Далјан, кај Емуц, кај Белависта, на улицата Асном. Во една куќарка може да се засолнат од студот и до 3 кучиња. Куќарките се поставени на места каде што активистите...
Студенскиот дом Никола Карев станува се попривлечен за туристите
Post Views: 2 Вратите на државниот студенски дом „Никола Карев“ се отворени за комерцијално работење и во зимскиот период. За гостите домот е привлечен во летните месеци, но се повеќе е баран и во зима. Гости имаше и за новогодишните празници, а сега се очекуваат и за празникот Водици. Голем е интересот за сместување во домот од домашни гости, но се прават обиди да се привлечат и странски гости, информира директорот на домот Жарко Куциноски. „Среќа имаме што студенскиот дом е во Охрид , а другите студенски домови во земјава кубурат со финансии. Колку толку ќе се обезбедат и...
Во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок
Post Views: 4 Од регионалната управа за јавен приход информираат дека во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок. Напоменуваат дека очекуваат зголемување на оваа бројка по продлжување на рокот до крајот на јануари за електронска регистрација на персонален данок за граѓаните кои досега не ја исполниле законската обврска, напоменува Злате Мунески портпарол на регионалната УЈП од Битола. „Задоволува бројката, но очекуваме да се регистрираат уште 2000 до 3000 илјади граѓани приматели на странски пензии и земјоделци од Охрид. Апелираме граѓаните кои се...
Се прават завршните подготовки за прославување на големиот христијански празник Богојавлени
Post Views: 3 Градот ги прави завршните подготвки за одбележување на големиот христијански празник Богојавление. Прославата ќе биде во духот на христијанската традиција, информира Константин Георгиески в.д градоначалник на Охрид.„Јавните претпријатија беа ангажирани во чистење на плоштадот и пристапните улици. Денес почнуваме со украсување на градот. Очекуваме голем број домашни и странски гости кои ќе допатуваат да го проследат осветувањето на водите на Охридското езеро“, истакна в.д градоначалникот Георгиески. Нуркачите од Амфора го завршија чистењето на просторот во езерото...
Пропаѓа непроценливо вредната колекција монети која во моментов ја има Сосиете Женерал Охридска банка
Post Views: 5 Пропаѓа нумизматичката збирка која содржи 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, повторно предупредува Даница Бачева ,археолог нумизматичар и автор на поставката. Скоро една деценија колекцијата е оставена без заштита. Археолозите предупредуваат дека колекцијата ќе пропадне ако еднаш во годината монетите не се конзервираат од страна на стручни лица. Тие немаат сознание дали во изминатите години е направена таква заштита. Како што предупредува археологот Даница Бачева, колекцијата од непроценливо движно културно богатство незаконски со зградата на банката...
Карневалските маски во Вевчани инспирирани од актуелните политички случувања во земјава
Post Views: 3 Низ Вевчанските улички продефилираа василичарите со карневалски маски. Традицијата продолжи со дефилето на маски преку кои се прикажаа актуелните политички случувања во земјава како што се промената на името, случувањата во собранието, предлог номинацијата за Нобеловата награда на Заев, бегството на Груевски. Имаше и групни маски кои се однесуваа на 8-те пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните измени. Симболично подигнаа и ѕид со Северна Македонија. Вевчанските василичари со децении се инспирираат од актуелните случувања во животот. Со изборот на...