Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 Здравствен дом набави нова медицинска опрема. Со сопствени средства за итната стоматолошка служба купен е нов стоматолошки стол, а за потребите на другите служби кои се дел од здравствен дом се набавени дефибрилатори, спирометар, аспиратори, Екг апарати. Покрај оваа опрема во тек е набавка и на санитарни возила. Возниот парк на Итната медицинска помош ќе се поднови со уште две санитетски возила со целосна опрема за транспорт на итни случаи.Едното ќе се набави со сопствени средства , а другот со пари од Ипард програмата. За потребите на патронажната служба ќе се...
Лишен од слобода пожарникарот кој повреди двајца негови колеги
Post Views: 7 Лишен од слобода Ј.К. четириесетгодишен пожарникар кој повреди двајца негови колеги во територијалната противпожарна единица во Охрид. Осомничениот сторител на казненото дело, вчера, во просториите на пожарната, со дрвен стап нападнал негов колега и го удрил во пределот на главата. Притоа на оштетениот му нанел тешки телесни повреди и го довел во животно загрозувачка состојба. Во дворот на противпожарната служба, осомничениот се сретнал со друг колега кого исто така го нападнал со удари. Од силината на ударите вториот оштетен паднал на снегот, а сторителот...
Екипите на ЈП „Охридски комуналец“се справуваат со снежните врнежи во Охрид и околината
Post Views: 5 Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ од раните утрински часови работат на расчистување на снегот кој го зафати Охрид и околината. Постојано се чисти снегот од улиците и тротоарите според постоечката категоризација на приоритет, информира Љупчо Грданоски директор на ЈП. Утрово, снежните наноси биле мали па се посипувала ризла, а како интензитетот на снежните врнежи растел се употребила и тешка механизација. Интервенирале на чистење на патните правци кон селата и населбите во високите предели кон селата Велестoво, Елшани, Коњско и населбите Варош и Бараки, а го чистеле...
Деблокада на жиро сметката на ОУ „Григор Прличев“ меѓу приоритетните заложби на Локалната самоуправа
Post Views: 4 Деблокада на жиро сметката на ОУ Григор Прличев ќе биде и понатака меѓу приоритетните заложби на Локалната самоуправа. В.д. градоначалникот Константин Георгиески напоменува дека со тоа ќе продолжат претходните напори да се надмине деценискиот проблем со исплата на долговите кои ги има училиштето по основ судски решенија за екпропријација на земјиште за изградба на училишниот комплекс. „Досега со 16 спогодби се исплатени 22 милиони денари 710 илјади денари. Заштедени се над 8 милиони 654 илјади денари. Останати се уште 5 изврши решенија за да се одблокира сметката...
Од ЈП Билјанини извори донираа храна за сограѓаните во социјален ризик Божик
Post Views: 5 Од ЈП Билјанини извори донираа храна за сограѓаните во социјален ризик да имаат празнична трепза на Божик. Во донаторската акција со палета од производите им се приклучија пекарниците Жито леб и Феникс, како и слаткарницата Палма. Пакетите со храна беа поделени во Народната кујна каде што социјално загрозените сограѓани добиваат храна од понеделник до петок. Оваа акција е за прв пат, а нашата намера е во иднина да ги мотивираме и другите компании да бидат хумани и да помислат на луѓето кои живеат на работ на езгистенција, вели Гордана Јованоска директор на ЈП...
Три објекти од културното наследство ќе бидат приоритет за заштита
Post Views: 4 НУ Завод и Музеј од Охрид со низа проекти ќе продолжи во заштита на културното наследство. Се подготвуваат проекти со кои ќе аплицира до ресорното министерство. Меѓу бројните проекти акцент е ставен на три значајни проекти. Од нив два објекти се прогласени со Решение за културно добро во опасност, а станува збор за Св. Богородица Челница и Римската бања на Плаошник. Ќе се работи и на започнатиот проект за ревиталзиација на Самоиловата тврдина, информира Елеонора Новаковска, директор на НУ Завод и Музеј. „ Ќе добиеме средства од Министерството за култура за да го...
Во тек е обука на педесетина спасители на планина
Post Views: 3 Центарот за спасување на планина организира обука за спасители . Пријавени се педесетина алпинисти и планинари од Охрид, Ресен, Вевчани, Струга и Дебрца. За едукација се задолжени инструктори од Алпинистичката Федерација на Македонија. По завршување на стручните обуки тие ќе бидат дел од логистички тим за интервенции во ризични ситуации на планина. Центарот за спасување кој во моментов брои петнаесет обучени алпинисти ќе се засили со нови членови. Се очекува Центарот во новиот објект да биде во функција до крајот на месец март. Во охридскиот алпинистички клуб има...
Охриѓани и гостите во весела атмосфера ја испратија старата и ја дочекаа новата година
Post Views: 5 Охридскиот плоштад полн со посетители за организираниот дочек на Нова 2019 година. Температурата на воздухот која беше под нулата не ги попречи посетителите најлудата новогодишна ноќ да ја поминат на забава на отворено. Охриѓани и гостите во весела атмосфера на градскиот плоштад ја испратија старата и ја дочекаа новата година и си посакаа желби во новото лето. За забавувата на плоштадот се погрижија охридски музичари и бендови. Ѓоко Танески, Жармена, Бетис бупс, Бекдор бенд и диџеј Петар се погрижија за загревање на новогодишната атмосфера и незаборавна забава за...