Автор: Валентина Неловска
Post Views: 90 На охридското крајбржје нема нити една плажа на која може полесно да дојдат лицата со телесен инвалидитит. Десетина години ни локалната самоуправа ни државата не покажаа разбирање да се уреди барем една плажа за потребите на овие лица. Од ОО ЦК Охрид напоменуваат дека од 2005 година се обидуваат кај надлежните да ја поттикнат добрата волја и да се адаптираат плажите на охридскиот брег за лицата со инвалидитет како што е насекаде во светот. „Не може ресорт или поголем хотел да немаат достапно место каде што човек со количка ќе може да влезе и да се искапи со посебна...
На празникот Илинден Фестивалот Охридско лето донесува двојна програма
Post Views: 88 Концерти на два сопрани и пијано се на вечерашниот репертоар на Фестивалот Охридско лето. Во 20.30 во Света Софија настапуваат познатите сопранистки, сестрите-близначки Билјана Стафансон и Љилјана Јовановиќ, во придружба на врвната македонска пијанистка Марија Вршкова. Концертот ќе го одржат во рамките на Шведската вечер на фестивалот.Близначките Стафансон и Јовановиќ се колоратурни сопрани кои публиката ги памети како „чудо од деца“ од времето кога на 9-годишна возраст на телевизија го исполниле дуетот од Моцартовата „Волшебна флејта“. Двете честопати настапуваат...
Охридските пожарникари со полни раце работа
Post Views: 97 Во месец јули охридските пожарникари имале полни раце работа што од огнени стихии што од земјотресите. 62 интервенции го одбележале месец јули од кој 38 пожари и 24 технички интервенции. Најмногу гасење пожари имало на отворен простор дури 31 интервенција, 4 пожари на објкети и и 3 на моторни возила, информира заменик командирот Горан Маркоски. „ За одбележување е тоа што сме реагирале и на соседни територии.Преку Дирекцијата за заштита и спасување при Владата на РМ е побарана помош да интервенираме во Струга во 2 наврати, во Ресен, Дебрца се гасени 8 пожари,...
Строго забрането палење скара и стрништа во НП Галичица
Post Views: 98 Вонредни мерки за престој во шума во националниот парк Галичица. Забрана за палење на оган за скара и стрништа во НП Галичица стои во одлуката за ограничено движење во националните паркови. Не е дозволено кампирање и подолго задржување во шумата. Владата оваа одлука ја донесе како превентива за заштита на шумите во НП од летните пожари. Ограничувањето за престој во паркот Галичица не важи за вработените во НП , ЈП Македонски шуми и туристичките водичи. „ И покрај Коритски рид, Корита, Јадера места уредени и каде што е дозволено палење на оган сега тоа не важи. Има...
„Страст за носталгија “ изложба на охридскиот сликар Сашо Блажес.
Post Views: 97 Охридскиот сликар Сашо Блажес за прв пат ги претстави своите ликовни дела во својот роден град. На самостојната изложба прикажа дваесеттина дела масло на платно. Портретите се работени во последните три години на тема „Страст за носталгија“. Покрај автопoртретот и портретите на негови блиски луѓе од минатото, тука се и портретите на познати музичари и глумци од поранешните Ју простори. „Портрети на личности од моето опкружување, на личности од нашето минато и затоа е насловот Страст за носталгијата која не карактеризира на овие поранешни Ју простори преку музиката...
Книгата “Извештаи на рисот“ е нов проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески
Post Views: 90 Збирката поезија „Извештаи на рисот“ е нов коавторски проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески. Двајцата македонски уметници, секој врвен во својата област, во нашето кутурно милје донесоа оригинална и уметничка симбиоза, проект составен од песни на поетот и цртежи на сликарот. Пораката на стихозбирката „Извештаи на рисот“ е содржана во самиот наслов, посочува Славе Ѓорго Димоски, најпреведуваниот и најнаградуваниот македонски поет. „ Има 2 именки кои една на друга си противречат. Едната е извештаи, множина и рисот. Едната има полициска...
На охридските улици возачите често не даваат предност на брзата помош
Post Views: 111 Честа е појавата на охридските улици возачите на моторни возила да ги игнорираат вклучените ротациони светла и сирени на возилата за брза помош. Лекарите од итната медицинска помош посочуваат дека се соочуваат со непријатни попречувања во ургентната задача која имаат и покрај уредно вклучената сигнализација. „ Најчесто се работи за лица кои истовремено управуваат моторни возила и зборуваат на мобилен телефон. Апелираме секогаш да се даде првенство на возилата на прва помош кога има вклучена ротација или сирена. Утре може да се случи да се работи и за нас и не е...
Мала заинтересираност за субвенциониран студенски оброк
Post Views: 173 Студентите покажале мала заинтересираност за мерката субвенциониран студентски оброк од предвидениот број на Министерството за образование и наука. Досега се пријавиле околу 12.800 студенти. Според проценките на ресорното министерство право на оваа финансиска поддршка им следува на околу 40.000 студенти.За оваа финансиска поддршка на студентскиот стандард министерството обезбедило 15 милиони евра. Месечно студентите ќе добиваат околу 2.400 денари. До истекот на рокот за пријавување останува една недела. Од ресорното министерство информираат како тече пријавата...
Годинава туристичкиот бисер остана без мобилни тоалети.
Post Views: 103 Охрид ова лето остана без јавни тоалети. Оваа сезона, изостана праксата која со години наназад се применуваше во решавање на проблемот со недостаток од јавни тоалети, на неколку локации да се поставуваат мобилни санитарни јазли. Од локалната самоуправа молк на нашето прашање зошто градот потфрли во оваа комунална практика и не постави јавни тоалети за употреба за гостите, но и за охриѓани. Тие сега се оставени да се снаоѓаат кој како знае и умее, а не ретко и излегувањето во град се случува да се изјалови со враќање дома или во апартманите бидејќи рестораните и...
Промовирани матурантите од 5-та приватна гимназија
Post Views: 178 Матурантите од генерацијата 2011/2012 од 5-та приватна гимназија ги добија сертификатите за завршено образование. Со свечена церемонија беа промовирани завршените ученици од втората генерација на оваа приватна средношколска образовна установа. 50 -тината ученици од три образовни насоки се стекнаа со знаења и вештини во текот на четиригодишното образование. Амела Имероска, медицинска сестра, вели „ привилегија е да се биде дел од Петта приватна гимназија. Имавме одлични професори кои се трудеа да направат од нас луѓе. Мислам успеаа, направија да знаеме како и кога...
Граѓаните и понатака се жалат на низа проблеми во такси превозот.
Post Views: 105 Проблемите во такси превозот во Охрид актуелни секоја летна сезона. Граѓаните кои користат такси превоз се жалат на одредени таксисти кои одбиваат да возат на пократки релации во градот, возат без вклучен таксиметар, не издаваат фискални сметки или немаат поставени задолжителни налепници. Од Локалната самоуправа тврдат дека охридските таксисти подлежат на секојдневни контроли од Сообраќајните инспектори заедно со сообрќајната полиција. Само во месец јули биле констарирани околу 20 тина неправилности во такси превезот. Некои поминале само со записник да се одстранат...
Изумира занаетчиството во Струга
Post Views: 186 Во Струга, во минатото имало околу 300 занаетчии. Денес, струшките занаетчии може да се избројат на прстите од една рака. Струшкиот занаетчијата Јоне Кленко со своите 80 години и 6 децении работа е еден од најстарите занаетчии во Струга. Кленко сега од хоби поправа предмети од кожа и изработува ташни и ремени. Побарувачката на производите е многу мала, а работам само од љубов кон занаетот, вели Кленко. Занаетот го наследил од татко му кој бил кондураџија, но остроумниот занаетчија постојано го следел духот на времето и потребите на луѓето и се прилагодувал на современите...