Автор: Валентина Неловска
Post Views: 3 Библиотеката Григор Прличев успешно ја завршува 2018 година. Во текот на изминатите месеци реализирале бројни проекти, книжевни настани и промоции на книги. Сепак она што најмногу ги радува е зголемувањето на бројот на читателите, информира Гордана Змејкоска, директор на националната установа библиотека Григор Прличев. „Читатели имаме од ден на ден во се поголем број. Најмногу се чита белетристика. Затоа постојано набавуваме нови наслови на книги за да бидат застапени. Исто така е застапена и стручната литература. Имаме читатели од 7 до 77 годишна возраст“, вели...
Општина Охрид го изгласа буџетот тежок над 25 милиони евра
Post Views: 3 Развојниот буџет на општина Охрид за 2109 година ќе тежи над 25 милиони евра. Во основниот буџет е вкалкурирана и сумата од около 500 милиони денари со кои Владата интервенираше за раздолжување на општината. Советниците ја испочитуваа желбата и идејата на покојниот градоначaлник Јован Стојаноски најмногу пари во буџетот да се наменат за капитални инвестиции во образованието со сума од 46 милиони денари, напомена градоначалникот Константин Георгиески. „ Од тие 46 милиони денари за капитални инвестиции само 21 милион и 300 илјади денари се за изградба на нова...
Стационарот за згрижување кучиња на Мауцкер ќе стартува од февруари
Post Views: 3 Стационарот за згрижување кучиња скитници ќе почне со работа од февруари идната година. Љупчо Грданоски директор на Охридски комуналец информира дека јавното претпријатие е подготвено да ја преземе грижата за кучињата скитници. Службите го изготвиле планот и програмата за работа на стационарот на Муцкер. Прогармата е веќе доставена до општината и до Агенцијата за храна и ветеринарство, кажува Граданоски.Со програмата се предвидува дневно да се заловуваат по 30 напуштени кучиња или третман да добијат околу 300 кучиња годишно. За функционирање на...
ЈП Билјанини извори донираше Новогодишни пакетчиња
Post Views: 3 Подарени Новогодишни пакетчиња на децата од специјалните паралелки од ОУ Св Климент Охридски. Тоа предизвикаа весела атмосфера со многу насмевки и задоволни детски лица, песнички и новогодишни желби и пораки за добро здравје и среќа во Новата 2019 Година. Децата си посакуваа што да им донесе Дедо Мраз во Новата година. „Многу сакам Дедо Мраз да ми донесе таблет“ , искрено посакува малиот Мартин. Родителите на децата кои посетуваат настава во овие паралелки упатувата искрена благодарност до хуманите и општествено одговорни компании од градот. „ Посетата за...
Стручни кадри да управуваат со заштитените подрачја бараат граѓански здруженија
Post Views: 3 По смената на Андон Бојаџи в.д директор на НП Галичица со соопштение до медиумите се огласи Координативното тело за соработка со институции кои имаат надлежности во сектор животна средина и клима. Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, Македонски Зелен Центар, CNVP Македонија, Движење на екологистите на Македонија , ФРОНТ 21/42, Здружение за заштита на животни Анима Мунди и Здружение на инженери за животна средина бараат преиспитување на владината одлука за смена на в.д. директорот на НП Галичица, дипломиран шумарски инженер, со 25...
Константин Георгиески е вршител на должност градоначалник на општина Охрид
Post Views: 1 Д-р Константин Георгиески е нов вршител на должност градоначалник на општина Охрид. Георгиески функцијата ќе ја обавува до распишување на предвремените локални избори кои најверојатно ќе се заедно со претседателските на пролет. По прераната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и запазување на законската простапка Советот на општината пристапи кон избор на вршител на должност. Константин Георгиески како досегашен заменик градоначалник беше предложен и избран од охридските советници. Не сум среќен и задоволен што во вакви околности сум избран за градоначалник,...
Вработените од НП Галичица бараат д асе преиспита одлуката за смена на директорот Бојаџи
Post Views: 6 Со собир вработените од НП Галичица утрово го искажаа своето незадоволство од смената на Андон Бојаџи досегашниот в.д директор на установата. Решиле да излезат на мирен протест веднаш штом ја дознале веста од некои медиуми. Во текот на денот добија и официјална потврда за смената на Бојаџи. Бараат да се преиспита одлуката за смена на успешен вршител на должност кој успеал во изминатите месеци да го донесе паркот на ниво на вистинските европски паркови, порача Номче Новески од името на вработените во НУ НП Галичица. „ Да се смени човек кој за многу кратко време го...
Македонските алпинисти ќе имаат содржаен викенд во Охрид
Post Views: 4 Охрид ќе биде домаќин на Македонската алпинистичка федерација, а спортистите ќе реализираат богат алпинистички викенд. Љубителите на овој специфичен и екстремен спорт ќе се искачуваат на планината Галичица и ќе се прикажат филмови од планинскиот фестивал Ехо, а вечерва ќе ги презентираат врвните достигнувања и ќе се доделуваат награди. Алпинистичката македонска федерација ќе ја додели наградата Јован Ангелов Циго за најуспешниот алпинист во 2018 година, за најуспешната наврска и за млад алпинист. Македонските алпинисти во текот на 2018 имале успешна година,...