Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Двајца млади охридски мајстори ги споија традиционалните охридски занаети

Post Views: 358 Охридските мајстори Михајло Филев и Митко Укоески ги споија знаењата и вештините од своите занаети. Изработија уникатен накит од филигран и бисер опточен со камења од македонски рубин. Во првиот заеднички проект наречен три во едно на охридските мајстори им се приклучи и познатиот македонски брусач на скапоцени камења Дејан Шкартов. Нивна идеа е да создадат бренд по кој Македонија ќе биде препознатлива во светот со овој уникатен накит. „ Ние сме млади мајстори изработувачи, но сме воспитани во еснафскиот дух и сакаме да се одвоиме од трговците. Ова го создава рака,а...

Продолжи со читање

Во топлите летни месеци меѓу најкупуваните медикаменти се вбројуваат и пробиотиците

Post Views: 112 Купувачите во летните топли месеци ги посетуваат градските аптеки. Се бараат разни видови лекови секој според своите здравствени или превентивни потреби. Меѓу најкупуваните фармацеутски производи во лето се пробиотиците и кремите за сончање, напоменуваат од охридската Галиум аптека. Пробиотиците се добри бактерии кои помагаат за балансирање на средината во целиот организам. Помагаат да сме здрави и отпорни на штетни бактерии и микроорганизми, напоменува дип. Фармацевт Љубица Јолеска. „ Пробиотиците се купуваат во зависност која вироза владее. Следуваат средствата...

Продолжи со читање

Претстава за византиската принцеза „ Ана Комнена“ ќе се игра во предворјето на Св. Софијa

Post Views: 104 Театарот „ Јордан Х.К – Џинот“ од Велес вечерва, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ за љубителите на театарската уметност ќе донесе уште едно незаборавно доживување, истакна драмскиот селектор Зоран Љутков . „Визуелен, драмски, ликовен, музички спектакл. Сигурен сум дека таа претстава ќе има и поголем уметнички квалитет и од матичната куќа, гледајќи ја синоќа генералната проба“, истакна селекторот. „Ана Комнена“ е претстава на истоимениот драмски текст на охриѓанецот Сашо Димоски. Претставата ја донесува личната драма на византиската принцеза Ана Комнена...

Продолжи со читање

Советниците се претворени во гласачка машинерија, реагираат охридските избраници во градскиот Совет

Post Views: 118 Во охридскиот градски совет во последните 4 години функцијата советник е постојано деградирана, реагираат советниците Јован Стојаноски од СДСМ и Јоне Станкоски од ВМРО НП. Доведени сме во ситуација само да го подигнеме гласачкото ливче , критикуваат совениците од опозицијата. Ние сакаме конструктивни дискусии во градскиот совет, подвлекува Стојаноски. „Ние како советници материјалите не ги добивме навреме. Критиката е упатена за начинот на доставување на материјалите како советници за да може да дискутираме. Не сакам да доаѓам на седница неспремен без да знам детали...

Продолжи со читање

Земјотресите во Охрид оставија дванаесет семејства без сигурен кров над глава

Post Views: 101 Дванаесет куќи градени во 60 -тите години од минатиот век претрпеле сериозни оштетувања од серијата земјотреси кој се случија во Охрид. На семејствате им е потребна помош за реконструкција на живеалиштата. Поголемиот број на објектите се во населбата Билјанини извори на улиците „Јане Сандански“ и “8-ми Септември“, информираат од Комисијата за проценки на штети од елементарни непогоди по увидот на терен . „Тие се постари објекти и 12 семејства треба да се иселат и да им се најде некое решение“, укажува Раде Велјаноски од општинската Комисија за проценки на штети До...

Продолжи со читање

Охридските советници побара да се стави ред во хаосот на плажите под концесија

Post Views: 101 Охридските совеници дадоа зелено светло за изработка на урбанистички планови за плажите кои досега не се урбанзирани. Станува збор за плажите на карајбрежјето кои се на потегот од хотел Славија до Љубаништа, информира раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов. „ Од хотел Славија до Метропол нема урбанистичка документација за урбанизирање на плажите, од Хотел Метропол до автокамп Елешец има, а од Автокапмот Елешец до Десарет нема, како и од Градиште до Љубаништа “, истакна во своето образложение Арнаудов. Предлог одлуката за урбанзиација плажите беше...

Продолжи со читање

Бродот амбуланта на ОО ЦК ќе остане закотвен

Post Views: 119 Бродот амбуланта на ОО ЦК за брзи интервенции нема да плови по езерските води. Пловилото ќе остане закотвено и покрај потребата за подигање на степенот на безбедност на вода. Оваа летна сезона нема да функционира тим кој ќе работи на бродот, а во состав од медецински лица, лекари, спасувачи, парамедици и капетан кој ќе управува со пловилото.Бродот амбуланта во минатото беше во функција неколку години. „Бродот амбуланта го направи своето покажа колку на Охрид му е потребен. Наделжните не реагираа како што очекувавме. Очекуваме свеста да еволуира со што ќе стане јасно...

Продолжи со читање

Миграцијата покрај „белата чума“ го зема данокот во основните училишта

Post Views: 107 Иселувањето на младите брачни парови од Охрид и „белата чума“ ги празнат училиштата. Во општина Охрид во учебната 2017 /2018 година според подaтоцитe од МВР и изводите на родени во основните училишта треба да стартуваат 611 првачиња. Од овој број официјално во првиот уписен рок се запишани 498 првачиња, информираат од одделението за образованиe при локалната самоуправа. Од државниот инспекторат испратиле 113 пријави до родителите. Според нивните податоци со миграциските процеси има опаѓање на бројот на запишани првачиња. Од големиот број на испратени пријави добиле...

Продолжи со читање

Инспекторите од Капетанија и годинава ќе прават алкотестови на кајчарите

Post Views: 119 Контролите за управувачите на пловни објекти ќе продолжат и оваа сезона. Инспекторите од Капетанија ќе им прават алкотестови и проверка на управувачите на пловните објекти дали ги почитуваат законските одредби, информира капетанот Горан Устијаноски. Контролите кои лани за прв пат беа спроведени откриле бројни прекршувања на законот, меѓу кои и алкохолизирани кајчари со над дозволената количина на алкохол во крвта од 0,5 промили. „На терен најдовме меѓу другите и такви. Апелирам да се однесуваат совесно. Овој вид на пловидба во 90 проценти е рекреација каде што се...

Продолжи со читање

„Пејзажи на душата“ од сликaрот Стефан Хаџи Николов

Post Views: 120 Во ликовната галерија во Куќата на Робевци изложени нови дела на сликарот Стефан Хаџи Николов. Станува збор за негова 7 самостојна изложба во Охрид, во градот, за кој ќе рече, по Скопје,во кој  најмногу изложувал во Македонија. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во неговиот специфичен ликовен, уметнички сензанбилитет. „Посетителите  ќе видат дела создадени во последнитe две години. Делата се со нефигуративна тематика – пејзажи на душата. Тоа се дела каде влијанието на природата го пренесувам кон моето творештво. Сликите претходно беа изложени...

Продолжи со читање

Туристичкиот бисер среде главната туристичка сезона е градилиште

Post Views: 111 Во центарот на Охрид, но и на крајбрежјето како што е населбата Лагадин се гради во ек на сезона. Градежни зафати има на објекти, се прават реконструкции на улици, тротоари и на мостот кај каналот. Со еден збор градат и приватни инвеститори, но и локалната самоуправа. Градот е со прашливи улици и застој во сообраќајот, бука од рано наутро до доцна на вечер. Гостите ни заминуваат, се жалат приватните станоиздавачи. „ Туристите не доаѓаат каде што има бука, ѓубре, комунална нехигиена. Не им е пријатно да престојуваат во такви околности. И онака е слаба сезонова за...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Димче Коруноски е добитник на државната награда за уметничка фотографија „Благоја Дрнков“

Post Views: 117 Охриѓанецот Димче Коруноски ја доби државната плакета „ Благоја Дрнков“ на Деновите на македонската фотографија во Битола. Наградата посветена на доајенот на македонската уметничка фотографија е востановена во 2012 година по неговата смрт. Коруноски аплицирал на конкурсот за 55 -то јубилејно издание на државната изложба во две категории и тоа во колекција на фотографии и поединечна фотографија. Жирито во висока конкуренција на пристигнати уметнички фотографии ги избрало неговите фотографии од црквите Св.Јован Канео, Св. Богородица Перивлепта и Св. Климент и Пантелејмон...

Продолжи со читање