Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Започната законска процедура за избор на в.д Градоначалник на Охрид

Post Views: 4 Поради ненадејната, прерана смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, започната е законска постапка за избор на в.д градоначалник. Општина Охрид испратила известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54 од законот за локална самоуправа. Во моментов во општината нема овластен потписник и администрацијата не може да прими плата. За да може локалната да функционира ќе се избира в.д градоначалник. Од општината велат дека со скратени рокови тоа...

Продолжи со читање

Адаптација на Музеј на Археолошки вредности на Дебрца се планира во селото Требеништа

Post Views: 7 Во Музеј да се сместат вредните археолошки наоди и реплики на златните маски од Требеништа е планот на ЛС на Дебрца. Општината има намера јавно да ги презентира на едно место сите вредни артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Дебрца. За таа цел ќе се адаптира сега руинираниот задружен дом во селото Требеништа, најавува градоначалникот Зоран Ногачески како идна заложба. Додава дека средства за таа намена ќе се користат од пред пристапните фондови на ЕУ. „ Сакаме да го пренамениме во Музеј во дом на археолошките вредности на општина Дебрца. Тука да се...

Продолжи со читање

Амбициите на Дебрца општината да стане туристичка дестинација

Post Views: 5 Општина Дебрца во туристички цели ќе ги искористи културните, археолошките и природни вредности со кои е опкружена. Ова се идните планови и намери на општината која започна со првични археолошки истражувања на значајни локалитети. Како позначајни се споменуваат Требенишкото кале, кулите во Песочан и Годивје, како и локалитетот Градиште во Слатино. Тие се дел од проектот кој се релаира годинава ,а е насловен како „Дебрца археолошка топографија на стари градови и тврдини“. На бројни локалитети низ Дебрца работеа истражувачки археолошки тимови предводени од проф. д-р...

Продолжи со читање

Германски експерт смета дека депонија во сливното подрачје на езерото е грешка

Post Views: 3 Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца има нов аргумент со кој ќе го разубедува министерството за животна средина да не се гради регионална депонија во Годивје туку да бара друга локација во Југозападниот плански регион. Ногачески деновиве остварил средба со Манфред Шуберт, светски ескперт за енергетика кој има проектирано голем број фабрики за рециклирање и третман на отпад во Германија и светот. Градоначалникот го запознал експертот со решението дадено во Студијата за оценка на влијанието на животното средина за изградба на региоаналната депонија во...

Продолжи со читање

ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на НП Галичица

Post Views: 3 Националните паркови Галичица, Пелистер, Преспанско езеро и националниот парк Преспа кој ги опфаќа деловите во Македонија, Албанија и Грција ќе добиваат финансиска поддршка од Фондот за доверба Понт. Понт е добитник на наградата Pathfinder зa 2018 година меѓу 200 кандидати од целиот свет. Наградата се доделува за инвентивни решенија во заштитените подрачја. Фондот за природата Преспа- Охрид ја поддржува меѓугранична заштита на природата во екорегионот Преспа – Охрид кој ги опфаќа делови од Македонија, Албанија и Грција и вклучува 6 региони, напоменува Мирјам...

Продолжи со читање

Со песна и игри одбележани деновите на македонската култура во „ Јахја Кемал“ во Струга

Post Views: 7 Со звуците на македонска песна и игра се одбележани денови на македонската култура во приватното средно училиште „ Јахја Кемал“ во Струга. Учениците танцуваа, играа и пееа, рецитираа и глумеа одломка од драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател , стружанецот Ристо Крле.  Во организација на оваа манифестација учествуваа сите ученици  од 1 до 4 година, како и учениците од истоименото основно  училиште.  Сергеј Миладинов ученик од 3 клас беше  дел од  фолклорната група која  изведе сплет  игри од  „ Повардарка“. Миладинов е задоволен од одржувањето...

Продолжи со читање

Охрид доби етнолошка поставка

Post Views: 4 За прв пат Охрид доби целосна етнолошка поставка во рамките на Музејот Куќата на Робевци. Збогатена е богата постоечка збирка од археолошки артефакти со над 700 предмети пронајдени со најновите археолошки истражувања на Плаошник, Самоилова тврдина и Горна порта. Покрај тоа акцент е ставен и на етнолошките предмети од минатото на градот. Презентирани се најатрактивни предмети и облека од 19 век. Изложена е облека изработена од кадифе и срма од периодот на Ала Турка и од Ала Франга од свила и тантела, пропратени со уникатен филигрански накит, но и предмети од...

Продолжи со читање

Навреме завршени проектите финансирани од средства за регионален рамномерен развој

Post Views: 3 Во Охрид и Дебрца се навреме завршени сите проекти за кои беа обезбедени средства од Југозападниот плански регион и општините. Министерот за локална самоуправа, Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој заедно со претставници од центарот за југозападен плански региони и градоначалниците од Охрид и Дебрца га ги посетија детската градинка Развигорче на која беше реконструиран кровот, изградената пешачка патека кај Саат кулата и реконструираната училишна зграда во Волино. Сухеил Фазлиу, Министерот за локална самоуправа , изрази задоволство од реализираните...

Продолжи со читање