Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Нова сезона со стари комунални проблеми за хотел Далјан

Post Views: 108 И оваа сезона барањата на хотел Далјан да се осветли пристапот од главниот пат до влезот во хотелот и Извидничкиот центар останаа само на хартија. Приодот до овие два објекти кои во летната туристичка сезона се привлечни за многу гости во вечерните часови тонат во мрак. „Времето е прекрасно погодено. Летувалци полно, а проблемите остануваат. Наш проблем и на Извидничкиот центар е што во 21 век нема осветлување. Две бандери со светло настрадаа во сообраќајна несреќа, но и покрај нашите барања до ЛС светилките не се поправени, а пристапот од главниот пат до Извиднички...

Продолжи со читање

Со џез квартетот „Fourplay“ утре ќе старува Фестивалот Охридско лето

Post Views: 107 Светски познатиот, џез квартет Fourplay, утревечер, ќе го отвори 57 издание на „Фестивалот Охридско лето“. Во историјата на Фестивалот свеченото отварање ќе биде со програмска новина како што е џез музиката. Оливер Арсовски, директор на Фестивалот Охридско лето, напоменува дека за утрешниот музички спектакл и настап на џез квартетот има голем интерес. „За прв пат во фестивалското издание ќе има џез настан кој предизвика интерес кај публиката. За утрешниот концерт пристигнуваат љубители на џезот од цел регион. Новина се и џез вечерите на 19, 21 ,22 и 23 јули “, истакна...

Продолжи со читање

Три независни советнички листи собраа потписи за локалните избори

Post Views: 149 Три независни советнички листи доставени до Општинската изборна комисија Охрид ги собраа потребните потписи од граѓаните за претстојните локални избори. Покрај листите на кандидати за членови на советот е доставена и една листа на независен кандидат за градоначалник, информира  Марга Димковска, раководител на охридското одделение на Државната изборна комисија. Собраните потписи за трите советнички листи се од  „Охрид пред се“ и „Охрид има План Б“. Исполнета е и законската процедура за независниот кандидат за градоначалник Сенат Усеиноски, кој е исто така е од Независната...

Продолжи со читање

Вратата на градскиот базен е затворена

Post Views: 105 Двата отворени градски базени и денес не беа наполнети со вода. Влезната врата остана заклучена. Не беше дозволен влез во кругот на базените. Големиот базен е полупразен, а малиот воопшто не е наполнет со вода. Сезоната за капење е веќе почната и во осмиот ден од месец јули базените не проработеа. Се „удавија“ во вода ветувањата од СРЦ дека од 3 јули базените ќе се пуштат во употреба бидејќи подготовките за полнење се при крај. Телефонски го контактиравме Директорот на ЈП Билјанини извори, Ристе Мишев кој само кратко прокоментира дека базените се полни со вода и...

Продолжи со читање

Некои плажи на охридското крајбрежје сеуште немаат спасители и обележани капалишта

Post Views: 104 Некои од охридските плажи кои имаат концесионери и оваа сезона останаа без спасители и обележани капалишта. За помалку од еден месец од почнувањето на капачката сезона езерото однесе две жртви. Од Црвен крст кои се единствени овластени за обуки и издавње на лиценци на спасители на вода информираат дека на охридското крајбржје 40 посто од плажите немаат спасители на вода, а на струшкото крабјрежје тој процент е 50 посто. Тие веќе испратиле до Министерството за транспорт и врски, Капетанија и Локалната самоуправа ажурирани списоци со податоци кои плажи кои се под концесија...

Продолжи со читање

Ова се членовите на Комисијата што одлучи да се пресече борот кај Летница

Post Views: 221 Еколошки освестените луѓе упатуваат осуда за сечењето на борот кај Летница, критикувајќи дека сечењето треба да биде последна опција, а социјалните мрежи вријат со најразлични коментари. „Изгледа ќе чадит само афалт како во Скопје“,„Уште две три маси плус“,„Суви гранки се кастрат, цело дрво само кај нас“,„Страшно беше кога падна гранката. Таа беше трула и требаше само да ги потсредат гранките затоа што стеблово што го гледам е здраво. Не сум експерт ама душата ме боли“,„Од каде оваа омраза кон дрвјата. Како епидемија низ цела Македонија! Едно време имаше забрана...

Продолжи со читање

Зголемена побарувачката од осигурување од земјотреси

Post Views: 128 Земјотресите ја „размрдаа“ и побарувачката од осигурителни полиси. Граѓаните најчесто бараат информации кои се однесуваат на основното осигурување од пожар или домаќинско осигурување, укажува Ристана Николовска регионален менаџер од Сава Осигурување. Таа појаснува дека е потребно посебно осигурување од земјотрес. „Осигурувањето од пожар , основните ризици кои ги опфаќаат тие осигурување не влегуваат осигурувања од земјотрес. Граѓаните кои имаат и домаќинско оисгурување или пакет осигурување во кој влегуваат предмети, кражби, разбојништва, поплави, порој и други...

Продолжи со читање

НА „Танец“ ќе го отвори новото издание на Балканскиот фестивал

Post Views: 95 На Горни Сарај и вечерва ќе се ори фолклорната народна песна и игри од Балканските земји. Стартува 56-тото издание на Балканскиот фестивал на нарони песни и игри со целовечерен концерт на НА „Тане“ц. Серијата земјотреси кои го тресат Охрид досега не ги исплаши фолкористите да земат учество на добро познатата летна сцена. „Нема откажување во однос на земјотресите. Но, ако се случи тоа не е ни по наша ни по нивна вина. Тоа е Божја работа“, кусо одговори Горан Стојаноски, директорот на Центарот за Култура Григор Прличев. Охрид од далечната 1962 година со Балканскиот...

Продолжи со читање

Д-р Никола Бошале предупредува да се внимава што и каде се гради во Охрид

Post Views: 106 Доктор Никола Бошале предупредува да се применува науката, а градителите да внимаваат што и каде се гради во Охрид, по серијата земјотреси кои се случуваат во охридско. Денес се помалку се следат и се применуваат истражувањата на Институтите меѓу кои и на ИЗИИС за тоа какви се промените на земјиното тло. Земјата на која стоиме во Охрид не е еднородна туку разновидна. Потребно е да се следи и да бидиме внимателни кон земјините сили кои не познаваат граници , вели доктор Бошале. „ Ако се гради голем објект на тло за кое се мисли дека не е здраво , тоа е како да градиш...

Продолжи со читање

Нема повредени туку само интервенции на напади на паника во серијата земјотреси во Охрид

Post Views: 103 Во медицинските установи како последица од серијата земјотреси нема повредени граѓани туку само интервенции од панични напади од страв. Во охридската општа болница на хируршкото одделение не се евидентирани повреди како резулатат на земјотресите, информира д-р Димитар Арнаудов, раководител на хируршкото одделение при ЈЗУ „Општа болница“ Охрид. „На нашето одделение нема хоспитализирани како што ми пренесоа моите колеги со здобиени повреди од земјотресите директно или индиректно од страв , паника или бегање. Во докуменацијата ни еден пациент о доние кои сме ги тертирале...

Продолжи со читање

Орманци го прославија својот заштитник Чудотворецот Св. Наум Охридски

Post Views: 110 Верниците од христијанска вероисповед на 3 јули го слават споменот на Чудотворецот Св Наум Охридски. Луѓето ги посетуваат истоимениот манастир во комплексот Св. Наум , но и останатите цркви кои се посветени на светителот. Меѓу нив е и малата црквичка на Чекоштина над селото Орман.Бројни беа жителите од Орман, но и многу охриѓани кои дојдоа во црквичката посветена на Св. Наум да се помолат за здравје и бериќет на своите семејства. По утринската литургија и  кревањето на крсти кумот организираше заеднички ручек за верниците во чест на светителот. Годинава кумството...

Продолжи со читање

Во Охрид пристигнаа моторџиите Ноќни волци од славјанските зeмји

Post Views: 264 Моторџии од клубот „Ноќни волци“ од повеќе словенски земји пристигнаа во Охрид. Над 150 моторџии од повеќе земји учествуваат во проектот наречен Славјански свет. 20 дена ќе трае нивната мисија која почна од Нитра Словачка ,информира Томас Свинарски од Македонскиот мото клуб Ноќни волци. „ Нашата идеја е дека сите словенски народи се исти, влечат исти корени. Во клубот сите перфектно се разбираме од сите нации и религии, па зошто неможат да го направат тоа и другите луѓе“, кажува Свинарски. Моторџиите ќе поминат 3500 км и добиваат во секоја земја поддршка од локалните...

Продолжи со читање