Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патрониот празник

Post Views: 3 Општинското средно училиште Св. Климент Охридски со свечена програма го одбележа патрониот празник. Средношколците од охридската гимназија нижат успеси и достојно се носи името на словенскиот просветител, а училиштето се вбројува помеѓу подобрите образовни установи во земјава. „ Според успесите сеуште сме на врвот на Републиката. Во однос на средните училишта резултати имаме на сите полиња. Последни ни се успесите од ноември од полето на науката каде што наши ученици постигнаа врвни резултати и добија награди од сите природни науки“, посочува Весна Цветкоска...

Продолжи со читање

Фото клуб Охрид одбележува јубилеј две децении постоење

Post Views: 4 Членовите на Фото клубот Охрид со традиционална изложба посветена на Св. Климент Охридски одбележаа и јубилеј 2 децении постоење. 15тина членови на фото клубот презентираа 50тина уметнички фотографии. Клубот некогаш одржувал повеќе изложби , а сега се излагаат нивните уметнички фотографии два пати во текот на годината , на Денот на Езерото и на патронатот на градот Св. Климент Охридски. 20- те години постоење се потврда дека фото клубот се темели на чиста љубов, искрени и благородни намери на основачите долго да трае, истакна на свеченото отварање Ѓоко Симјаноски...

Продолжи со читање

Мал број на охриѓани одбиваат да се попишат

Post Views: 3 На една недела пред завршување на пописот, пописните активности течат без проблеми во Охрид. Заклучно до 22 септември попишувачите направиле попис на 30.955 лица, 18.470 станови и 10.608 домаќинства, информира Станко Стојаноски, координатор на Регионално одделение за статистика Охрид и државен инструктор.Има минорен број на граѓани, исклучоци кои на некој начин го одложуваат попишувањето. Тоа не го прават директно туку ги враќаат попишувачите со изговор да дојдат за 2-3 дена. Со тоа на повидок се некои граѓани кои одбиваат да бидат попишани од нивни причини....

Продолжи со читање

Се санира старата зграда на Маларична

Post Views: 3 Старата зграда Маларична од ЈЗУ „Здравствен дом“ после многу години се санира. Објектот е во лоша состојба изграден во далечната 1956 година. Тука голем број охриѓани и гости добиваат здравствени услуги од повеќе медицински служби меѓу кои итната медицинска помош, патронажната служба, стоматолошката служба и матични лекари по општа пракса. „ Настојуваме сега со санација да се тргнат азбестните плочи. Да се санира целосно кровот со квалитетен лим, стреите што се рушат да бидат опфатени со лим и да се фасадира од надворешната страна“, информира директорот на...

Продолжи со читање

Охридските земјоделци и овоштари имаат потреба од откупен-дистрибутивен центар

Post Views: 3 Се одржа презентација на нацрт верзија на физибилити студија за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар. На јавна расправа охридските земјоделци и овоштари дискутираа за потребата од изградба на ваков откупен дистрибутивен центар во охридскиот регион. Претставници на Секторот за туризам и локален економски развој од Локалната самоупрва, која е нарачател на студијата, на овој начин ги согледува потребите и бенефитот од една ваква инвестиција. „ Физибилити студијата треба да каже дали има оправданост од изградба на откупен центар со параметри...

Продолжи со читање

Во Охридското езеро се евидентирани шест неавтохтони видови риби

Post Views: 10 Биолозите од Хидробилошки институт детектираа видови риби кои живеат во Охридското езеро ,а не се автохтони видови. Рибите јабанаџии, како што ги нарекуваат шесте видови веќе подолго време се одомаќинети во езерските води, информира Зоран Спиркоски од Хидробилошкиот институт. Нивната намера е да се справат со нив, вели Спиркоски. „Ние настојуваме тој проблем да се реши не само во Охридското езеро туку и во сите води во Македонија. Нашите слатки води се богати со ендемични видови риби кои може да бидат загрозени и се загрозени од оние кои се странци во тие...

Продолжи со читање

Средношколците неодлучни дали и каде да го продолжат образованието

Post Views: 2 Охридските средношколци ќе добиваат совети како и каде по завршувањето на образованието со проект „Креативни умови креираат иднина“ од „Инова Либ“, здружение за иновации во библиотечното работење. Во проектот е вклучена и охридската национална установа библотека Григор Прличев која ќе им помага при насочувањето на младите. Совети ќе се делат како да се снајдат на пазарот на трудот и како да го изберат соодветното високо образование информира Јелена Петровска библиотекар советник од Битолската универзиетска библиотека Св Клиемент Охридски и претседател на УО на...

Продолжи со читање

Охридските советници едногласно изгласаа мерки за спас на плашицата

Post Views: 4 На вонредна седница охридските советници едногласно усвоија мерки за понатамошен спас на плашицата во каналот Студенчишта. За поморот на плашицата кој минатата недела се случи во каналот никој не сноси одговорност затоа што и никој не управува со езерото. Сега со мерки на Советот ќе се бара системско решавање на пропустите за во иднина да не се случуваат слични ситуации , се согласија охридските советници. Од Вмро Дпмне кои ја иницира вонредната седница произлегоа и предлог заклучоци за да се преземат активности за да се запрат еколошки катастрофи врз...

Продолжи со читање