Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Двата градски базени во СРЦ „ Билјанини извори“ се полнат со вода

Post Views: 176 Двата отворени градски базени се полнат со вода. Сезоната за капење е веќе почната, а големиот и малиот базен на СРЦ Билјанини извори е во фаза на подготовка за да биде пуштен во употреба деновиве, информира Миле Чавдаров раководител на градскиот базен. „ Вчера ги набавивме основните средства за хлорирање и филтрирање на водат. Технички исправнсота на водата за капење ќе ја потврди заводот за здрвствена заштита.Од понеделник од земените мостри ќе покажат каква е водата во базенот“, вели Чавдаров. На градскиот базен дневно бараат разладување голем број капачи. Најчесто...

Продолжи со читање

Разни моторни возила возат на рекреативната патека

Post Views: 92 Загрозена безбедноста на пешаците на рекреативната патека. Во вечерните часови , но и среде бел ден се забележуваат моторни возила кои се движат по пешачката зона за рекреација. Од СВР Охрид се согласуваат дека од страна на несовесни возачи се вози на рекреативната патека и најавуваат позачестени контроли и санкции за прекршителите. Од трите приоди кон патеката само на еден има прописно поставен сообраќаен знак , а на останaтите два од Рача и хотелскиот комплекс Парк сигнализација нема. Изостана и бетонските жардинери кои беа заштитена бариера од несовесните возачи....

Продолжи со читање

Родителите да ги почитуваат истакнатите предупредувања за користење на детскиот парк на Кеј

Post Views: 149 Детското рекреативно забавно катче на кеј Македонија предизвика голема радост кај децата. Монтирањето на реквизитите заврши , но не и поставувањето на гумираниот заштитен под. Гумираниот под ќе биде поставен деновиве, а се очекува паркот да биде пуштен во употерба на 1 јули. Во меѓувреме предупредувањата и траките на реквизитите покриени со најлон беа отстранети од несовесни граѓани за да можат децата да ги користат. За да не дојде до онаа народната од играчка до плачка од локалната упатуваат порака до родителите. Од локалната самоуправа апелираат родителите да...

Продолжи со читање

Жолтиот локвањ го има на сосема мала површина на Мазија

Post Views: 111 Само два цвета од Жолтиот локвањ процветаа на мала крајбрежна површина на Мазија. Опстанокот на жолтиот локвањ на овој локалитет и понатака е загрозен од растителниот отпад во езерските води. Лимнологот д-р Марина Талевска напоменува дека жолтиот локвањ на Мазија се гуши во растителен отпад, тиња и трска кој се причина за негова стагнација на ширењето. За целосно да не се уништи потребна е чиста средина и поволни услови во кој опстојува. Овој воден цвет кој некогаш го имало во изобилство и ширел пријатен мирис на овој потег , во минатите година заради неповолни...

Продолжи со читање

Течат уписите за прва година во охридските средните училишта

Post Views: 149 Започнаа уписите во прва година во четирите охридски средни и стручни училишта за учебната 2017/2018 година. Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во прва година според објавениот конкурс може да се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик со минимум 60 поени. Ѕвонко Трпески , директор на гимназијата задоволен од интересот на завршените деветоодделенци да бидат дел од нивното училиште. „ Денешниот интерес покажа дека учениците се запишуваат за продолжување на своето понатамошно образование. Во првиот уписен ден беа пријавени над 170 ученици“, напоменува...

Продолжи со читање

Граѓански активисти спроведоа акција за чистење на брегот во Далјан

Post Views: 241 Охридската населба Далјан е почиста со 50 вреќи собрано ѓубре фрлено од несовесни граѓани. Дваесеттина волонтери, еко активисти од „Чист Охрид“, „Не биди ѓубре“, „Енхелеус“, „Охрид СОС“ спроведоа акција на потегот од кампот „Партизан“ до Извидничкиот центар, за чистење на ѓубре и цврст отпад од брегот и јавните површини. Собрани се големи количини отпад депонирани на несоодветно место од несовесни граѓани на крајбрежјето на Охридското Езеро, напоменува Бобан Трпески од „Чист Охрид“.Беа собрани над 50 вреќи, најмногу од облека и обувки оставени од диви кампери...

Продолжи со читање

На Кеј Македонија се монтира забавен детски парк

Post Views: 145 Забрзано се прават завршните работи на склопување на реквизитите кои ќе го сочинуваат детското рекреативно забавно паркче. Детскиот парк ќе функционира во паркот покрај кејот Македонија, инфoрмираат од Фондот за комунален развој. „ Во моментов се опремува ова детско повеќе наменско игралиште. Станува збор за играчки и реквизити кои се донација од Репубилика Турција донирани на одделението за туризам и локален економски развој. Реквизитите ќе бидат безплатни, а се уникатни за регионов и за прв пат се поставуваат во Охрид “, вели Љупчо Танески од Фондот за комунален...

Продолжи со читање

Литија со моштите на Св. Георги во Струга

Post Views: 208  По трет пат во Струга се одржува литија со моштите на Св. Георги Победоносец во истоимената градска црква. Моштите беа донесени од истоимениот манастир од Рајчица, Дебар. На процесијата синоќа присуствуваа голем број верници. Масовноста на православните верници од година во година станува се поголема. Повозрасните стружани се потсетија на некогашните времиња кога се празнувал овој ден. За нив овој ден е најзначаен. Прославата на овој ден не запрела, ни како што велат, во периодот на едноумието. Раскажуваат дека на Ѓурѓовден се одело в црков, попот вртел околу црквата...

Продолжи со читање

Француски филмови во Охрид ќе се прикажуваат во септември

Post Views: 125 Фестивалот на француски филм во Македонија одбележува една деценија постоење. Половина од овој временски период фестивалот има нова концепција. Од Фестивал на францускиот филм во Охрид се преименува во Француски филм во Македонија. Десеттото издание годинава има нов пристап во презентирање на француската кинематографија во земјава, вели охридскиот филмски критичар Ѓоко Симајноски. Додава дека на 24 јуни во Скопје започна фестивалот, а ќе продолжи во десеттина градови низ земјава со прикажување на по три филмови. Проекциите веќе се одржаа во Велес и Прилеп. Организаторот,...

Продолжи со читање

Одбележан 24 јуни Денот на Балканските египќани.

Post Views: 280 Одбележан 24 јуни денот на Балканските Египќани. На прославата присуствуваше и министерот за култура Роберт Алаѓозоски. При тоа министерот кажа дека определба на новата Влада е да гради едно општество за сите, еднаквост во правата и можностите на сите заедници. „Во областа на културата ќе дејствуваме во правец на децентрализација на културно развивање на можностите да допре до секој граѓанин без оглед на припадноста и местото на живеење. Создаваме нови можности за вистинско и успешно унапредување на културата на сите заедници. Со особена грижа на оние заедници кои...

Продолжи со читање

Ревидирање на проектите Скопје 2014 и Плаошник, најави Министерот за култура од Охрид

Post Views: 140 Министерот за култура, Роберт Алаѓозоски од Охрид најави дека ќе се ревидираат проектите Скопје 2014 и Плаошник. Рефасадирање и разместување на спомениците од проектот Скопје 2014 оваа година не е приоритет. Но, вети ревизија во состојбите, кои потоа ќе се стават на увид на граѓаните. Наскоро ќе излезат со детали и за проектот на Плаошник, каде ќе се утврдува колку и со каква катност се градени објектите на охридскиот локалитет.  „ Ќе има ревидирање во новиот ребаланс на буџетот и одредени зафати во однос на Плаошник. Сериозно пристапуваме на проблемот.Наскоро...

Продолжи со читање

Соопштена Програмата на годинешните СВП

Post Views: 102 На годинешното издание на СВП ќе бидат присутни 30 учесници од 5 континенти, а меѓу нив и голем број поетски звезди од сите меридијани. Кинескиот поет Дуо Дуо, лауреатот на Торонто, Ен Мајклс, најатрактивниот полски поет Ришард Криницки, ова се дел од триесетината поетски имиња кои ќе учествуваат на 56 издание на „Струшките вечери на поезијата“ , истакна Славе Ѓорго Димоски, Претседателот на УО на СВП. Ѓорго Димоски ја соопшти програмата на годинешното издание на поетската манифестација , а најави и нови содржини. „ Тие пред се се однесуваат на сценски прикази и...

Продолжи со читање