Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Германскиот експерт Рајнхард Прибе одржа предавање на Школата за природно право

Post Views: 126 Рајнхард Прибе, правен експерт , дипломат од кариера и изготвувач на Извештајот за Македонија, кој беше составен дел од Пржинскиот договор, денеска присуствуваше на Охридската школа за природно право. Прибе пред магистрантите и докторите по право и политички науки имаше излагање во врска со владеењето на правото и европските интеграциски процеси. Прибе пред новинарите кажа дека не е дојден во политичка посета туку на средба со учесниците на школата пред кои ќе зборува за демократските предизвици на земјата и функционирањето на вредностите на Европската унија. „...

Продолжи со читање

СЈО до Судот идната недела ќе достави нови обвинителни акти

Post Views: 96 Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од Охрид порача дека поголемиот дел од истрагите што се спроведени од СЈО очекува да завршат со обвиненија. Таа истакна дека за некои лица ќе се поднесе обвинителн акт , а за други ќе има запирање на истрагата и отфрлање на обвиненијата. Идната недела ќе бидат донесени јавни обвинителни одлуки, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.Изрази уверување дека Судот ќе покаже интерес за доказите на СЈО и основите врз кои се поднесени обвиненијата. Очекува Судот да ги поддржи и потврди обвиненијата, со цел истите да...

Продолжи со читање

Пратеничка група ќе лобира да се заштити Охридскиот регион под Унеско

Post Views: 98 Формирана неформална група „Пратеници-пријатели на единственото УНЕСКО подрачје во Македонија – Охридскиот регион“ . Групата ќе делува во рамките во Собранието на иницијатива на Националниот демократски институт и Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42. Ова претставува позитивен пример за успешна соработка помеѓу пратениците од различни политички провениенции, невладиниот сектор и граѓаните. Заедничка цел ни е да ги вложиме сите капацитети и да придонесеме за зачувување на Охридскиот регион – нашето единствено светско природно и културно наследство, напоменува...

Продолжи со читање

Охридските советници од ВМРО ДПМНЕ ја прашуваат новата влада зошто се сопрени работите на автопатот Кичево- Охрид

Post Views: 105 Владата итно да даде одговор зошто се сопрени градежните работи на делницата на автопатот Кичево Охрид, бараат охридски советници од ВМРО ДПМНЕ. Тие укажуваат на големата потреба од овој инфраструктурен проект за граѓаните, туристите и индустријата. „Замолуваме и инсистираме во најбрз можен рок да продолжат градежните активности во интерес на граѓаните. На овој автопат мора да продолжи изградбата и да нема негативен пристап кон капиталните проекти започнати за време на владата на ВМРО ДПМНЕ и непотребно да не е на штета на граѓаните“, порача Ангел Јанев  советникот...

Продолжи со читање

Се излеа колекторска цевка кај Рача

Post Views: 104 Граѓани до нашата редакција реагираа дека неколку денови во попладневните часови истекува вода од колекторскиот систем кај рекреативната патека кај Рача. Тие претпоставуваат дека се работи за фекалии од колекторската цевка која поминува на овој потег и завршуваат во речниот канал кај Рача а потоа се влеваат во трската во езерските води. Покрај овој проблем граѓани укажуваат и на сличен проблем кај големиот канал пред дискотеката Парк. Кажуваат дека со месеци забележуваат како истекуваат фекалии во каналот и се шири непријатна миризба. Повторно во попладневните часови. ТВМ...

Продолжи со читање

Локацијата каде што е преместен градскиот пазар не е најсоодветно решение

Post Views: 122 Просторот каде што сега е сместен градскиот пазар е крајно несоодветен. Во пазарот е темница, а продажните тезги се збиени една до друга, така што купувачите едвај се разминуваат при пазарење. Во пазарен ден во понеделник е вистински хаос. Закупците и купувачите се жалат на лошите услови, а продавачите се жалат дека на пазарот има се помалку купувачи. – Пазарот не е добар, хигиената е лоша.– Не сме задоволни од условите во пазарот.-Под ламарината сме како под сач над нашите глави, жешко е, а нема ни место каде да ја оставаме за дотур робата која ја продаваме....

Продолжи со читање

Спој на нови вкусови комбинирани со домашни сортни вина,на мени во охридските ресторани

Post Views: 114 Брускети со песто и пршута со диња се дел од менито на винаријата  „Мал Св.Климент. Винаријата нуди и други специјалитети подготвени од свежи продукти во комбинација со неколку видови домашни сортни вина. За изборот на менито со јадења, сосови и преливи кои ќе се служат со винска карта задолжен е шефот Синиша Салатиќ со над 3 децениско угостителско искуство во светски реномирани ресторани. Врвниот гастроном Салатиќ кој има и македонско потекло, открива која е неговата намера по долгогодишната кариера во ресторани во западно европските земји да дојде во Охрид. „Имав...

Продолжи со читање

Охриѓани и стружани пијат исправна вода од градските водоводи

Post Views: 92 Водата во градските чешми во Охрид и Струга, а и во Дебрца е безбедна за пиење информираат од Центарот за јавно здравје. Нивните анализи од испитувањето на квалитетот на водата во последните 3 месеци покажале дека водата е со добар квалитет. Но тоа не случај со селата кои пијат нехлорирана вода веќе подолг временски период како што се Вапила, Ливоишта, Свиништа, Куратица, Елшани. „Дел од селските водоводи имаат неисправна вода за пиење. Недостасува дезинфекционо средство во најголем број на случаи, но има и микробилошки загадувања кои може да се опасни за населението...

Продолжи со читање

Исечените дрва на булевар Туристичка наскоро ќе се заменуваат со нови

Post Views: 96 Комисијата за сечење дрва од одделението за животна средина при Локалната самоуправа на барање на оделението за комунален развој донела решение да се исечи дрворедот на булевар Туристичка на влезот на градот. Во барањето било наведено дека кореновиот систем прави проблем на атмосферската канализација. Дипл. шум. инж Јовче Цветкоски вели дека доколку дрвата прават проблем со кореновиот систем и го подигаат асфалтот има решение кое го применуваат во цивилизираните и еколошки освестени земји. „Дрворедите се на тротоар и се прават лесни санации со мали градежни зафати....

Продолжи со читање

Започнаа уписите во пливачкaта школа „Делфини 2012

Post Views: 117 Летото е време за спорт, релаксација и рекреација. Период кога децата кои не знаат да пливаат можат да ги совладат и научат пливачките техники. Тоа можат да го направат на градскиот отворен базен под менторство на ренормираното име во овој спорт професор Соња Думбаловска Делова. Пливачката школа „Делфини 2012“ веќе 6 години по ред е место каде охриѓанчињата можат да ги совладаат, но и да ги усовршат пливачките техники. Уписите во школата се во тек, напоменува професор Соња Думбаловска Делова.   „Секако приоритет ни се малите деца кои треба да ги научиме да пливаат...

Продолжи со читање

Сообраќајниот знак забрането паркирање и задржување кај Капетанија не се почитува

Post Views: 232 На прагот од новата туристичка сезона се повторуваат старите, познати комунални проблеми. Еден од нив е непочитување на сообраќајните знаци кои доведуваат до создавање метеж на охридските улици. Дел од улицата која ги поврзува улиците Коста Абраш и Самоилова повторно е во сообраќаен хаос. Полицијата и овој пат не презема ништо да се реши сообраќајниот хаос во овој дел од градот. На просторот каде што е поставен знакот има бројни паркирани автомобили со охридски, но и со странски регистарски таблички. Дополнително се забележуваат и возила кои вршат дотур на стока...

Продолжи со читање

Туристичката понуда во Охрид збогатена со првата бутик винарија Мал Св.Климент

Post Views: 243 Во првата охридска бутик винарија Мал Св.Климент љубителите на добрата капка може да дегустираат и купат високо квалитетно домашно вино. Виното е од првата регистрирана берба на грозје 2016. Произведени се неколку сорти вина од грозје од охридскиот реон. Покрај виното, во винаријата се нуди и храна. Дел од тимот е врвниот шеф од светска класа Синиша Салатиќ кој приготвува извонредни специјалитети. Се приготвуваат тестенини, салати, брускети со свежи зачини, вели охридскиот стопанственик Будимир Соколовиќ регистриран винопроизводител. „Посебно ми е драго што ќе се...

Продолжи со читање