Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Голем интерес за запишување на децата во охридските градинки

Post Views: 85 Долга е листата на чекање за упис на децата во еден од петте објекти и четири подрачни градинки во Охрид. Голем е интересот за згрижување на децата во охридските градинки. Родителите на околу 240 деца бараат слободно место. Од градинката Јасна Ристеска напоменуваат дека точната бројка на сободните места ќе се знае во август. „Ќе се потрудиме да примиме колку што е можно повеќе деца. Станува збор за деца од сите возрасни групи. Не ќе има можност сите да се згрижат, но колку што можеме ќе се потрудиме да прифатиме, за родителите да можат да го остварат својот работен...

Продолжи со читање

Државата има обврска да обезбеди услови за работа на новинарите

Post Views: 115 Пред новинарите се исправени голем број предизвици за подобрување на состојбите во медиумите, истакна Насер Селмани претседателот на ЗНМ. Тој се сретна со охридските новинари членови на здружението.При тоа напомена дека државата  има обврска да обезбеди услови за работа на новинарите. Од понеделник Селмани ги најави разговорите кои ќе следуваат со новата влада за да се изгради нов медиумски систем во држават поучени од досегашните искуства. „ Прво што ќе бараме од новата влада да најде механизам да престане насилството врз новинарите. Мора да се најде механизам...

Продолжи со читање

Пролонгирана постапката за изградба на првата катна гаража во Охрид

Post Views: 87 Постапката за избор на фирма што ќе ја изработи проектната документација за катната гаража кај Ривиера е поништена. Проектантската фирма која на првиот оглас била избрана како најдобра за идејното решение и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор не се усогласиле во цената на проектирање по метар квадратен. Најчесто досега во изградбата на катната гаража по метар квадратен проектот изнесуваше од 5 до 10 евра, за ТВМ Телевизија, информира Цветко Грозданов директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. „...

Продолжи со читање

Реформи во јавната адмнистрација, најави министерот Манчевски

Post Views: 113   Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски оствари работна средба со Пецо Грујовски претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани. При тоа претседателот на УПОЗ напомена дека од новиот министер ќе бараат измени, на како што велат штетниот Закон за административни службеници . Законот е на сила 10 -тина години, а претходниот министер тврдел дека отстапки нема да има бидејќи е европски закон, вели Грујовски. Веруваат дека со новиот министер ќе ги усогласат предлог измените. На листата на барања е...

Продолжи со читање

Запирање на сите проекти во НП Галичица стои во заклучокот Монитринг мисијата на Унеско

Post Views: 179 Стоп за сите проекти во НП Галичица предлози на поранешната влада, препорачува во заклучокот Монитринг мисијата на Унеско. Состојбата со Охрид е оценета како сè поранлива во новиот извештај на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации (УНЕСКО) за степенот на зачуваност во подрачјата прогласени за светски наследства. Како главна причина за можната деградација се наведени предвидените инфраструктурни проекти а посебно експресниот пат Охрид Св Наум и ски центарот на Галичица. „ Она за што е дадена препораката е овие деструктивни проекти особено...

Продолжи со читање

Охриѓани со различни ставови колку градот има чиста животна средина

Post Views: 179 Охриѓани подeлени во своите перцепции колку Охрид и околината се еколошки чисти. ТВМ ги анкетираше граѓаните на тема дали се задоволни од колку е чист градот и колку се внимава на животната средина. Некои не се задоволни , а други сметаaт дека Охрид има најчиста животна средина. -„ Граѓаните не обрнуваат многу внимание. Фрлаат ѓубре каде што не му е местото јавно пред очите на другите, а да не зборуваме за одлагањето отпад на места каде што не ги гледаме“.-„Тече вода по улиците,насекаде има расфрлани депонии ама кој ги гледа. Од Чинарот до Горна Порта туристите...

Продолжи со читање

Еко пораки упатени од Охрид

Post Views: 258 „Екологијата се учи од мали нозе“, „ Ја сакам природата , го сакам животот“, „ Мисли глобално делувај локално“, беа само дел од пораките кои охриѓани ги упатија по повод Светскиот ден за заштита на животната средина. По охридските улици со дефиле членовите од групата „Најди време“ при Црвениот крст од Охрид заедно со младите волонтери учествуваа во подигање на јавната свест за односот на човекот кон животната средина. „ Денес го одбележуваме тој ден. Сакаме да кажеме дека светот останува на младите тие ја наследуваат планетата Земја и да знаат да ја чуваат животната...

Продолжи со читање

На охридскиот туризам му недостасува софтвер за електронско пријавување на туристи

Post Views: 106 Општинскиот инспекторат и Државниот завод за статистика прикажуваат различни бројки на остварени ноќевања на охридското крајбрежје. Така, за 2016 година Општинскиот инспекторат во книгите на станоиздавачите и хотелите евидентирале 469.324 ноќевања, а државниот завод за статистика 800.000 ноќевања. Oд одделението за туризам при ЛС велат дека иако станува збор за различна методологија на обработка на податоците, не е негираат дека дел од станоиздавачите продолжуваат да ја прикриваат туристичката такса и да не ги пријавуваат реализираните ноќевања. Додаваат дека сепак...

Продолжи со читање

„По стапките на А. Ден Долард“ изложба на стари фотографии од Струга

Post Views: 115 Стотина слики од Струга и струшко кои датираат од 70 -тите години на минатиот век се изложени во Домот на културата „Браќа Миладиновци“. Холанѓаните Marja Koopman, Fred Volpp и Carlus Koopman, кампувајќи на брегот на езерото, во струшкиот регион, во периодот од 1973 до 1975г. со своите фотоапарати и видео камери зачувале дел од минатото на Струга. Станува збор за стари фотографии кои не навраќаат во минатото, на кои се прикажани моменти од животот на луѓето во тој период. На фотографиите се зачувани струшките сокаци и архитектура, обичните луѓе, музичари, обичаи...

Продолжи со читање

Oхридскиот Brein o Brein со прв демофестивал

Post Views: 103 Прв Демофестивал одржаа од прогармата Brein o Brein. Учениците кои го посетуваат центарот пред голем број посетители ги покажаа вештините кои ги научиле па така свиреа , пееа, танцуваа, а истовремено и сметаа. Учествуваа над стотина деца од сите нивоа на програмата , информира Валентина Кузманоска координатор инструктор во центарот бреин о бреин. „Покрај вештините со абакус и менталната картичка ги видоа децата и во друго светло и способностите и талентите ,свирење, пеење, играње со пресметување и мултитастинг , истовремено да се обавуваат неколку активности“, вели...

Продолжи со читање

Охридската ривиера располага со многу апартмани од висока категорија

Post Views: 164 На охридското крајбрежје има над 90 регистрирани апартмани од висока категорија. Оваа бројка пред 4 години била скоро двојно помала, информираат од одделението за туризам при ЛС. И додека бројот на регистрирани легла во приватното сместување квантитативно е стандарден, расте квалитативната понуда на апартманското сместување, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер. „Она што е упадливо и значајно што бројот на апартманите со една ѕвездичка опаѓа.Во моментов нема апартмани од најниска категорија, додека бројот на апартмани со 2, 3 и 4 ѕвездички се зголемува. Ако се направи...

Продолжи со читање

Продолжува негрижата за заштитениот објект Св. Сава

Post Views: 288 Запуштената зграда Св. Сава во Месокастро станува се поопасна за минувачите. Продолжуваат да паѓаат одронети ќерамиди, делови од фасадата, а и искршено стакло од руинираните прозори. Жители од овој дел на старото градско јадро и родители на деца кои учат во основното училиште „Св Климент Охридски“, кое е во непосредна близина на објектот, стравуваат за безбедноста на минувачите кои го користат патот покрај неа, а кој води кон основното школо и Метеоролошката станица.Објектот на некогашното училиште Св Сава се распаѓа. Сопственикот на објектот ГП Гранит близу...

Продолжи со читање