Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Дебрчани градат црква на локацијата предвидена за регионална депонија

Post Views: 2 Во Дебрца нема да се гради регионална депонија додека јас сум градоначалник, порачува Зоран Ногачески. Најави јавни дебати со ресорното министерство каде што ќе се соочат со против аргументи. Ногачески се повикува на претходно изработената документација за регионалниот интегриран систем за управување со отпад изработена од грчки консултант од пред две години во која има друго решение за лоцирање на регионалната депонија. „ Во меѓунроднатиот план за управуавње со регионачанат отпад стои дека најсоодветна локација е напуштениот рудник за лигнит Осломеј, покрај ова...

Продолжи со читање

Се зголемува бројот на откриени случаи на рак на дојка во охридско-струшкиот регион

Post Views: 4 Ракот на дојка во охридско–струшкиот реон во последните 3 години е во пораст, информира д-р Жарко Даскалоски специјалист по радиодијагностика  од Здравствен дом Вевчани. Статистиката покажува дека во  2011 година било откриено 31 заболување. Во еден случај е евидентиран карцином на дојка кај маж. Во 2012 бројот бил 25, додека до септември оваа година се откриени 25 случаи, од кои 2-ца биле мажи. Загрижува податокот што при порастот на откриените заболувања се поместува старосната граница  и се почесто иммногу млади  пациентки со откриен рак на дојка, укажува д-р...

Продолжи со читање

Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца даде отчет за едногодишното работење

Post Views: 4 Зоран Ногачески даде отчет за едногодишното работење од преземањето на градоначалничкат функција во општина Дебрца. Градоначалникот на прес конференција ги презентира сработените проекти, домаќинско управување со општинските ресурси и драстичното намалување на сите непродуктивни трошења. Истакна дека финансискиот наследен долг на општината од 8 милиони денари е намален. „ Во изминатиов период работевме домаќински. Како резултат на тоа за една година успеавме да исплатиме околу 2.500.000 денари од наследените долгови, со што моментално по основ на преземени, а...

Продолжи со читање

Министерството за образование ќе гради спортска сала во Вевчани

Post Views: 3 Жителите на општина Вевчани ќе ја добијат долго очекуваната спортска сала. Општината инвестираше со сопствени средства во подигање  на потпорните ѕидови , а денови се очекува и поставување на камен темелникот на салата со површина од 700 м квадратни, информира градоначалникот Цветомир Угриновски.„Тоа е спортска сала од поголем тип со 500 седишта и две соблекувални. Ќе може да се играат спортски натпревари, изградбата на салата ќе чини околу 700.000 евра , а ќе ја финансира министерството за обарзование. Очекуваме  до јуни месец, идната година да биде завршена. Сите...

Продолжи со читање

Падна уставноста на ДУП за урбана зона еден во старото градско јадро

Post Views: 3 Падна одлуката на Советот на општина Охрид за измените на Деталниот урбанистички план за урбана зона 1 блок 1.2 , 1.4 и блок 3.4. Уставниот суд на Република Македонија ја укина одлуката на охридскиот совет донесена пред 4 години која се однесува на потегот кој го опфаќа брегот на езерото по улиците Илинденска и Кирил и Методиј, го заобиколува калето и завршува на езерскиот брег кај местото Грданов мост и мал опфат од населбата Кошишта. Одлуката ја потврдува Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид, кој информира што стои во обемното образложението на Уставниот...

Продолжи со читање

Охридската полиција даруваше лампиони на учесниците во сообраќајот

Post Views: 5 Традиционално охридската полиција им посака среќни празнични денови на гостите и охриѓани со симболично дарување на новогодишни лампиони. Овој превентивен проект СВР Охрид го реализира 13-та година по ред во соработка со Интернационалната полициска асоцијација. Целта е да им посакаме среќна Нова година на туристите кои доаѓаат во Охрид, но и на охриѓани, да ги потсетиме во празничните денови да внимаваат на личната и јавната безбедност, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.Воедно да им укажеме на почитување на одредбите од Законот за јавен ред и...

Продолжи со читање

Светски компании присутни на СРЦ Билјанини извори со Тим билдинг настани

Post Views: 2 СРЦ Билјанини извори е избор за одржување на тренинзи за професионалните спортисти , но се поатрактивен станува и за спортистите рекреативци. Познати светски компании го избираат охридскиот спортски центар за организирање Тим билдинг настани за своите вработени. Така од крајот на август до ноември оваа година на терените на СРЦ Билјанини извори спортувале околу 2000 рекреативци кои оствариле 5000 ноќевања во охридските хотели, информира Гордана Јованоска, директор на спортскиот центар. Во изминативе месеци , надвор од туристичката сезона, на нашите терени...

Продолжи со читање

Во Охрид ракот на простата по број на заболени на 4-то место од малигните заболувања

Post Views: 3 Во охридската Општа болница во 2017 година од малигни заболувања се лекувале 579 пациенти. Од нив кај 207 лица бил дијагностициран рак на простата или 36,1 процент, информираат од Центарот за јавно здравје. Стсистиката покажува дека од нив 51, 2 посто биле на возраст од 65 до 74 години, над 75 години биле 36,7 посто и 11,1 посто биле на возраст од 55 до 64 години, укажува д-р Слободанка Коцевска. „ На 4 место по бројот на заболувањата е карциномот на простата. За него многу помалку се зборува од карциномот на матка и дојка, барем во нашата средина“, напоменува...

Продолжи со читање