Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Кошаркарското игралиште искршено и нефункционално во СРЦ Билјанини извори

Post Views: 4 Демолирани обрачи од кошевите на кошаркарското игралиште на СРЦ Билјанини извори. Нема и осветлување на спортските терени, на овие состојби укажуваат граѓани во нивните забелешки доставени во анкетата во рубриката „ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД“.Во забелешките напишале „Обрачите од поставените кошеви на кошаркарското игралиште во Билјанини извори се искршени и нефункционални. Рефлекторите не работат, не се пуштаат за да може да рекреираат децата и граѓаните барем до 22 часот“. Гордана Јованоска , директорка на ЈП „Билјанини извори“, информира дека во летниот период во...

Продолжи со читање

Организаторите на концерти во Охрид не ги почитуваат законските обврски кон Црвен крст

Post Views: 5 Организаторите кои одржуваат концерти и спортски настани во Охрид избегнуваат да го уплатат процентот од продадените влезници на сметката на црвен крст, посочува Сашо Точков претседател на општинската организација на Црвен крст. Со избегнување на законската обврска буџетот на организацијата е посиромашен . Тоа пак се одразува на помагањето на луѓето во социјален ризик кои секојдневно во се поголем број тропаат на вратата на црвен крст барајќи помош, појаснува Точков. „Наназад со години има злоупотреби од фирмите, институциите и организациите кои одржуваат...

Продолжи со читање

70 семејства во социјален ризик добија хуманитарни пакети

Post Views: 7 Поделени социјално хуманитарни пакети на 70 охридски семејства во ризик. Покрај овие семејства ОО ЦК и Локалната самоупрва во кампањата Недела за борба против гладта помогнале и на 250 други семејства кои имале потреба од помош на заедницата. Локалната самоуправа постојано се вклучува и ги поддржува граѓаните во ризик,, напоменува градоначалникот Јован Стојаноски. „ Настојуваме на секаков начин колку што можеме да им помогнеме на социјално загрозените семејства. Разбираме дека ова е мала мерка, но им значи на социјално загрозените семејства. И понатака ќе ја...

Продолжи со читање

ЈП Билјанини извори задоволно од наплатата на паркирање

Post Views: 5 Новините во наплата на паркирањето донесоа позитивни резлтати во работењето на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со паркинг зоните. За седум месеци од кога беа применети новите начини на наплата со СМС пораки и  гребни картички од јавното претпријатие информираат дека се зголемува инкасирањето на повеќе финансиски средства, се растеретува службата за наплата и гужвите при паркирањето. Сега завршува 9 месечниот период и ако се споредат приходите со 2016 година ќе се согледаат подобрувањата од наплатата, напоменува Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини...

Продолжи со читање

Месец на книгата и во Охрид со мини саем во библиотеката Григор Прличев

Post Views: 4 НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Матица Македонска организираат мини саем на книгата. Пет дена ќе трае мини саемот на кој ќе бидат презентирани повеќе од 200 наслови од домашни и странски автори.Настанот е во знак на одбележување на Месецот на книгата кој почна на 15 октормври и ќе трае до 15 ноември. Ова е можност љубителите на белетристика да набават за своите домашни библиотеки интересни наслови без да патуваат во Скопје. Благодарност до издавачката куќа  Матица Македонска ги има изложено своите книги. Но тоа не значи во иднина да немаме и други издавачки...

Продолжи со читање

Најлонските ќеси стануваат луксуз од 1 декември

Post Views: 3 Се зголемува цената на најлонските ќеси, а граѓаните ќе треба да платат 15 денари за парче. Ова е најновата измена со стапување на сила на новиот закон за управување со пакувања и отпад од пакувања кој треба да ја намали употребата на пластични ќеси. Здравко Савески од Иницијатива за забрана за употреба на пластични ќеси, вели донесувањето на овој закон е за поздравување, но со задоцнување од 1,5 година. Напоменува дека постоела ваква забрана во Македонија од 2012 година која не ја намалила употребата на пластични ќеси, туку земјата се преплавила со ваков отпад....

Продолжи со читање

Затајува земјоделската инспекциска врз посевите во охридско

Post Views: 6 Еколошки свесни производители на овошје и зеленчук од охридско реагираат дека затајува земјоделската инспекциска контрола врз земјоделските и овоштарските плантажи. Во регионот нема контрола врз посевите иако државата за таа цел има обучено 15 инспектори , инфромира охридскиот овоштар и земјоделец Ванчо Стојаноски . „ Не сме имале контрола. Во една прилика реков државата обучи инспектори ама најдобро е ние д а си донесеме инспектори од Германија. За жал ние сме подмитливи и коруптивни во најголема мерка инспекторите не работат како што треба. Во нашиот регион...

Продолжи со читање

Проаква го доби во владение водоводот во селото Долно Лакочереј

Post Views: 5  Од денес МЈП Проаква го презема во владение водоводот на месната заедница Долно Лакочереј. Најавуваат дека управувањето со останатите селски водоводи ќе следува наскоро. Советот на општина Охрид даде согласност за предавање во владение почитувајќи ги најновите измени во Законот за вода. Со тоа водоводното претпријатие Проаква гаранатира дека жителите од ова охридско село ќе пијат и ќе се снабдуваат со квалитетна вода. Покрај тоа ќе имаат и техничката поддршка за сите проблеми кои ќе се случат на цевководот, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП...

Продолжи со читање