Автор: Валентина Неловска
Post Views: 154 Заштита и ревитализација на остатокот од Студенчишкото блато, препорачува проф. д-р Јос Ферхуфен врвен научник за блатни екосистеми. Тој денес го посети Студенчишкото блато и констатира дека е многу важно да се зачува и да не се уништи она што останало од некогашниот поголем екосистем. Експертот е добро запознает со проектите кои беа најавувани да се реалираат од поранешната влада, за кои агласи дека се крајно штетни за блатото, а може да се спроведат на други локации без негово уништување. „ Иако некои заговараат дека 5 хектари се доволни за да остане од блатото...
Охридскиот Завод и музеј Денот на музеите ќе го одбележи со изложба во реновирана галерија
Post Views: 261 Завод и музеј ќе го одбележи денот на музеите со традиционална изложба. По 27 пат ќе бидат изложени современи уметнички дела на уметници од земјава и странство кои оставиле свои дела во музејската збирка, напоменува музејскиот кустос Сашо Блажески. „Претежно станува збор за македонски уметници, млади творци. Има професионалци и од декоративната уметност, накит.Застапени се сите техники , масло на платно , скулптура“, информира Блажески. Со оваа изложба започнува и изложбениот период од Програмата за активности на Завод и Музеј. Во периодот од мај до октомври се...
Чинго: Државниот инспекторат за локална самоуправа е орган кој нема правен основ да укинува одлуки
Post Views: 174 Паушално и произволно, без правен основ е известувањето на државниот инспекторат за ЛС дека ќе ги укине одлуките што ги донесле советниците по 24 март, тврди Владо Чинго адвокат и поранешен претседател на Советот на град Охрид. Инспекторатот е орган на министерството за Локална самоуправа кој ги контролира одлуките кои ги носи советот дали се во согласност со законот за локална самоуправа и другите закони кои ја уредуваат таа област. Вршат контроли и надзори , редовен, вонреден и контролен наздор и може врз основа на тоа да укинат некои акти од општината или програми,...
Граѓаните се прашуваат како ќе изгледа Али пашината џамија во охридската чаршија
Post Views: 125 Како ќе изгледа Али пашината џамија во охридската чаршија каде во тек се градежни работи за нејзина реконструкција? Оваа градба побуди интерес кај јавноста, откако ТВМ објави неофицијални информации дека од страна на носителот на проектот, охридското муфтиство на ИВЗ, било побарано и добиено позитивно мислење од Завод и Музеј за изградба и на минаре високо 32 метри. Наводно, сега се чека одобрение за градба Од Министерството за транспорт и врски. ТВМ се обиде да ги провери ваквите информации во ИВЗ и Завод и Музеј. Охридскиот муфтија не сакаше да открива детали...
Пензионерите од Охрид и Дебрца воспоставија соработка со колегите од Костур
Post Views: 122 Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца воспоставија контакт за соработка со пензионерите од Костур, Р. Грција. Делегација од здружението во состав од претседателот Ѓорѓи Трпчески, секретарот Стефан Владимиров и претседателот на Собранието Димитар Спасески се сретна со своите колеги од Костур. Станува збор за прва официјална средба на пензионери од двете соседни земји. Македонските и грчите колеги разменаа искуства околу поставеноста, структурата на органите и телата, начинот на финансирање, пензиските примања, животниот стандард и социјалната заштита, активностите...
Како анализите на квалитетот на водата да се достапни секојдневно до граѓаните?
Post Views: 163 Од Центарот за јавно здравје посочуваат која е нивна должност при објавување на резулатите од испитуваната вода во градскиот водовод. Во лабораторите на центарот се прават секојдневни физичко-хемиски и микорбиолошки анализи. Светската процедура на објавување на резултатите налага тие да се објават само доколку се откријат отстапувања од законски пропишаните стандарди и нормативи за квалитетот на водата за пиење, нагласува Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Водата не е наш производ за ние да го рекламираме туку регираме само ако таа не е безбедна за граѓаните, вели Точков. „Ние...
Гори дивата депонија на Мaуцкер
Post Views: 198 Дивата депонија на Мауцкер гори. Од вчера попладне се забележува како се издигаат облаци чад. Од Јавното претпријатие Охридски комуналец велат дека пожарот е подметнат. Додаваат дека станува збор за мала опожарена површина. Од ТППЕ Охрид посочуваат дека работат на ликвидирање на опожарената површина која изнесува околу 500 до 600 метри квадратни. Гасењето на запалената депонија го отежнува ветерот. Инаку, на просторот Муцкер во изминатите неколку години се депонираше комунален отпад и градежен шут од кој се создаде дивата депонија на неколку километри од градот....
На Али пашината џамија во Охрид се бара да се изгради некогашното минаре
Post Views: 104 Во охридската чаршија во тек се градежни зафати за реконструкција на Али пашината џамија. ТВМ дознава од неофицијални извори дека покрај реконструкцијата на џамијата до Завод и музеј дополнително било доставено и барање за изградба на минаре. За минарето кое неофицијално е предвидено да достигне висина до 32 метри од охридскиот Завод и музеј издале позитивно мислење и одобрение за археолошки конзерваторски основи. Сега се чека на одобрението за градба за кое треба да решава Министерството за транспорт и врски. Носител на проектот за реконструкција на џамијата е ИВЗ...
Одбележан денот на реката Дрим
Post Views: 107 Денот на реката Дрим се одбележа со трибина во селото Орман. На средбата учествуваа претставници од различни институции, инспекторатите за животна средина, од Секретаријатот на Дрин Кор групата, ученици и локално население кое живее по текот на Коселска Река која пак е под сливот на реката Дрим. Станува збор за засегнати страни кои влијаат врз донесување на политики и на ситуацијата со Коселска Река и Црн Дрим како главна река, информира Ѓоко Зороски од ЕД Грашница. Тој кажува дека постојано посочуваат проблеми кои со години се исти. Тоа се неопфатеноста на населените...
Центарот за јавно здравје овој месец ќе дејствува против глодаритe
Post Views: 89 Центарот за јавно здравје овој месец ќе продолжи со системска дератизација. Тоа е една од мерките за заштита на населението од заразни болести од глодарите, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Со пролетната дератизација што ќе ја спроведуваат наскоро, ќе бидат опфатени 3000 шахти во разни делови од градот. Епидемилогот појаснува зошто претежно во стариот дел од градот се јавуваат стаорци и покрај континуираната дератизацијата која се прави. „Во Охрид многу се гради и се уништуваат леглата на глодарите. Им се уништуваат живеалиштата па тие ги напуштаат...
На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните зафати
Post Views: 103 На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните работи за изградба на пешачката патека. Покрај патеката во должина од 500 метри, со овој урбан проект се уредува и коритото на помалиот канал, предвидена е изградба на двометарска платформа од десната страна на каналот, како и два мостови и два видиковци. Пешачката патека од мостот до Билјанини извори е затворена за користење од започнувањето на градежните зафати во октомври минатата година, што значи дека на предвидените содржини во овој проект се работи скоро 8 месеци. Истиот, градот ќе го чини околу...
Охридските угостители почнаа да ги применуваат новите мерки
Post Views: 141 Охридските угостители почнаа да ги применуваат новите мерки за заштита од пандемијата кои се на сила од 16 јули. За посетителите да влезат во сите објекти задолжително е поседување на Ковид-19 документи, односно треба да приложат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан ковид во последните 45 дена. Од охридските локали денес се отстранети вчерашните натписи со кои посетителите се информираат дека ќе работат со 30 проценти од своите капацитети за да не бараат ковид документи.ТВМ ги контактираше менаџерите на кафулињата како ги спроведуваат мерките,...