Автор: Валентина Неловска
Post Views: 7 ЈП„ Охридски комуналец“ доби пајак возило. ЈП Паркинзи од град Скопје како донација отстапи пајак возило на град Охрид. Комуналец, сега со две возила, ќе ги засили интервенциите по налог на сообраќајната полиција за непрописно паркирање на возилата. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец се заблагодарува на донацијата од град Скопје на специјалното возило кое ќе се користи за нивни интерни потреби, но и за подигање на возила кои не ги почитувале сообрќајните прописи. „Сето тоа значи таа дејност ќе ја работиме со две возила со што бројот на неправилно...
Советниците од двата блока не дадоа зелено светло за висококатници во центарот на Охрид
Post Views: 3 За прв пат по една година од формирањето на новата постава на ЛС пред советниците беше ставен на усвојување нацрт урбанистичкиот план за УЗ 2, УБ 2.3 , опфат 5 КО Охрид 3 за планскиот перид 2013-2018. Планерот со нацрт урбанистичкиот план предлага на постојните објекти да се доизградат катови. Советниците од Вмро Дпмне реагираат дека доколку се усвои нацрт планот ќе се овозможи изградба на висококатници кои пак ќе имаат урбана деградација во строгиот центар на градот. „Ние како град треба да имаме Стратегија за урбанизмот во градот. Ова точка што е денес на...
Царинската управа започна да го промовира концептот овластен економски оператор
Post Views: 5 Транспортерите, увозниците, извозниците, производителите и шпедитерите може да аплицираат за добивање уверение за овластен економски оператор. Со уверението кое ќе го издава Царинската управа на РМ ќе се олеснуваат царинските процедури. Македонските компании во меѓународниот синџир на снабдување ќе бидат признаени како безбедносни и сигурни со усогласени и ефикасни царински процедури. Станува збор за програма која воспоставува партнерски однос меѓу царината и деловната заедница информира Ѓоко Танасоски директор на Управата за Царина на РМ. „ Погодностите кои ги...
Одржана втора јавна расправа за реконструкцијата на кејот
Post Views: 3 Општина Охрид одржа втора јавна расправа за реконструкцијата на градскиот кеј. Според проектот шеталиштето ќе се реконструира во должина од еден км од пристаништето до хотел Милениум, а во ширина ќе се продолжи во езерските води за 96 цм . Реконструкцијата ќе чини 1,2 милини евра финансиски средства кој ќе се обезбедат за проектот од Светска банка и дел од буџетот на општината. „ Неопходна е реконструкцијата на кејот. Проектот е одобрен од сите институции, од Управата за заштита на културното наследство, од Министерството за животна средина , изработен е елаборат...
Македонски археолози и архитекти учествуваа на работилница за дигитализирање на културното наследство
Post Views: 3 Археолози од Сај Арк на македонските колеги и архитекти им ги презентираа методите и технологиите кои ги користат при дигитализирање на културното наследство. Дигиталното документирање ќе почне на катедралната црква Св. Софија во Охрид. Археолозите од Сај Арк со својата работа ќе им помогнат на луѓето кои работат со управување и зачувување на културното наследство во обезбедување на инжинерски цртежи и детални мапи кои ќе помогнат во активното управување со локалитетите. Експертите од Сај Арк, непрофитна организација од САД, ќе користат различни технологии,...
Потребна едукација за производители на зеленчук и овошје
Post Views: 4 Тешко се менуваат производните навики на земјоделците и овоштарите во примена на третмани на земјата и културите. Ретки се прозиводителите на здрава храна кои се едуцирани како правилно да одгледуваат земјоделски и овошни култури со примена на природни и органски ѓубрива. Гордана Ристоска на 800 метри квадратни под пластеници одгледува раноградинарски култури , претежно домати и пиперки. Прима совети од стручни лица и разменува знаења со поискусни земјоделски производители. Таа напоменува дека внимава во изборот на препаратите за третирање на производите и...
(ОБНОВЕНО) ОД ДЕНЕСКА ДО ЧЕТВРТОК ГОЛЕМА НАТО ВЕЖБА ВО ОХРИД
Post Views: 4 Во тек е вежбата „Македонија 2021“ во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК). На денешната церемонија на отпочнување на вежбата во поранешна касарна „Генерал Михајло Апостолски“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја нагласи важноста од цивилната подготвеност и одржувањето на континуитетот на функционирање на институциите при справување со кризни и сложени безбедносни состојби. Посочи на заедничките евроатлантски вредности кои се двигатели на меѓусебното...
Еленот се враќа на Галичица
Post Views: 17 24 срни и 6 елени наскоро ќе бидат донесени на терените во Националниот парк Галичица. Триесетината нови примероци на срни и елени ќе бидат украс на планината и атракција за посетителите, а ќе и помогнат и на природата во паркот , да се зачуваат пасиштата во високите делови на планаината. Станува збор за проект за формирање на репродукциски центар за елени , инфромира Андон Бојаџи дир на ЈУ НП Галичица. Проектот почна да се спроведува пред еден месец. Во 2018 година ќе се направат подготовки за формирање на репроцентарот и изградбата на неговите пропратни...