Автор: Валентина Неловска
Post Views: 103 На крајбржјето на Охридското Езеро од втората половина на мај ќе започне прскањето против комарци. Според акцискиот план, Центарот за јавно здравје првентивната адултна дератизација ќе ја врши од мај до септември и тоа од земја, информира епидемилогот д-р Јованка Коровешоска. Во борбата со комарците се вклучува и Министерството за транспорт и врски кое објави оглас за доделување договор за јавна набавка на услуги за уништување на возрасни комарци во вредност од околу 100.000 евра. Набавката се однесува на Охрид, Ресен, Крушево, Дојран, Чешиново, Облешево и Берово. „Во...
Стагнира интересот кај младите за спортскиот велосипедизам
Post Views: 100 Охридско – струшкиот регион станува се поинтересен за планинскиот велосипедизам. Се повеќе велосипедисти се одлучуваат да возат низ планинските предели и на струшкиот дел, низ дебрца и охридско . Од Велосипедскиот Клуб Екодром настојуваат да се обележат и патеки околу езерото. Тие неодамна аплицирале со проект , за кој веруваат дека ќе им биде одобрен да се користат патеките околу езерото како заштитено подрачје под Унеско, а е насловен како Unesкo bike friendly area , информира Александар Јованоски претседател на ВК Екодром. „ НП Галичица е прв пример со...
Црвенкоски: „ Народот ја дава и зема власта“
Post Views: 157 Лидерот на македонските социјалдемократи, Бранко Црвенкоски одржа трибина во Струга. Синоќа, стружани покажаа голем интерес за економско- политичките случувања во земјава. Граѓаните констатираа и прашуваа за многу проблеми кои ги мачат од секојдневието, но најмногу интерес покажаа за етничкиот соживот во земјава. Прашуваа зошто никој не реагираше на неодамнешниот повик на еден албански политичар од ДПА кога побара од Европската Унија да им дозволи на Албанија и Косово да ги штитат интересите на македонските Албанци или кога бугарскиот Претседател отворено повторно...
Пренаменети средства од буџет за мини плоштад и осветлување на болницата Св.Еразмо
Post Views: 111 Од општинскиот буџет ќе се пренаменат пари за уредување на градежно земјиште за периодот 2017 -2019 година. Со тие сртдва се планира да се уреди малиот плоштад на улицата Самоилова, а ќе се осветлува и болничкиот комплекс Св. Еразмо. Советниците од СДМС повторно реагираа на тоа што се носат проекти без писмен извештај. Не се согласуваат со пренасочување на 3 милиони денари за осветлување на болничкиот комплекс кој е проект на Владата и сметаат дека владата треба да го доврши со сопствени средства. За нив приоритет е парите да се употребат за инфраструктурно уредување...
Охридските советници одлучија 300.000 денари за спас на ВК Југ
Post Views: 96 Охридските советници ги вкрстија копјата на денешната седница, а спортот беше жешката тема на расправа. Советниците беа едногласни во одлуката за исплата на долгот на ВК Југ по основ на правосилни извршни исправи. Беа одобрени 300.000 денари за спас на најстариот градски веслачки клуб Југ. „По 3 години борба во советот успеавме да ги убедиме градоначалникот и советниците дека ВК Југ треба да живее заради оние кои тренираат. Еден дел од долгот да ги покриеме сега, а дел во текот на 2017 да се доисплатат“, напомена Станкоски. Додека советниците од опозицијата дискутираа...
Усвоени предлог одлуките за извештаите за првиот квартал од годинава
Post Views: 163 9-тата седница на Советот на општина Охрид започна со едноминутно молчење за трагично починатиот директор на ОУ „Живко Чинго“. На дневен ред советниците имаа дури 75 точки – се усвојуваа предлог одлуки на извештаите за реализација на програмите за работата на Советот на општината, од областите за образование, детска заштита, култура, Локален економски развој, спорт и рекреација, заштита на животната средина, комунални услуги, јавна чистота, изградба и реконструкција на патиштата, јавното осветлување и други. Советниците од опозицијата во градскиот совет упатија...
Охриѓани и стружани ги поддржуваат законските измени за децата со посебни потреби
Post Views: 111 Охриѓани и стружани ја поддржаа граѓанската иницијатива за собирање потписи за поддршка на барањата на родителите за законски промени и дополнувања со кои на децата со посебни потреби ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.Охриѓани утре и задутре ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби. Од 10 до 18ч на градскиот плоштад во Охрид, пред св.Димитрија ќе биде поставен штанд со книгата за потписи, каде граѓаните ќе можат да ја дадат својата поддршка за законски промени и дополнувања со...
За Студенчишкото блато ќе се изготвува нова стручна стратегија
Post Views: 109 Одржана јавна расправа за менување и дополнување на Генералниот урбанистички план. Измените се однесуваат на 9 урбанистички блока. Меѓу нив се измените за урбанистичкиот план 17.1 за Студенчишко блато и просторот 2.4 кај ФТУ, информира раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање Бранко Арнаудов. Арнаудов напоменува дека на барање на ФТУ во урбанистичкиот блок 2.4 наместо пренамена во хотелски комплекс и понатака ќе останат двете образовни институции угостителското училиште и факултетот за туризам и угостителство. Додека пак, Студеничишкото блато...
ЕДЕН: Охриѓани сакаат институциите да се грижат за заштита на природата
Post Views: 107 Од Здружението Еден остварија средба со охриѓани, институции и невладиниот сектор во рамките на завршниот настан на проектот “Заштита на природата во НП Галичица ,бајка или реалност“. Од здружението за заштита на животната средина ги презентираа резулатите од нивните спроведени истражувања. Истражувањата ги опфатиле е анализите на домашната и меѓународна правна регулатива за НП Галичица и анкетното истражување спроведено на 300 охриѓани, институции и невладиниот сектор, информира Драгана Велковска од здружението ЕДЕН. „Граѓаните не сакаат масовен туризам во Охрид,...
Во охридско мразот ги уништи јаболката и коскеските овошја
Post Views: 133 Во охридско, мразот во полн цвет ги уништи јаболката, лозовите насади и коскеските овошки. Овоштарите и земјоделците бројат огроми штети. Повозрасните охридски овоштари ваква слична непогода не паметат од далечната 1975 година кога од мраз биле уништени овошните и земјоделските површини, раскажува охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски. „Верувајте прашање е дали нешто ќе се вкуси од нашите овошни култури. Покрај црешата настрадаа оревите, јаболката и сите овошни култури, а дел и земјоделските култури како компирот насаден во Андон Дуков ќе биде тотално уништен,...
Основците активно користат интернет и социјални мрежи
Post Views: 225 Охридските основци не заостануваат зад трендовите на нивните врсници во користењето на копјутерската технологија. Активно ги користат социјалните мрежи и компјутерските игри. Учениците од ОУ Григор Прличев, денес, го посетија Инсиде интeрнет кафето кое како дел од активностите за прослава на 18-тиот роденден, издаде брошура за заштита на младите на интернет „Сурфај безбедно“. Користењето на дигиталната технологија кај децата е нивно секојдневие за едукација, дружење и забава. При тоа учениците поминуваат од 30 минути до 1 час дневно на компјутер. Децата растат и...
Охрид и хотел Гарден влегоа во Гинисовата книга на рекорди со Шопската салата
Post Views: 154 Во хотелот „Гарден“, се приготви Шопска салата која влезе во Гинисовата книга на рекорди. Комисијата од Гинисовата книга на рекорди потврди дека се подготвени 202,86 килограми Шопска салата. Оваа количина е доволна за Гинисовиот рекорд, одлучи Комисијата која внимателно го следеше целиот процес на подготовка. Од хотелот инфомираат дека сека се запзени сите стандарди. Сертификатот за Гинисовиот рекорд им беше врачен на општина Охрид и хотел Гарден. Идејата за организирање на овој настан е на Ина Жарова, лиценциран диструбутер на македонски производи во Русија. „Ние...