Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Шопска салата за Гинис ќе се подготвува во охридскиот хотел Гарден

Post Views: 172 Во хотел Гарден, утре, ќе се сецка домашен зеленчук и сирење за подготовка на најголемата Шопска салата за Гинис. Оваа интернационална салата за прв пат се подготвува за влез во книгата на Гинисови рекорди. Сузана Бакреска , сопственик на хотел Гарден, вели пред неколку месеци заедно со Ина Жарова, лиценцираниот диструбутер на македонски производи во Русија добиле идеја, да се промовираат македонските јадења подготвени од домашни квалитетни земјоделски производи.Во специјално изработен сад со запремнина од 250 литри ќе се подготвува шопска салата според светски прифатениот...

Продолжи со читање

Среде струшко поле неколку дена гори градската дива депонија

Post Views: 119 Во Струга се продолжува со палење на градската депонија при што се загадуваат воздухот, водата и почвата. Четири дена стружани се трујат со чад и штетни материи кои се шират во воздухот од депонија која гори,  а на која завршува секаков вид отпад.Последен ваков инциден се случи кога непознат сторител ја запали дивата депонија за празникот Велигден. Општина Струга на својата веб страница соопшти дека на депонијата биле пронајдени гуми полиени со бензин, намерно запалени да предизвикаат пожар . Од локалната ја информирале полицијата. “Вакви настани сме имале можност...

Продолжи со читање

Наскоро ќе се обележат уличните хидранти во Охрид.

Post Views: 123 Во стариот дел од градот има мрежа од улични подземни и надземни хидранти. Она што недостасува за брза и непречена интервенција при гасењето пожари е тие да бидат означени, укажуваат од ТППЕ Охрид. „Да се придржуваат граѓаните да не паркираат над хидрантската мрежа. Треба Проаква или Нискоградба да ги означат тие места за возачите да не ги паркираат возилата и да не се употребува просторот за паркинг“, вели Горан Маркоски заменик командир на охридската против пожарна единица. Сашо Сотироски технички раководител од МЈП „Проаква“, најавува дека во месец мај и јуни...

Продолжи со читање

Неносењето на заштитна маска кај кучињата не е казниво со Закон

Post Views: 455   Климент Арнаудов, охридски активист за заштита на животните и активист во други полиња на општествениот живот, добил барање за поведување прекршочна пријава затоа што го шетал својот миленик без заштитна маска. Арнаудов вложил приговор на Барањето за поведување на прекршочна пријава до Свр Охрид но, приговорот е одбиен и е без соодветно образложение за причините зошто е одбиен, вели Арнаудов. Појаснува дека пријавата од полиција нема основ и е во спротивност со Законот за нарушување на јавниот ред и мир и законската регулатива поврзана со животните, заштитата...

Продолжи со читање

Унеско:Никогаш не станало збор Охрид да биде избришан од листата на Унеско

Post Views: 102 Мониторинг мисијата на Унеско денес беше во посета на Плаошник и на Антички театар. Претходно претставниците од седиштето на Унеско се сретна со директорката на Завод и Музеј. Ања Сидоренко од претставништвото на Унеско кажа дека никогаш не станало збор за тоа Охрид да биде избришан од листата на Унеско на заштитено природно и културно светско наследство. Сидоренко за денешната посета во регионот истакна дека е техничка со која ги проверуваат состојбите на објектите врз кои се врши конзервација, а се дел од културното наследство на сите компоненти. Остваривме средба...

Продолжи со читање

Одбележана годишнината од одржувањето на Второто засадение на АВНОЈ

Post Views: 162 Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, со историски час ги одбележаа 74 -те години од одржувањето на Второто заседение на Авној на 29-ти и 30-ти ноември 1943 година. Присутните ги поздрави Гоце Георгиески, Претседател на Општинскиот сојуз на борци од Охрид и Дебрца, по што му даде збор на проф. Наце Иваноски. Историчарот говореше за улогата и значењето на Авној пред голем број присутни воени ветерани, резервисти, пензионери, титоисти, претставници на политички парти, НВО и ученици....

Продолжи со читање

Користете заштитни маски за домашните миленици при прошетки

Post Views: 134 Масовното труење на кучиња се повеќе ги загрижува сопствениците на домашни миленици. Стравуваат за безбедноста на своите миленици при прошетките. Бездомните кучиња најчесто страдаат од отров нанесен на храна но истиот може да се распраши и во околината каде што е фрлена затруената храна. За да се заштитат животните ветеринарите апелираат на кучињата да им се ставаат заштитни маски. Ване Стојковски, ветеринар од амбулантата „Тони“, посочува доколку сепак се случи вдишување или голтање веднаш да се повика ветеринар. „ Важна е количината на отровот. Вдишаниот отров...

Продолжи со читање

Мониторинг Комисијата на Унеско пристигна во Охрид

Post Views: 107 Од 9 до 14 април во охридскиот регион ќе престојува Комисијата на Унеско. Од Националната канцеларија на УНЕСКО во Скопје не откриваат детали што се е на агендата на експертите од организацијата за заштита на светското културно наследство, но засега, неофицијално, се очекува да се врши увид во НП Галичица во однос на планираниот експресен пат до Свети Наум и ски центарот на Галичица како и Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. Комисијата ќе оствари средби и со невладини организации. Граѓанското здружение за заштита на животната средина Еден и граѓанската иницијатива...

Продолжи со читање

Неизвесно кога ќе се гради хотелскиот комплекс кај Горица

Post Views: 93 На ридот, над плажата Горица е мирно. Нема градежни зафати на тренот каде што беше највувана изградба на хотелски комплекс од висока луксузна категорија од брендот Small Luxury Hotels. Во јули 2014 година на просторот кај Горица започнаа подготовки на теренот за градежни зафати. Просторот се огради, се исекоја иглолисни стебла и се постави табла со податоци за објектот. На таблата која е поставена стои одобрение за градба, типот на објектот како и податоци за инвеститорот. Архитектите кои ТВМ ги консултира за прашањето во кој законски рок инвеститорот кој добил одобрение...

Продолжи со читање

Државниот инспектор за труд во Охрид не констатирал драстичен број на повреди на работното место

Post Views: 93 Според информациите од Државниот инспекоторат за труд во Охрид нема драстични зголемувања на повредите на работните места. Во 2015 и 2016 година се случиле по околу 70 повреди. Пред две години биле регистрирани 23 повреди во преработувачката индустрија, 11 повреди се случиле во здравствените дејности , додека само 8 мина градежни работници се здобиле со повреди на работното место. Истата година за еден градежен работник повредата имала фатални последици по неговиот живот. Остантите дваесет повреди се случиле во останатите дејности. И во 2016 година биле регистрирани...

Продолжи со читање

Повредите на работните места во пораст, велат од Групацијата за безбедност и здравје при работа

Post Views: 94 Во првите три месеци од годинава 14 охридски работници се задобиле со посериозни повреди на работното место, информираат од Фондот за здравствено осигурување. Во минатата година биле регистрирани 30 повреди на работните места. Ова се податоци за боледувања издадени за повреди за над 16 дена кои ги дава првостепената лекарска комисија на Фондот. Од Државниот инспекторат за труд иако ни ветија податоци за точна бројка на настанати повреди на работните места до затварање на дневникот не ни ги испратија податоците и гипрезакажа дека ќе ги испратат во текот на утрешниот...

Продолжи со читање

Започна обука на лични асистенти за лицата со инвалидитет од Охрид

Post Views: 143 8 лица со инвалидитет од Охрид ќе добијат по еден личен асистент. Помошниците ќе им помагаат и ќе им го направат секојдневниот живот полесен. Меѓу овие лица кои ќе користат личен асистент е и охриѓанката Нада Јонеческа. „ Многу сум среќна што можам да добијам ваква услуга. Со оваа асистенција ќе ми биде многу подобро. Очекувам дека животот ќе ми е исполнет и повесел. Нема да бидам сама и тажна“, вели Јонческа. Помошниците на лицата со инвалидитет ќе треба да ги одменат членовите на нивните семејства кои се постојано покрај нив. Асистентите ќе бидат платени од државата,...

Продолжи со читање