Автор: Валентина Неловска
Post Views: 2 Дваесетина бармени од земјава во охридскиот бар Куба Либре ќе се натпреваруваат во подготовка на коктели на државниот „Вигор бармен куп“. Со својата инвентивност во подготовката на освежувачките долги пијалоци тие треба да внесат своја креативност и да покажат дека се најдобри. Бармен купот е под покровителство на хрватскиот бренд Бадел и се одржува веќе 10 години. На почетокот Македонија имала повеќе бармени , но сега нивниот број е преполовен , вели Јане Јанев од „Вигор Бадел“. „ Во Европа се подобрува коктел културата и се повеќе платени, а овде бармените не...
Годинава охридските ресторани и туристички водичи останаа без награди од Министерството
Post Views: 5 На листата на наградените ресторани и туристички водичи од министерството за економија и годинава нема нити еден охриѓанец или охридски угостителски објект. Познатиот охридски угостител Љупчо Патчев на прашањето зошто во изборот ги нема угостителските објекти од охридско – струшкото крајбржје, вели се се решава во престолнината на земјава. „ Јас секогаш кажувам туризмот е во Скопје и таму во престолнината се решава за се. Нас не ни требаат награди, награда ние тоа што не има во светските весници Фолкс, новинските агенции SNN I BBC, во написите за Охрид и за...
Одбележан христијанскиот празник посветен на мачениците Вера,Љуба, Нада и мајката Софија
Post Views: 4 Одбележан христијанскиот празник посветен на Вера, Љуба, Нада и мајката Софија во истоимената црквичка во Лагадин . По 18 пат се одржа голем црковно народен собир на кој од година во година доаѓаат се повеќе и повеќе верници од Охрид , но и од другите градови. Во малата црквичка на 30 септември, верниците ги слават љубовта , верата , надежта и мудроста. Малиот параклис е изграден од познатиот охридски угостител Љупчо Патчев по повод одбележувањето 2000 години од христијанството. Верниците доаѓаат да се помолат на овој ден кога црквата на крајот од септември го...
Една деценија хуманитарна акција „За посреќно детство“ на OO Црвен крст
Post Views: 4 Утре ќе стартува хуманитарната акција „ За посреќно детство“ во организација на ОО Црвен Крст. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви ќе бидат наменети за помош на децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца. Големата хуманитарна спортско-рекреативна акција ќе започне со трка од плоштадот „Крушевска република-Чинар“ до градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. Охриѓани преку многу спорт, едукација, дружење, забава, хуманост и многу награди ќе им помогнат на децата кои имаат потреба од помош. Нивниот број е во пораст посебно на лицата...
На охридското крајбрежје има интерес за странски вложувања во изградба на хотели
Post Views: 3 На охридско – струшкото крајбрежје се повеќе се чувствува недостиг од хотелски капацитети, посочуваат хотелиерите. Сегашните 7000 легла во хотелските сместувачки капацитети на крајбрежјето се недоволни. Со изградбата на 10 – тина хотели, со по 200 соби или околу 10.000 легла, би ги задоволиле потребите, напоменува Крсте Блажески претседателот на Хотам. Министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска при работната посета на Охрид информира дека странски инвеститори се заинтересирани за вложување во туризмот на крајбрежјето. „ Од аспект на...
Во земјава во пораст е интересот за бизнис инвестиции во разни области
Post Views: 5 Охридски бизнисмени се сретнаа со министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска, претставници од Фондот за инвестиции на РМ и градоначалникoт Јован Стојаноски. На средбата беа презентирани мерките од трите столба на планот за економски развој. Во првите шест месеци од годинава се чувствуваат резултатите од владините мерки за поддршка на домашната економија, кажа Апостолска. Во пораст се бруто домашниот производ од 3,1 проценти, 5,5 проценти индустриското производство, расте извозот, за околу 6 посто се зголемиле платите, ги наброја економските параметри...
Во тек е чистењето на каналите и речните корита во Охрид
Post Views: 6 Во делови од Охрид каде што се речните корита на Грашница, Коселска и Сушица и каналите започнато е нивно чистење од наноси на тиња, песок и ѓубре. Водостојот на реките е намален и сега е најпогодно време за чистење на коритата на деловите за кои Локалната самоуправа има ингеренции, вели Томе Нанески од Фондот за Комунални дејности. „ Започнато е чистењето на речното корито на реката Грашница на потег од улицата Туристичка до улица Железничка. Тука сме при крај со чистење. Утре завршуваме и ќе се префрлиме на каналот кај бензинската пумпа Лукоил. Потоа ќе се...
Дивата депонија Мауцкер од утре ќе се покрива со земја
Post Views: 5 Дивата депонија на Муцкер, која „изникна“ во близина на северниот влез од Охрид, од утре ќе почне да се покрива со земја. Од Министерството за животна средина најавија дека имаат програма со која ќе ги расчистуваат дивите депонии. Градот пред 10 година наместо да добие слободна економска зона доби во непосредна близина еколошки загадувач за која сега нема пари да ја дислоцира депонијата. „ Ние го пратиме европскиот концепт за регионално управување со депониите и производство на енергија од нив. Тие европски вредности ќе доминираат во конечната одлука. 99 посто...