Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Двајца млади охриѓани чекорат по стапките на врвните охридски филигранисти

Post Views: 118 Охриѓаните, Митко Укоески и Маријана Пипилева се млади луѓе кои од неодамна се дел од филигранскиот занает. Нивните вредни раце ја продолжуваат традицијата на врвните охридски мајстори во создавањето филигран. Трпеливо создаваат прекрасен сребрен накит како што се прстени, наушници, брошеви, ланчиња. Во занаетот се нашле сосема случајно. На нивната определба да се дел од филигранството секако влијание имале старите охридски мајстори на кои отсекогаш им се восхитувале, вели Митко Укоески. „Oтсекогаш го сакав филигранот, ми беше интересен сплетот на тие ситни мали...

Продолжи со читање

Заживува филигранскиот занает во Охрид

Post Views: 124Во охридската чаршија заживува филигранскиот занает. Долго време недостасуваше некој да почне да се занимава со изработка на филигран, напоменува Сашо Богоески претседател на охридската занаетчиска комора. Станува збор за две девојки и едно момче помлади од 30 години, кажува Богоески. „ Досега имавме двајца регистрирани филигранисти, а сега имаме плус 3 и многу значи. Спецификата на изработката на накитот и самиот занает дава добар напредок во занаетчиството. Со години наназад се регистрираа бербери, фризери, козметичари. Овие дејности филигранството и резбата...

Продолжи со читање

Охридското езеро најголемиот воден басен не знаеме да го чуваме

Post Views: 109 Македонците имаат ниска свест за третманот на отпадните води. Кај нас повторното искористување на отпадните води е научна фанстастика, напоменува Сашо Точков, специјалист за санитарна хемија и бромолог при охридскиот Центар за јавно здравје. 1,8 милјарди луѓе во светот користат загадена вода за пиење, а 663 милиони луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење, посочува Точков. Нашиот безгрижен однос кон отпадните води можеби се должи на тоа што земјава поседува богати ресурси со вода за пиење што не е случај со милјарда луѓе на планетата Земја. Охридското езеро е огромен...

Продолжи со читање

Политиката се вмеша и во средните охридски училишта

Post Views: 128 Во средните охридски училишта се вмеша политика. Ученици од ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ излегоа од училишните клупи за протестираат на улица. Дојдоа и по врсниците од економското училиште и во гимназијата. Учениците како што кажаа, протестираат за зачувување на унитарноста на државата, против двојазичност и федерализација, односно барањата кои се познати и од граѓанското движење „ За Заедничка Македонија“. Учениците при тоа кажаа:  „Ако сакаат и неоправдани изостаноци нека пишуваат. Сами се организиравме за да се заштити...

Продолжи со читање

Охриѓани се среќни луѓe

Post Views: 141 Денес светот го одбележува 20 март Mеѓународниот ден на среќата. ТВМ во случаен избор ги праша охриѓани дали се среќни луѓе и што ги прави среќни. Охриѓани велат дека нивниот извор на среќа е семејството. Покрај сите тешкотии му се радуваат на животот, семејството и внуците. Македонците, се најдоа на 92-то место во светот, во конкуренција на 155 држави, според Светскиот извештај за среќа за 2017 година на Обединетите Нации. Од земјите во регионот, посреќни од Македонија се Словенија (62 место), Србија (73), Хрватска (77), Косово (78), Црна Гора (83), Грција (87)...

Продолжи со читање

Охридските пчелари реагираат овоштарите употребуваат несоодветни хемиски препарати

Post Views: 344 Пчеларите бараат од овоштарите да употребуваат соодветни хемиски препарати за третман на овошните култури. Употребата на несоодветни хемиски препарати индиректно негативно влијаат врз квалитетот на медот, на пчелните семејства, но и врз родот на овошките кои зависат од опрашување на пчелите, укажуваат пчеларите. Минатата година пчеларите побарале од Центарот за јавно здравје да им помогне за да се намали штетното влијание од прскањето, но досега ништо од тоа. Меѓусебна соработка на охридските пчелари и овоштари нема, вели Тони Јосифоски од здружението на пчелари....

Продолжи со читање

Во крајбрежниот појас кај Подмоље се опожарени 10 хектари со трска

Post Views: 131 Пожар опустоши 10 хектари со трска и ниско стеблеста вегетација на езерското крајбрежје во Подмоље. Пожарот бил пријавен во 10 часот и 40 мин на потегот помеѓу бензиската пумпа кај Макпетрол и Андон Дуков. 8 пожарникари со 3 противпожарни возила 3 часа ги гаснеа пламените јазици кои се засилуваа под влијание на северниот ветар. Пожарот е локализиран во 11.35 минути , а целосно ликвидиран во 13 часот и 40 минути, информира Горан Маркоски заменик командир на ТППЕ Охрид. „Во овој период од годината и во изминатите години сме имале намерно палење од несовесни луѓе кои...

Продолжи со читање

Хотелот во Лагадин ќе се гради, се е во согласност со законот тврдат од урбанизам

Post Views: 121 Правосилно е одбрението за градење на хотелскиот комплекс во Лагадин, тврдат од секторот за урбанизам и просторно планирање. За овој објект деновиве државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упати до Општина Охрид барање да го поништи издаденото одобрение за градење на хотелскиот комплекс во една од најелитните населби на езерскиот брег. Од секторт за урбанзиам испратиле соодветен одговор до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам дека се е законски во издаденото одобрение за градење на хотелот во Лагдин. Лилјана Јоноска, претставник од секторот...

Продолжи со читање

Производителите на храна со слаби познавања од земјоделието

Post Views: 101 Пчелари, овоштари, рибопроизводители и претставници од бизнис секторот ќе разменуваат знаења и искуства за да се надминат слабостите и проблемите во агросекторот. Решавањето на проблемите ќе значи подбро и подоходовно производство и поголема заработка. На обуката која во таа насока ја организира земјоделската задруга Агро Фаланга во соработка со Сојузот на микрофинансиски  органзиациии и штедилниците, Можности, Хоризонти и Флум. Обуката е дел  проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“  е финансиран од УСАИД,  а го спроведува „Македонската развојна фондација...

Продолжи со читање

Охридските советници при гласањето на одлуките се потпираат на доверба на предлагачот

Post Views: 93 Советникот Дејан Блажески од опозицијата во охридскиот совет, утре ќе побара на дневен ред да се стави барањето на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упатено до Општина Охрид да го поништи издаденото одобрение за градење на хотелскиот комплекс во населбата Лагадин. Блажески за ТВМ кажа дек а опозицијата ќе побара локалата да постапи по барањето на државниот инспекторат и да се укине урбанистичко-планска документација донесена со општ акт за село Лагадин во 2015. Блажески, вели дека голем дел од одлуките на советот се гласаат само по партиско убедување,...

Продолжи со читање

Усвоен извештајот за работа на Собранието на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца

Post Views: 105 Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ја одржа 5-та седница на Собранието. Членовите на Собранието на дневен ред ја разгледуваа финансиската работа за 2016 година, напоменува претседателот на Собранието Димитар Спасески. „ Разгледана е работата и на Клубот на Здружението. Извештајот е исто така едногласно прифатен. Прифатен е извештајот за работа на Здружението и завршната сметка за 2016 година со предлог со финансиски план за 2017 година“, информира Спасески. Здружението на Пензионери од Охрид и Дебрца скоро 3 години работи со блокирана жиро сметка. Но,...

Продолжи со читање

Охридското здружение Мобилност не се откажува од плажа за инвалиди

Post Views: 101 Со примена на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидитет од ОН во земјава, не очекуваме 100 постотна примена на ратификуваните права, но ќе настојуваме да ги подобруваме и менуваме поважните сегементи во животот на лицата со инвалидитет, напоменува Венко Голабоски од ЗГ Мобилност, Охрид. Додава дека работат на отстранувањето на физичките бариери и поголема пристапност на лицата со инвалидитет веќе неколку години со Локалниот акциски план. „Не е се, и не може да биде до крај реализирано, но од центаралното градско подрачје чекор по чекор ги правиме институциите,...

Продолжи со читање