Автор: Валентина Неловска
Post Views: 277 Да не се враќа денот недела за работен ден, споделува ставот на Сојзуот на синдикатите на Македонија , Стевчо Маслов, претседател на охридскиот синдикат. Ова е барањето на синдиакалците по последната одлука на Министерството за економија за да се врати недела како работен ден. По пет месеци, Владата се премисли за законските измени кои стапија на сила од 1ви јануари оваа година. Со нив недела беше усвоена за неработен ден. Сега, на барање на работодавачите пред Собранието ќе се најде нова предлог одлука, за повторно да се врати денот недела за работен ден. Измените,...
Охрид ќе формира совет за превенции
Post Views: 364 Од 80 општини во земјава само 31 има активни Локални совети за превенција, информира Александар Стојановски, истражувач од Центарот за Европски стратегии-Евротинк. Советот на општина Охрид, пак, неодамна на 10тата седница, донесе одлука за формирање на Локален совет за превенција. Овој локален совет е незадолжителен механизам дефиниран во Законот за локална самоуправа, а треба да го формира секоја општина, вели Стојановски.„Тие се значајни алтаки за комуникација меѓу различните институции и граѓаните за да се адресираат одредени проблеми од јавен карактер. Во...
Мозочните удари во пораст
Post Views: 399 Во Македонија има годишно 5300 нови случаи со мозочен удар. 2100 болни од мозочен удар се борат со последиците од болеста. Годишно умираат 4400 лица од последиците на болеста покажале последните истражувања на Кралскиот колеџ во Лондон. За две до три декади се очекува бројот на мозочни удари да се удвои. Висок процент од ризик за мозочен удар има и во Југозападниот регион според последната изработена студија, информира д-р Маја Божиноска, невролог и претседател на Здружението за превенција од Мозочен удар.„Испитувањата покажале висок процент на ризик факторите...
Охридските советници ги усвоија кварталните извештаи
Post Views: 324 Охридските советници ги усвоија кварталните извештаи за општината и јавните претпријатија. Градските избраници имаа различни ставови околу реализацијата на програмите. Од опозицијата укажаа на недоволна реализација на одредени програми. Живка Ангелоска, координаторка на советничката група на СДСМ, ги наведе големите разлики меѓу процентуално реализирани програми. Без реализација ги наброја програмите за енергетска ефикасност, капиталните инвестиции во средното образование, детската заштита. Има потфрлање во вкупната реализација на основниот општински буџет, вели...
Јапонски искуства за домашните компании
Post Views: 436 Со помош на Јапонски консултанти ќе се спроведуваат стандардизирани менторски услуги за претпријатија во земјава. Маја Тасева, од Агенцијата за поддршка на мали и средни претпријатија, информира дека се спроведува државен проект за унапредување на претпријатијата. Со менторските услуги до подостапни државни или донаторски програми за локален економски развој.„Поддршката е техничка, чекор пред финансиската поддршка. Претпријатијата пред да дојдат до други поддршки треба да се подготват. Треба да се прифатат на пр. зголемување на продуктивноста, набавка на нова...
Граѓаните и полициското работење
Post Views: 334 Граѓаните имаат слични ставови за работата на полицијата на државно ниво и во Југозападниот регион. Тоа го покажуваат презентираните резултати од спроведена анкета за полициската транспарентност, отчетност и отвореност при носење одлуки.Анкетното истражување е реализирано од страна на Центарот за Европски стратегии-Евротинк, информира истражувачот Александар Стојановски.Граѓаните од Југозападниот регион и на национално ниво се изјасниле за довербата, професионалноста, отчетноста, ефикасноста и заштитата на полицијата. Се забележуваат помали процентуални отстапувања...
Има се помалку матуранти
Post Views: 603 Педагозите отворено проговорија за проблемите пред кои е исправено современото образование. Загрижени се од последиците кои ги носи новото време.Како најгорливи ги посочуваат прашањата пред кои сме исправени како општество, а кои допрва ќе се почуствуваат во општествената заедници. Сето тоа како последиците од пандемијата и големиот бран на миграција на младите луѓе.Проф. д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет, за миграцијата на младите луѓе, вели дека не е проблем од кој е зафатена само Македонија, туку целиот регион па и Европа. Во последните 10...
Oбразовни предизвици во земјава и регионот
Post Views: 358 Одбележан јубилеј 75 години од формирањето на Педагошкиот институт во Македонија. Институтот во своето 75 годишно постоење па досега има постигнато значајни придонеси во образованието , а со наставно, научно-истражувачката работа го збогатува општествениот и јавниот живот на нашата земја, истакна Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на Меѓународната конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици“.„Институтот досега има дадено значаен придонес во таа насока. Се надевам дека со Министерсвото за наука и образование, со...
Признание за сестрите од охридската болница
Post Views: 713 Сите медицински сестри од ковид центрите се прогласени за хероини во бело на годинешното одбележување на неделата на сестринството. Тие се наоѓаа во првите борбени редови против пандемијата повеќе од две години. На одбележување на овој датум Здруженијата на медицински сестри,акушерки и техничари имаа средба со министерот за здравство, професори и доктори кои упатија благодарност за придонесот на овој кадар во пандемиската борба. Сестрите од Општа болница Охрид, како регионален ковид центар, добија благодарница за нивната пожртвувана работа, информира Јулија Трпоска,...
Почна заловување кучиња скитници во Охрид
Post Views: 442 Избрана ветеринарна амбуланта за хуман третман на кучињата скитници во општина Охрид. Најповолна понуда дала демирхисарска амбуланта од четирите ветеринарни амбуланти пријавени на тендерското надавање. Еден месец се работи на терен, се заловуваат бездомни кучиња за кои ЈП ќе исплаќа по 3.906 денари по третман за едно куче скитник, информира Сашо Најдески, директорот на ЈП Охридски Комуналец.„До денес има заловени 20 до 30 кучиња сктиници. Дел од нив повторно се вратени на заловените подрачја по укажаниот целосен хуман третман. Ќе продолжиме и понатака согласно...
Сообраќајната култура на ниско ниво
Post Views: 388 Сообраќајниот хаос го прават сите учесници во него, а не само возачите на моторни возила, смета Соња Шикалоска, сообраќаен инжињер и инструктор. Сите учесници се одликуваат со некој вид низок степен на култура во сообраќајот. Секојдневно, сме сведоци на ситуации кога доаѓа до израз сообраќајната некултура. Таа се гледа во непочитување на предност на минување на пешаците на пешачките премини, узурпирање од возила на тротоарите, пешачките и велосипедските патеки, недржење доволно растојание од велосипедистите, нетрпелив однос кон постарите и изнемоштените лица, наведува...
Програма за заштита на охридските потрошувачи
Post Views: 285 Македонската Организација и охридскиот Совет ја подготвуваат Програмата за заштита на потрошувачите. Се изработува програма со компаративна анализа на програмите од Европската унија, од Влада и од градовите Скопје и Битола усогласени со посебностите на Охрид, информира Маријана Лончар Велкова, претседателка на ОПМ. Во работата учествуваат покрај ОПМ и претставници од Советот на општина Охрид и ОП, од невладиниот сектор, инспекциските органи и од Стопанската комора на мал бизнис. Заеднички се прават напори да се изработи Програма која ќе заживее, ќе има фискални импликации...