Автор: Валентина Неловска
Post Views: 3 Злоупотребите за рекламирање европски вредности од страна на СДСМ и градоначалникот Стојаноски се видливи пред охриѓани, на прес конференција упати обвинување Сашо Донев претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ. „Градоначалникот Стојаноски заедно со директорите на Јавните претпријатија се испратени во неуспешна мисија од својот ментор Зоран Заев да нудат лажна надеж. Наместо да бидат на своите работни места тие водат гола дневна политика под превезот на промоција на референдумската кампања, се обидуваат да го подобрат нивниот личен рејтинг кој е никаков и резултат на...
Бактерија стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида
Post Views: 5 Стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида, јавуваат загрижени родители чии деца го посетуваат овој објект. Тврдат дека околу 80 деца од сите групи во градинката Лихнида имале позитивен наод на задолжителениот брис од грло и нос кој треба да го направат за да бидат згрижени во градинка. Стравуваат за здравјето на своите деца и јавно прашуваат дали градинките се безбедни. За одговор на ова прашање, ТВМ ја контактираше Мери Рилкова, директор на ЈГДУ „Јасна Ристеска“. Рилкова информира дека само една третина од децата кај кои е...
Несреќа на реката Црн Дрим, од струен удар повредени четворица излетници
Post Views: 5 Несреќен случај се случи вчера попладне, околу 19 часот, во близина на Ташмаруништа, во водите на реката Црн Дрим. Излетници од Струга пловеле со чамец по течението на реката Црн Дрим кога настрадале четворица стружани, а двајца од нив се здобиле со потешки повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. „ До несреќата дошло кога во чамец, во кој се наоѓале 10 лица, пловел под далновод по течението на Црн Дрим кон правец на Глобочичкото езеро кога едно од лицата при механички допир со жиците од далноводот предизвикало струен удар“.Останатите шестмина...
За 483 охридски првачиња почна првиот училишен ден
Post Views: 4 Училишното звоно, утрово, за прв пат се огласи за охридските првачиња. Во училиштата се одржа свечен прием на првачињата. Градоначалникот Јован Стојаноски беше во посета на неколку школи и на почетниците им посака успешен старт. Бидете среќни и борете се да бидете уште една успешна генерација како ипретходните, да бидете гордост на нашиот град, рече Стојаноски. Градоначалникот им упати порака на наставниците и родителите од ОУ „ Христо Узунов“. „Да се борите за квалитетно образование на вашите деца, зборувам како родител, човек и професор, дека нема повредна...
Охрид домаќин на средба на пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром
Post Views: 4 Пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром на средба споделуваа сознанија и животни искуства за оваа ретка болест на бубрезите. Охрид е домаќин на првата средба на Балканот за Алпортов синдром со цел сензибилизација на јавноста за оваа ретка болест. Станува збор за сериозна наследна болест која предизвикува прекин на функцијата на бубрезите, информира Проф. д-р Велибор Тасиќ од Детската Клиника, оддел за нефрологија. „ Болеста се открива во детството и во тинајџерската возраст. Прв симптом е мокрење на крв пропратено со респираторни инфекции и влошување...
На охридското крајбрежје се сумираат туристичките резултати за оваа летна сезона
Post Views: 2 Хотелиерите ги сумираат туристичките остварувања од летната сезона 2018. Задоволни се од резултатите бидејќи расположливите хотелски капацитети во изминатите месеци биле исполнети и до 90 проценти. Во шпицот на сезоната туристите барале и легло повеќе. Крсте Блажески, претседателот на Хотам напоменува дека подолго се во ситуација кога не можат да ги исполнат барањата на туроператорите во поглед на сместувачките капацитети. „Нема доволен број на легла и покрај тоа што на крајбрежјето се изградија неколку нови хотели во изминативе две – три години. Бројот не е...
Задолжителни лиценци за земјоделците пазарџии
Post Views: 4 За закуп на тезги на зелените пазари наскоро ќе следуваат измени со кои ќе се сузбива нелојалната конкуренција. Во тек се измени во Законот за трговија на зелените пазари со кои се предвидуваат воведување на задолжителни лиценци за пазарџиите, но и плаќање одредена тарифа за здравствено и пензиско осигурување. Пазарџиите без лиценца нема да може да закупат тезга, а тоа е начинот да се знае кој продава, велат од Стопанската комора на Македонија. Лиценца ќе се издава само на невработени лица. Пензионерите, како досега нема да може да добиваат лиценца за закуп на...
Изградбата на нова училишна зграда на „ Братство Единство“ ќе почне во второто полугодие
Post Views: 5 Двете училишни згради во ОУ„ Братство Единство“ се подготвени да примат околу 1000 учениците во три наставни јазици во учебната 2018 /2019, информира директорот Џемал Мехмед. Изградбата на новата училишна зграда која беше најавена за оваа есен ќе почне со изградба од идната пролет. „Првото полугодие ќе продолжи како и досега во двете училишни згарди. Двете се подготвни да ги примат ученицте. Се надеваме дека од второто полугодие учениците од централната зграда, како што беше најавено, најверојатно, ќе се преселат во ОУ Св.Климент Охридски. Потпишан е протокол со...