Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Врачени годишните стипендии на охридските студенти, средношколци и основци

Post Views: 99 Општина Охрид додели  годишни стипендии за стотина охридски ученици. Од општинскиот буџет се издвоија финансиски средства за 42  средношколци,  50 за основците и 8 за студенти. Стипендиите ги врачи градоначалникот Никола Бакрачески. За прв пат стипендија добива  средношколката  Теодора Николоска , ученичка  во 2 година во гимназијата  Св. Климент Охридски.„За мене има големо значење не само како парична награда туку и како награда од општината и градоначланикот за целиот мој труд кој го има влженово училишетотои надвор, но најмногу за активностите во училиштето“,...

Продолжи со читање

Мониторинг мисијата на УНЕСКО доаѓа во март

Post Views: 286 Денес истече рокот кој Комисијата од Унеско и го даде на државата да достави извештај за статусот на заштитените добра и за чекорите преземени за спроведување на препораките кои оваа комисија ги достави до владата.  Во  јули мината година Комитетот од  Унеско за светско наследство  упати сериозни забелешки дека во Охридскиот регион се планирани големи инфраструктурни проекти како Ски-центар Галичица, патот А3, Железничкиот коридор VIII и автопатот А2. УНЕСКО смета дека овие проекти може  да влијаат врз исклучителната универзална вредност на заштитеното добро.  По...

Продолжи со читање

Спречена тепачка на концерт!

Post Views: 135 Спречено насилно однесување на концерт. Со изведена тактичка вежба полициските сили демонстрираа како делуваат во слични ситуации. Вежбата беше изведена пред министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. При тоа, тој истакна дека во последните 10 години МВР успеало да изгради функционални полициски сили, кои се гаранција за високо ниво на безбедност на граѓаните. „Јас сум задоволен од тоа што го видов и ми дава гаранција дека имаме доволно капацитет за да обезбедиме јавен ред и мир на охриѓани и на туристите кои престојуваат во Охрид“, рече министерот Чавков.„Сведоци...

Продолжи со читање

Ветеринарни инспектори ја почна акцијата за уништување на живината во Мороишта

Post Views: 97 Денеска започна уништувањето на 3000 птици  во Мороишта по појавата на птичји грип на семејни живинарски  фарми. Направен е попис на  105 селски  домаќинства  по што следува  уништување и  спалување на живината. Жителите на Мороишта се вознемирени од присуството на ветеринарите и полицијата, но не и од болеста птичји грип.   – „Не било опасно по здравјето на луето па не сме многу загрижени. Институциите ќе ја завршат работата како што треба така да не сме многу загрижени“.– „Имам живина некои 20 кокошки ,  ветеринарна требаше да направи некоа дезинфекција...

Продолжи со читање

Од Хидробиолошки завод повикуваат да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга

Post Views: 314 Од Хидробиолошки повикуваат да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга. Веднаш да се намали испустот на реката Црн Дрим  кај Струга, го повикуваат Елем од Јавната научна Установа  Хидробилошки завод Охрид. Минатата недела упатиле официјално барање до Елем во кое укажуваат на последиците од намалувањето на водостојот во езерото.  Во моментов состојбата со нивото на водата во Охридското езеро е алармантна и загрижувачка, посочуваат од таму. Директорот  на установата, д-р Елизабета  Велјаноска Сарафилоска , вели драстично намаленото ниво на водата може да биде...

Продолжи со читање

Во охридскиот Центар за култура ќе работи детско младинско студио

Post Views: 113 Министерството за култура за 2017 година ќе го поддржи театарскиот аматеризам. За работата на детското  младинско студио ќе има дел  од  4 милиони денари одобрени од ресорното министерство за работа  на Центарот за култура Григир Прличев и наросниот театар. Уписите  стартуваат од месец февруари.  „ Многу е голем интересот за детското младинско студио. Ние имаме три простории во галеријата кои се затополени и работат со млади луѓе. Практикуваме да работиме од февруари до јуни“, кажува Горан Стојаноски директор на Центарот за култура и Народен театар.Театарскиот аматеризам ...

Продолжи со читање

Вратите на Бреин о Бреин отворени за упис на нови ученици

Post Views: 107 Во тек се уписите за програмата Бреин о бреин. Родителите и децата заинтерсирани за оваа програма може да се запознаат  со вештините, техниките и методологијата на оваа програмата. Досега е формирана група за работа, информира инструкторот од  Бреин о Бреин програмата Валентина Кузманоска. „Најголем е интересот кај децата од 5 и 6 години. Од месец февруари може да почнеме со работа и со  нови групи. Во тек на овие некoлку дена додека траат уписите очекуваме бројот  на децата да се зголеми“  кажува Кузманоска.   Во моментов има 110 ученици групирани во 15 групи, а ...

Продолжи со читање

Во тек е вештачкиот мрест на охридската пастрмка

Post Views: 109 Во тек е вештачкиот мрест на Охридската пастрмка.  Ловот и оплодувањето на собраната икра го  спроведува ЈНУ Хидробиолошкиот завод Охрид како овластена установа од областа на рибарството и регистриран репроцентар за производство на репродуктивен и порибитилен материјал, информира директорката на заводот Елизабета Сарафилоска. Ловот се спроведува вообичаено на риболовни локалитети во Охрид, Пештани и Трпејца, укажува Сарафилоска.„ До овој момент на споменатите  локалитети се уловени вкупно 388 единки од кои 191 женка и 197 машки единки. Од истите се колекционирани...

Продолжи со читање

Охрид има потреба од современа театарска зграда

Post Views: 100 Охрид има потреба од изградба на театарска зграда каде што ќе функционира  Народниот театар. Зградата каде што сега функционираат охридските актери е изградена во 1952 година и не ги задоволува современите потреби и услови за работа, информира директорот на Центарот за култура и Народен  театар Горан Стојаноски.„ Нова зграда подразбира нова традиција и достоинство. Самата зграда не го прави театарот, но луѓето мора да дојдат во место каде што ќе се чувствуваат  пријатно. Со новата зграда се прави нова традиција во основа почит кон граѓаните. Може да дојдат на место...

Продолжи со читање

Дебрчани најaвуваат блокади на регионалниот пат Охрид – Кичево

Post Views: 137 Жителите од општина Дебрца најавуваат протести на регионалниот пат Охрид Кичево. Тие повторно го кренаа гласот, но овој пат  против асфалтната  база за која  информираат дека подизведувачот  на автопатот почнал со градежни активности. Базата се гради на само 300 метри од  реката Сатеска, во близина на Белчишкото заштитено блато и  среде обработлива земјоделска површина.  Минатата пролет, во месец  мај,  дебрчани се побунија против изградбата на каменоломот  кој требаше да се гради покрај црквата Св. Кирил и Методиј. Тогаш изградбата беше стопирана од Државниот градежен...

Продолжи со читање

Во Охрид отворен почесен конзулат на Република Унгаријa

Post Views: 100 Република Унгарија отвори почесен генерален конзулат во Охрид. Проф. д-р Марјан Бојаџиев е  именуваниот почесен унгaрски конзул во земјава. На свеченото отварање присуствуваа високи дипломатски претставници од двете земји. Успешна работа и плодна соработка на почесниот конзулат  посака охридскиот градоначалник Николa Бакрачески. „Рабоата на овој конзулат ќе придонeсе за искористување на унгарските искуства за приклучување на РМ кон евроатланските интеграции и ќе придонесе многу и за препознавање на Охрид како дестинација за унгарските  инвеститори и се разбира за...

Продолжи со читање

Загрижувачка е состојбата со охридската пастрмка, алармира претседателот на риболовното здружение Св.Апостол Петар

Post Views: 113 Состојбата со ендемичниот вид охридска пастрмка е повеќе од загрижувачка, тврди   Радован Димитриески, претседател  на риболовното здружение Св.Апостол Петар. Од сознанијата кои ги имаме од терен за да се врати рибниот фонд во Охридското Езеро се потребни најмногу 40 години, уверува Димитриески. За жал, истребување и се заканува и на белвицата, а за неа ќе требаат 60 години за да се врати во нормала, додава  Димитриески.„Ние сме против вештачкиот мрест. 20 години наназад  се врши вештачки мрест, се порибува езерото со 2 милиони рипчиња. Но, за жал, се помалку има...

Продолжи со читање