Автор: Валентина Неловска
Post Views: 8 Сопствениците на градежната парцела кај комплексот згради на Булевар Туристичка упатија реакција против вчерашниот протест на граѓаните против изградбата на висококатница. Во името на сопствениците на градежната парцела, Илија Целески , тврди дека граѓаните се изманипулирани, а во јавноста се изнесени тешки лаги и манупулации. Ние, претходно баравме средба со граѓаните за да им ги презентираме сите документи и законски постапки како сме дошле до одобрението за градба, но до средба не дојде, жители од соседните згради ја одбија средбата. Најодговорно тврдиме дека...
Протест на станари против изградба на висококатници во зелениот појас
Post Views: 4 На Булевар Туристичка во близина на спортскиот комплекс Билјанини Извори над педесетина граѓани протестира против решението за градба на висококатници на околу 3000 метри квадратни во зелениот појас, како што велат незаконски, пред нивните прозори и тераси. Над 300 жители од овој станбен комплекс кои повеќе од 25 години се станари во околните згради велат дека немаат имотни листови на нивно име иако трансформацијата завршила во 2003 година. Бараат од општината да го поништи решението за трансформација на земјиштето и да си го врати во нејзина сопственост бидејќи...
Еден милион евра за Југозападниот плански регион
Post Views: 6 За рамномерен регионален развој обезбедени се еден милион евра за Југозападниот плански регион од националната програма. Центарот за развој на Југозападниот регион потпиша два проекти кои ќе се реализираат во општините Охрид, Струга, Дебрца, Дебар, Вевчани, Кичево, Македонски Брод, Пласница и Центар Жупа, информира Мирјана Лозаноска, директорка на Центарот за развој на Југозападниот регион. Со првиот проект ќе се подобрува енергетската ефикасност на јавни објекти и ќе се намалува загадувањето на животната средина во општините од Југозападниот плански регион. За...
Со поставување на подземни и прес контејнери до почист град
Post Views: 21 Локалната самоуправа и комуналното претпријатие „Охридски комуналец “ планираат да постават околу 30 подземни и 15 прес контејнери во разни делови во градските населби за да има почиста животна околина. Во моментов има подземен контејнер, на несоодветна локација поставен во центарот кај градската библиотека веднаш до споменикот на Григор Прличев, и два прес контејнери во станбениот комплекс Христо Узунов. „ Наша интенција е во зависност од финансиските средства кои ги имаме да започнеме да поставуваме подземни контејнери на потегот по улицата Туристичка, а потоа...
Над 300 охриѓани го оствариле правото да направат увид во списокот
Post Views: 5 Синоќа, на полноќ, заврши увидот во избирачкиот список за претстојниот референдум, во охридското одделение на државната изборна комисија. Марга Димкоска, раководител на подрачното одделение, информира дека ова право во текот на 15 дена од кога сипсоците беа отворени за јавен увид го оствариле 305 охриѓани. Од 9 август па се до полноќ само 5 мина граѓани побарале нов упис во избирачкиот список, додека двајца побарле промена на адреса на живеење. Останатите граѓани направиле рутинска проверка на евиденцијата во единствениот избирачки список.Димкоска, посочува дека...
Советниците ги усвоија шестмесечните извештаи од работата на охридските јавни претпријатија
Post Views: 3 На дневен ред на градскиот Совет денеска беа разгледувани и усвојувани финансиските извештаи од сработеното на јавните претпријатија за изминатите 6 месеци. Советниците од опозицијата упатија низа критики на адреса на раководствата на претпријатијата за сработеното и гласаа против извештаите. Од говорницата се слушнаа критики и аргументи за и против забелешките. Меѓу критиките упатени за работата на градските јавни претпријатија се слушнаа и забелешки во работата на ЈП Проаква. „ Генерално немам забелешка на работата на менаџерскиот тим. Но, имам забелешка на...
Во општина Охрид повторно се актуелизира потребата од изградба на нова детска градинка
Post Views: 8 Потребата од нова градинка станува актуелна во перидот кога стартуваат уписите во оваа година. Родителите се се повеќе заинтересирани децата да им бидат сместени во некој од петте постоечки објекти и во 4 адаптирани одделенија во приградските населби. Бројот на деца во групите во сите градинки се над законски пропишаните нормативи, засега само во градинката во Пештани функционира според пропишаните стандарди. Денеска градските советнци дадоа согласност во групите да има поголем број на деца од законски пропишаниот стандард. „ Несомено тоа води кон намалување на...
Почнува замена на кровот на градинката Развигорче со средства обезбедени од Центарот за развој на Југозападниот плански регион
Post Views: 4 На детската градинка „Развигорче“ во Охрид ќе се заменува кровот со што целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој објект. Инвестицијата е во износ од 1.900.000 денари и е дел од проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, за подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти. Минатата година во Развигорче беа заменети старата столарија со нови ПВЦ врати и прозори, објектот доби термо фасада, а беа поправени и сменети санитарните јазли, информира Мирјана Лозаноска директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. ...