Автор: Валентина Неловска
Post Views: 99 Успешно реализирана традицоналната крводрителна акција Водици прва во оваа година. Одзивот на крводарителите беше голем, напоменува Анета Јованоска од ОО ЦК Охрид. До 13 часот беа собарани 90 крвни единици, а до завршување на акцијата до 15 часот се очекува оваа бројка да биде многу поголема, напоменува Анета Јованоска ОО ЦК Охрид„ Најголем број на денешните крводарители се традиционални крводарувачи на овој ден. Знаат и си го чекаат моментот да го исполнат своето хумано дело“, вели Јованоска. На денешната акција за прв пат даруваа крв волонтери од Клубот...
Верниците утринава ги исполнија охридските храмови за Богојавление
Post Views: 106 Бог се јави, вистина се јави. Со овие зборови православните христијани се поздравуваат на денешниот голем празник Богојавление Водици. Сите парохиски цркви од изутринава беа исполнети со верници кои присуствуваа на служењето света божествена литургија. За сите нив празникот Богојавлениe има големо значење, а сите посакуваат радост, среќа и берикет.На Богојавление Спасителот Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. За време на крштевањето Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети. Додека Христос излегувал...
Од денес започнува дезинфекцијатa на автобусите
Post Views: 108 Автобусите кои вршат јавен превоз на патници од денес треба темелно да се дезинфецираат. Дезинфекција на јавниот транспорт е препораката на Комсијата за заразни болести со цел да се спречи понатамошнoто ширење на грипот. Ваква препорака за дезинфекција на јавниот транспорт до превозниците во земјава се издава за прв пат. ТВМ ги контактираше приватните автобуски компании кои вршат јавен превоз во Охрид што преземаат во таа насока. Од АД Галеб информираа дека веќе се мобилизирале и до крајот на неделата ќе преземат активности за да ги дезинфицираат ...
На охридските ловни терени се поглем е бројот на дивата свиња и срната
Post Views: 108 Во тек е ловната сезона на крупен дивеч, дива свиња, срна, волк и лисица. Охридските ловци задоволни од текот на ловната сезона. Дивата свиња се враќа на ловечките терени во охридско, напоменува ловникот Зоран Целакоски од концесионерот Зружение на ловци Охрид. Ловците ги почитуваат законски дозволените квоти за отстрел на крупниот дивеч. „Оваа 2017 година тековната ловна сезона за дивата свиња е 1 октомври до 31 јануари. Треба да отстреламе 56 диви свињи. Према евиденцијата на секој ловец кој отстрелал дива свиња треба да му издадеме потврда за потекло...
Бизнис интерес на англичани за Вевчани
Post Views: 145 Англичаните полека, но сигурно ги откриваат убавините на Вевчани. Богатата туристичка понуда, гостопримството и шармот на минатиот век кој Македонија и Вевчани го имаат задржано, ја прави привлечна земја како туристичка дестинација за англичаните. Група гости од оваа земја беа гости и на Вевчанскиот карневал, а градоначалникот Цветомир Угриноски откри и дел од нивните намери кои се добредојдени за развој на оваа општина. „ Се заинтересирани за инвестирање во општина Вевчани во туризмот. Сакаат да ја испитаат и водата за фабрика за вода. Имав со нив разговор,...
Во Вевчани одржан традиционалниот карневал
Post Views: 146 Вевчанските василичари ја продолжуваат карневалската традиција со вековните обичаи. Голем број гости и маскирани учесници со дефиле го одбележаа доаѓањето на православната нова година по јулијанскиот календар. Според традицијата карневалот започнува во пресрет на Нова година според стариот календар на празникот Василица , а старта година се испраќа со најразлични маски.За време на карневалот, маскираните ја имаат сета слобода во „поставување на светот наопаку“, слобода во која до израз доаѓа креативноста и духот, смислата за импровизација, критика и иронизирање....
Охриѓани покренаа акција за хуманитарна помош на настраданото семејство Садик
Post Views: 104 Охриѓани солидарни за ублажување на несреќата што го снајде семејството Садик. На апелот за помош се одзваа и охридските угостители. Охридскиот Mr.I покренува акција за собирање помош за семејството Садик, чиј дом изгоре неодамна во големиот пожар кој го пеплоса нивниот дом. Оваа сабота со почеток во 14:00 од Mr.I најавуваат целодневна забава со цел да се соберат средства за помош на нашите сограѓани. За забавата ќе се погрижат: The Backdoor Band, Ѓоко Танески, Betty`s Boobs, Богдан Василески, како и DJ Јуксел, DJ Јане, DJ Face, DJ Гец, DJ Марио, DJ Јовче и DJ...
Охридските ловци навреме се погрижија за прихрана на дивечот
Post Views: 92 Деновиве од ниските температури во опасност беа дивите животни и птиците. За среќа од студот досега на ловните терени и по планините не се пронајдени измрзнати животни и птици, информираат од Ловното здружение Охрид. Тие се концесионери на 50 000 хектари и се задолжени да го прихрануваат дивечот . Располагаат со 4 ловишта од кои две за ситен и две за крупен дивеч. Со подготовките почнале пред почетокот на нова година и навреме ја распределиле прихраната, информира ловникот Зоран Целакоски. „Сместивме храна околу 19 тони енергетска храна најмногу пченка. Овие...
Патот до селото Рамне не е соодветно исчистен
Post Views: 118 Стамен Димоски од Рамне, кој постојано живее во оваа населба оддалечена од градот само 4 км, се жали на неисчистениот пат кој води до нивното село. Тој за ТВМ вели дека пред неколку дена дошла машина за чистење но наместо да го исчисти снегот само го затапкала и се расипала машината. Патот остана не исчистен, посочува Димоски. Тој се жали дека со неисчистен пат се соочуваат со години, а во селото има голем број жители кои постојано живеат или доаѓаат секојдневно од градот заради тоа што чуваат добиток. „Песок има над магацините, кај кривината за Рамне, до тука...
Во Охрид има луѓе кои живеат во импровизирани живеалишта без греење
Post Views: 101 Во Охрид нема бездомници , но има луѓе кои живеат во колиби или импровизирани живеалишта. Екипите на ОО Црвен крст веќе со денови интервенираaт носејќи им соодветна облека, ќебиња и храна, информира Сашо Точков. „ Оние кои во овој период се во поголем ризик без соодветен дом се 7-8 лица кои се на различни локации во градот.Тие имаат потреба од огревно дрво, живеат во импровизирани колиби без огревно дрво или било каков електричен уред“, напоменува Точков.Од охридскиот црвен крст потенцираат дека градот има потреба од прифатен центар за лицата во социјален ризик....
Греењето во охридскиот студенски дом е без проблеми
Post Views: 114 Во охридскиот студенски дом Никола Карев греењето тече без проблеми. Имаме обезбедено доволни количини на нафта за грејната сезона информира директорот Марјан Ристески. Во вонредни услови на минус 16 , 17 па и 19 степени има дополнителни проблеми насекаде па и во нашата инстутиција, но тие тековно се решаваат, вели Ристески. Кажува дека во моментов во домот се сместени 30- тина студенти, владини стипендисти, од африканските земји кои студираат на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле . „Покрај централното греење им дозволуваме...
До општинскиот црвен крст се повеќе охриѓани бараат помош да се прехранат
Post Views: 113 Општинската организација на Црвен крст со својата мрежа на волонтери и организираност успева да им помогне на многу охриѓани во социјален ризик. Органзирани се многу собирни акции и хуманитарни активности за да помогнат и спасат животи. Охриѓани се обраќаат за различни видови помош, информира Претседателот на ЦК Охрид Сашо Точков. „Најголем број е да се прехранат. Имаат потреба и од здравствени проблеми. Им требаат лекови, за здравствени интервенции и голем број на луѓе кои немаат основни услови за живот, како што се дом, куќа, струја, вода“, набројува Точков....