Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 На осум тезги, 16 локални занаетчии на Сараиште ќе ги презентираат своите ракотворби. Од вечерва па се до недела ќе бидат презентирани уникатни сувенири изработени од вредните раце на охридските занаетчии. Тие пак покажале голем интерес за учество на базарот. Овој пилот проект е на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид со поддршка на Локалната самоупрва , информира Елеонора Новакоска, директор на установата. „ Ние имаме дозвола за поставување на повеќе тезги, но годинава ќе одиме со скратена верзија на проектот. Имаше голем интерес па на една...
По втор пат искршена рампата за влез во Стар град кај Горна Порта
Post Views: 7Искршена рампата кај Горна Порта. Во еден месец ова се случува по втор пат, непознат сторител да го уништува јавното добро. После полноќ, со тврд предмет или удар искршен е читачот на картички, отстранет алуминиумскиот дел од рампата и фрлен, информира Гордана Јованоска , директор на јавното претпријатие „Билјанини извори“. „ Локалната самоуправа е решена да успее овој систем во Стар град. Повторно ќе се сервисира рампата и ќе се пушти во употреба“ , вели Јованоска. Јованоска напоменува дека ова е вандалско дело на опортунисти кои не сакаат новини и средување...
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со критики за охридското здравство
Post Views: 4 Отакако СДСМ го презеде здравствениот систем тој е последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа. Ниту се реновираат болници, ниту се градат нови. Медицинските апарати не се поправаат и не се набавува современа медицинска опрема, обвини Кирил Пецаков член на Извршниот комитет од партиската говорница на ОК ВМРО ДПМНЕ. Медицинскиот персонал никогаш повеќе не бил деградиран и понижен. Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството, рече Пецаков. „ Во ЈЗУ „Општа болница“ од 31 кандидат рангиран според успех, за медицинска сестра не е примен...
Отворената забавна фудбалска школа собра над двеста деца на терените на СРЦ Билјанини Извори
Post Views: 3 Над 200 деца на возраст од 7 до 12 години неколку дена ќе играат фудбал на охридскиот СРЦ „ Билјанини извори. 90 проценти од охриѓанчињата кои се вклучија во проектот досега не тренирале никаков спорт, информира Јоне Станкоски еден од носителите на спортскиот проект „ Cross cultures“. Една од целите на проектот е преку дружење децата да градат здрави животни навики, но и да добијат стимулс за понатамошно спортување. „ Да ги поттикнеме кога ќе заминат од овде среќни и задоволни да се спортски поактивни. Имаме проблеми со здравјето на детската популација и начинот...
Пливачката федерација на Македонија во Охрид ги носи пливачките ѕвезди во маратонско пливање на 10 км
Post Views: 6 Светски пливачки ѕвезди ќе пливаат на Меѓународниот пливачки маратон на 10 км во Охрид на 19 август. Во машка конкуренција ќе пливаат маратонските пливачи, аргентинците Алехандро Морено и Гилермо Бертола , бугаринот Венцислав Ајдарски, холанѓанецот Марсел Шоутен, и макоеднките Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски. Во женска конкуренција ќе плива Сесилија Беџоли, а за прв пат и македонската пливачка Ева Петровска, појаснува Томи Стефаноски потпретседател на Македонската Пливачка Федерција и претседател на далечински трки. „ Утре во 10.30 од пред хотел Ројал Вју...
Во населбата Месокастро ќе почне да се гради рекреативна пешачка патека од Саат кулат до ОУ „ Св Климент“
Post Views: 3 Охриѓани и туристите ќе добијат рекреативна пешачка патека од градската Саат кула до ОУ „Св. Сава“. Современата патека ќе биде во должина од 325 метри и ќе има два краци. Уличното осветлување ќе биде со 20 четириметарски канделабри, поствени на секои 15 метри. Изведбата на проектниот зафат ќе биде туристичка атракација благодарение на средствата наменети за рамномерниот регионален развој од Центарот за Југозападен плански регион. „ Овој проект за пешачката патека од Саат кула до ОУ „Св. Сава“ ќе придонесе за подобра комунална инфраструктура и за подобрување на...
Несовесни возачи ги игнорираат сирените на амбулантните возила на итната медицинска помош
Post Views: 5 Амбулантните возила на брза помош на охридските улици се соочуваат со игнорантски однос на возачите на моторни возила. Многу честа е појавата возачите да не реагираат и да не дадат предност на возилата иако имаат вклучена сирена, напоменува д-р Ана Неделкоска , раководител на Брза помош. „Возачите ги замолувам , и сега и друг пат сме апелирале да внимаваат на улиците кога ќе ги слушнат сирените и ќе ги видат ротационите светла. Доколку има можност да направат простор да помине брзата помош. Сирена и ротација вклучуваме само во најитни случаи. Одиме и на други...
Укинувањето на две нискобуџетни авиолинии на Визер нема да имаат негативен импакт врз туризмот во земјава
Post Views: 3 Македонскиот туристички приход нема да претрпи големи загуби по укинувањето на визеровите директни авиолинии од Барселона и Лондон на скопскиот и охридскиот аеродром, оптимистички изјавуваат хотелско туристичките субјекти во земјава. Туристичките работници досега се задоволни од текот на туристичката сезона и посетеноста на земјава, а тоа го очекуваат и за следната сезона. „ Две линии во целокупниот број на проценти не значат премногу, но секако да не се лоши пораки за почеток на некаков крај. Се надеваме дека ќе се надминат тие работи и ќе се отворат нови...