Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Георгиески: Со ребалансот на општинскиот буџет нема кратење средства во инфраструктурни и комунални зафати

Post Views: 3   Нема кратење на 10 милиони денари во инфраструктурни и комунални зафати со ребалансот на општинскиот буџет, изјави на прес конференција Константин Георгиески, заменик градоначалник на општина Охрид , како одговор на обвинувањата на политиките опоненти. Како одговорна локална власт ние само ги пренаменивме ставките за развој на одредени општествени сфери кои се приоритетни за граѓаните. „ Во одредени сегменти се намалуваат износите на средствата, но затоа се зголемуваат за приоритетни и важни проекти за Охрид. Така за 12 милиони денари се зголемени средствата...

Продолжи со читање

Медицинските екипи од охридската брза помош имаат и преку 30 повици дневно

Post Views: 8 194,телефонот на итната медицинска помош постојано ѕвони во охридскиот здравствен дом. Во овие летни денови 30-тина вработени кои се дел од неколку екипи за итни интервенци имаат полни раце работа. Медицинските екипи помагаат при повици , но и амбулантско лекување на домашни и странски туристи кои имаат здравствени проблеми, информира д-р Ана Неделкоска, началник на ова служба. Се бара најразлична медицинска помош при колапси, сунчаници, дехидрираност, стомачни вирози , сообраќајни незгоди, набројува д-р Неделкоска. „ Бројот на повици е многу зголемен. Само...

Продолжи со читање

Педијатрите загрижени се повеќе се нагризува здравјето на младите генерации

Post Views: 4 Се повеќе се нарушува здравствената состојба кај децата. Нема време за чекање туку сериозен пристап во надминување на состојбите, предупредуваат педијатрите. Во нивните ординации се почесто се среќаваат со здравстени проблеми кај најмладите кои порано биле реткост. Родителите и државата треба сериозно да ги сфатат апелите. Педијатријата се повеќе го губи статусот на превентивна гранка во медицината и станува куративна, а тоа ги загрижува педијатрите. Во нивните ординации се почесто мора да лекуваат деца со разни малформации кои ги стекнале со лошиот животен стил...

Продолжи со читање

Успешно реализирана традиционалната крводарителна акција по повод празникот Св. Климент

Post Views: 5 На 8 и 9 август на Плаошник православните верници масовно го посетуваат храмот на Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон. Традиционално на овој ден се организира крводарителна акција. И оваа година успшено е спроведена акцијата на собирање крв. Tони Симоноски од Охрид , е еден од кродарителите кој се вклучи во оваа акција на скапоцена течност која значи живот. Тој е крводарител од своето полнолетство, а досега  дарувал над  40 пати  крв. За денешната акција вели, дека иако на хуманизмот во ова денешно време како да се подзаборава , го радува факот што гледа се...

Продолжи со читање

Ренџерите деноноќно ја чуваат Галичица од шумски пожари

Post Views: 3 Ренџерите од НП Галичица деноноќно будно ја чуваат планината од шумски пожари. На неколку видиковци меѓу кои Баба и Корита ренџерите ја набљудуваат планината во рамките на националниот парк и внимаваат да не се случат шумски пожари. Во моментов се е под контрола и нема уредби за ограничено движење на посетителите од страна на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, информира Наумче Новески од НП Галичица. „ Во моментов е слободно движењето низ НП, но со придржување на условите кои ги бара Законот за национални паркови. Имаме точно одредени места...

Продолжи со читање

Поништување на резултатите од гласањето во Струга, бараат од Коалицијата на Вмро Дпмнe и СДСМ

Post Views: 1 Поништување на резултатите од вчерашното гласање во Струга побараа од Коалицијата на Вмро Дпмен и СДСМ  на заедничка прес конференција. Тие  обвинија дека вториот круг од локалните избори бил нерегуларен и побараа од ДИК да ги поништи резултатите,   според кои победник е кандидатот на ДПА Зијадин Села. Посочија  примери на низа нарушувања на изборниот процес кој влијаеле на крајниот резултат од гласањето.Крсто Мукоски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и координатор на ИШ на кандидатот за градоначалник Владо Кочоски кажа дека изборните резултати во општина Струга за нив  се...

Продолжи со читање

Јавните тоалети нe проработија во екот на туристичката сезона

Post Views: 5 Две неуспешни тендерски постапки за воведување на електронски сиситем за наплата го оставија градот и ова лето без јавни тоалети. За да се реши овој сериозен комунален проблем во Охрид се чека повеќе од две децении. Граѓаните реагираат што нема јавни тоалети признава Љупчо Грданоски, директорот на ЈП „Охридски комуналец“, кое ќе ја одржува хигиената на градските тоалетите. „ Имаме реакции од граѓаните , но ние сме јавно претпријатие и мора да работиме по закон “, напоменува Грданоски. Камен на сопнување во ставањето во функција на петте јавни тоалети, кои се...

Продолжи со читање

ОПМ: Читајте ги декларациите на производите не гледајте само слики

Post Views: 2 Читајте ги декларициите на прехранбените производи кои ги купувате, советуваат од организацијата на потрошувачи на Македонија. Ова доаѓа по истражувањата на Европската организација на потрошувачи направени во повеќе европски земји.Со истражувањата се откриени ознаки со кои производителите најчесто ги користат при рекламирање за да ги продаваат храната и пијалоците. Се користат етикети со кои преку прикривање на вистинскиот квалитет на производите потрошувачите се доведуваат во заблуда. Од ова исклучок не е и македонскиот пазар каде што има состојби каде што...

Продолжи со читање