Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Хотелиерите очекуваат надминување на политичката криза во земјава

Post Views: 106 Хотелиерите од охридското крајбрежје очекуваат надминување на политичката криза во земјава и успешна зимска туристичка сезона. Политичките случувања секогаш имаат огромно влијание врз туристичкиот сектор. Од политичката клима зависи и успешноста на зимската сезона која почнува со новогодишните  празници, вели претседателот на Хотам, Крсте Блажески.  „Треба да дојде разум. Одиме од крајност во крајност со збиднувањата, но очекуваме дека мора да дојде резултат. Тоа е последно нема каде  да се оди. Мислам дното е поминато и мора да се оди напред  зборувам за политичката...

Продолжи со читање

На ФТУ доделени пет стипендии на студенти од групата осигурување

Post Views: 110 Петмина студенти од ФТУ на групата осигурување се здобија со стипендии во висина од 200 евра. Студентите се на втора година осигурување во државна квота, и се со висок просек. Од името на студентите се заблагодари студентот Петар Упевчески.„Ни овозможија и не стимулираа во натамошното студирање. Максимално ќе ја оправдаме дадената  доверба со надеж дека еден ден активно ќе се вклучиме во реалниот сектор во областа на осигурувањето“, истакна Упевчески.  Стипендиите ги доделува осигурителната компанија „Еуросиг“ од Албанија. Покрај овие пет стипендии од оваа осигурителна...

Продолжи со читање

Неподнослив мирис на хемикалија се шири по канализацијата во становите на улица Партизанска

Post Views: 146 Станарите од блокот згради на улица Партизанска со  пресекот на улицата Асном реагираат дека се шири неподнослив мирис од хемикалија.  Неколку дена во становите по цевките на канализацијата вдишуваат мирис кој се шири во бранови од хемикалија која не може точно да ја дефинираат. Нагаѓаат дали станува збор за мирис на боја, разредувач или бензин. Како што велат пријавиле до надлежните служби затоа што стравуваат за сопственото и здравјето на семејствата. Се прашуваат на што  се должи таа миризба и дали е опасна по здравјето.  Жителите од блокот згради кои со овој...

Продолжи со читање

Во охридските ресторани се прават завршните подготовки за дочекот на Новата година

Post Views: 115 идските  угостители ги прават последните подготовки за претстојните празници и Новогодишната ноќ. На десетина дена до истекот на годината рестораните се подготвуваат за пречек на гостите со избор на новогодишното мени и музичките  групи. Тие  ќе се погрижат гостите да имаат незаборавна забава со добра храна и пијалок при тоа  зачинети и со добра музика. За незаборавен дочек на 2017 година се погрижија и од ресторанот Лихнидос со внимателно избрано мени.  „Имаме склоп на околности кои јадења се повеќе барани што да понудиме од она што најмногу ни се троши. Плескавицата...

Продолжи со читање

Опожарена куќа на улица 15 -ти Корпус

Post Views: 108 На улицата 15ти Корпус е опожарена една куќа. Дојавата за појава на пожар била примена вчера во утринските часови  во 8 и15 минути.  Противпожарните  возила пристигнале за 5 минути и пожарот го  локализирале во 8 и 40 минути, а го ликвидирале во 9 и 30 минути. Во гасење на пожарот  биле вклучени 4 возила и дванаесетмина пожарникари, информира заменик командирот Горан Маркоски.„Посебни отежнувачки околности при интервенцијата е што во куќата  имаше складиште од гуми и високо горив материјал  бои и лакови и целокупна документација од правен субјект, хартија која дополнително...

Продолжи со читање

Охриѓани незаинтересирани за јавната расправа за нацрт фискалната стратегија и развојните програми на општината за 2017 година

Post Views: 97 Граѓаните не покажаа интерес за јавната расправа за нацрт фискалната стратегија и развојните програми на Општина Охрид за 2017та година. Во општинската сала се слушнаа само една пофалба и едно погрешно упатено прашање. Димитар Спасески, секретарот на општината, сепак е задоволен од настанот.„Очекувано е присуството на ова јавна расправа. Ова е 4 -та година по ред која како секретар ја водам и сум задоволен од тоа што граѓаните не чувствуваат потреба за оваа јавна расправа да дискутираат со Локалната самоуправа затоа што нивните барања се апсолвирани“, кажа Спасески.Спасески...

Продолжи со читање

Наставниците разменуваат нови техники за да ги подобрат слабостите кај учениците

Post Views: 234 Основците се повеќе имаат проблеми со препознавање на буквите, писмениот текст, раскажувањето и разбирањето на текстот, читањето на лектири, математиката, напоменува  Фахие Реџеп одделенски наставник на турски јазик во ОУ Братство Единство. Во ова основно училиште Реџеп е координатор на проектот „Со читање до лидерство “ во рамките на фондацијата „Чекор по чекор“. За надминување на ваквата состојба таа укажува дека се наметнува потребата наставниците да се стекнуваат со нови техники. Во таа насока ОУ „Братство Единство“ беше домаќин на  наставници од три основни...

Продолжи со читање

Двојно зголемено семејното насилство во Охрид

Post Views: 108 Семејното насилство во општина Охрид расте. Трендот на раст на насилството во земјава не го одминува нити нашиот град. Во рамките  на предавањето организирано од страна на граѓанското здружение  „Бисера“,  посветено на неделата „16 дена борба против семејното насилство“, од СВР Охрид било информирано  дека во градот семејното насилство е двојно зголемено.  Жените  и децата и понатака се најчестите  жртви.  Семејното насилство расте, а Охрид во моментов  е без СОС  телефон и шелтер центар каде што ќе бидат  згрижувани жртвите. За овие пропусти дел од охридските советници ...

Продолжи со читање

Општина Охрид финансиски ќе ги помага граѓаните во социјален ризик

Post Views: 103    Продолжува финансиската поддршка на општина Охрид  за граѓаните од социјален ризик. Со средства од буџет во висина од 600,оо денари месечно ќе се субвенционираат давачките на овие граѓани кон  четирите општински јавни претпријатија.„Кон Проаква, Комуналец, Нискоградба и Градски гробишта. За Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, за  одведување на отпад до 150 денари , за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари  и покривање на трошоците за плаќање на такса за гробарина  во висина до 50 денари“, набројува  Томе Џамтоски портпарол...

Продолжи со читање

Тројца членови на фото Клуб Охрид добитници на златна и сребрени плакети на фото натпревар

Post Views: 111Филис  Ајруш, Ѓоко Симјаноски,  и Димче Коруноски  се добитници на златна и сребрени плакети за фотографија. Тие преку фото клубот Охрид учествуваа на конкурс  кој го распиша проктот Watеrnet на тема води, како прекураничен проект со средства од Ипа фондот. Фотографиите ги испратиле во месец март и пред два дена дознале за резултатите од наградниот конкурс. „Градот на светлината“ е фотографијата со која Филис Ајруш учествувала на наградниот конкурс и доби златна плакета. Ајруш е 4 години член на фотоклубот Охрид и се стекна со пофалба како врвен уметник за фотографија....

Продолжи со читање

Келија нет веб страница преку која ќе ги поврзуваат македонските прозводители на храна и рестораните

Post Views: 94 Никола Цветкоски  и Властимир Самолов, информатичари, основаа сајт „Келија нет“ преку кој ќе ги спојуваат  производители на храна и рестораните. Во земјава ова е прв ваков проект, па младите претприемачи очекуваат позитивен ефект.„Направивме поврзување на  прозиводителите на продукти од охридскиот регион , Македонија и пошироко. Да се спојат со сите на кои им е потребен  нивниот продукт  т.е. рестораните и другите фирми и дејности кои би имале потреба од овие производи“,  ја појаснува Цветкоски нивната бизнис идеја. Идејата за основање на организацијата Келија нет...

Продолжи со читање

Стручни лица од Центарот за хемофилија одржаа предавање за ова заболување

Post Views: 147 Одржано стручно  предавање посветено на коагулативните заболувања во Република Македонија. Предавањето на кое учествуваа специјалисти од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје не наиде на одзив кај граѓаните и кај здравствените работници од Охрид. Ние ги згрижуваме лицата со коагулопатии и сем задолжени за лабораториска дијагностика и водење на националниот регистар, посочи д-р Виолета Дејанова која го одржа предавањето од Ценатрот за хемофилија, а во организација на здружението Хемалог.   „Ние ги спроведуваме сите препораки на светската  федерација за...

Продолжи со читање