Автор: Валентина Неловска
Post Views: 122 Љубе Бошковски носител на пратеничка листа за 5 -та изборна единица го посети Охрид. При тоа кажа времето на владеење на оваа власт од една деценија е доволен период да ги видиме резулатите. Доколку погледнеме што е направено за овие десет години ќе сфатиме дека 10 години живеевме во една недемократска држава. Каде што не владееше правото и се газеше човечкото достоинство и вредности. Бошковски при посетата на Охрид, за време на чествувањето на Св.Климент, потсети на она што било напрвено за време на владеењето на поранашната Влада на Љупчо Георгиески во периодот...
Откриени две спомен плочи во дворот на црквата Перивлепта
Post Views: 146 Во чест на одбележување на патронатот на градот Охрид, Лајонс клубот Лихнидос одржа повеќе активности. Беа откриени две спомен плочи во кругот на црквата Богородица Перивлепта. Едната посветена на Михајло Пупин донаторот на камбанаријата во црквата Перивлепта. Другата, покрај кочаџикот стар 130 години засаден од Григор Прличев и охриѓани кон крајот на 19 век. Со овие две спомен обележја Лајонс клубот Лихнидос има за цел да ги потсети охриѓани на минатото од градот, истакна Зоран Тунтев од Лајонс Клуб Лихнидос. „Преку клубот одлучивме да му дадеме достојна почит...
Во охридскиот Цетар за дијабет нема доволно инсулински игли
Post Views: 163 Дијабетичарите реагираат дека во охридскиот Центар за дијабет нема доволно игли за инсулинските пенкала. Добиваат помалку игли од пропишаното и пациентите стравуваат затоа што не ја применуваат правилно инсуслинската терапија. Ова го потврдува и претседателот на охридското здружение на дијабетичари Димче Панџакоски. „Проблем настана во последните месеци со испораката на игли за пенкалата. Наместо да добиваме за секое боцкање по една игла ние добиваме една до две игли за секое пенкало. Принудени сме иглата да ја користиме додека го потрошиме целото пенклао....
Во охридскиот центар за јавно здравје нема вакцини против хепатит Б за здравствените работници
Post Views: 106 Во моментов охридските здравствени работници кои сакаат да се заштитат од хепатит Б со вакцинирање тоа не можат да го направат. Со оваа вакцина се намалува ризикот и се заштитуваат медицинските работници од рак на црниот дроб и болести кои може да се добијат преку контакт со заразени пациенти. „ Ние вакцината за хепатит Б за здравствените работници ја немаме 5 -6 месеци , а редовно ја добиваме за лицата кои се болни и се на хемодијализа и нив редовно ги вакцинираме“, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.Засега охридските медицинари не покажуваат некој...
Станкоски: ДПМНЕ го распродаде Охрид, на фирми блиски до партијата
Post Views: 122 ДПМНЕ го распродаде Охрид, на фирми блиски до партијата, по цена која нема скоро никаква вредност, обвини на денешната прес конференција , Јоне Станковски, Претседател на општинскиот изборен штаб на Коалицијата „ВМРО за Македонија“. Доколку коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја добие власта продажба на земјиште по пазарната вредност, еднаквост на сите фирми без фаворизирање, без нелојална конкуренција и важење на законите за сите, ветуваат од Коалицијата „ВМРО за Македонија“. Нашата коалиција, веднаш по изборите ќе започне ревизија за тоа на каков начин е отуѓено...
СДСМ и коалицијата на митинг во Охрид
Post Views: 107 На Триумфалната капија во Скопје ќе ставиме бројчаник за секое украдено и вратено евро, за да останат споменик за паметење, секој што ќе украде пари да ги врати, порача Зоран Заев од синоќешниот митинг во Охрид. Пред охриѓани кои во огромен број се собраа на градскиот плоштад лидерот на СДСМ вети дека ќе биде обелоденета и целата вистина од прислушкуваните приватни разговори.„ Не може да бидеме држава, а да не знаеме што се случило со Никола Младенов и да не знаеме кој ги уби 4-те деца од Смилковско езеро. Не може да бидеме земја а да се крие кој го уби Мартин...
Охриѓани беа анкетирани какво управување со отпадот сакаат
Post Views: 99 Во Охрид спорведена улична анкета за да се чуе размислувањето на граѓаните во врска со управувањето на отпадот. Денешната анкета е дел од проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање и финансиски поддржан од Европската Унија, кажува Ангела Џепоска од проектот за управување со отпад. Охрид беше трет град каде што се спроведува анкетата по Битола и Велес, а Џепоска ги споделува размислувањата на граѓаните. „Досега увидовме дека граѓаните се желни за подобрување на системот за управување со отпад и ако треба се подготвени да платат повеќе од...
Одбележан 3-ти декември денот на лицата со инвалидитет
Post Views: 103 Во Охрид одбележан 3 декември денот на лицата со инвалидитет. Повеќе охридски здруженија го одбележаа светскиот ден со неколку спортски активности. Претседателот на здруженеито со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Охрид , Венко Голабоски кажа дека 10 посто од населението во Македонија е со некој инвалидитет. При тоа потенцира дека тие не се лица со посебни потреби туку дека се лица со посебни способности. Голабоски се осврна и на тоа колку се задоволни од досегашните придобивки на институциите.„Придобивките кои државата и општината ги доделува на лицата со...
Дел од охридските советници предлагаат во буџетот за 2017 повеќе пари за спортот
Post Views: 102 Советниците, незвисниот Павел Попоски и Јоне Станкоски од Вмро НП, реагираат на планираните средства со кои Локалната самоуправа ќе го финансира спортот во Охрид во 2017 година. Со износ од 16 милиони денари нема да има развој на спортот во градот, велат тие. Бараат за развој на спортовите во градот општината да проектира 30 милиони денари за да се поддржат клубовите, училишниот и масовниот спорт во градот. „Има пари, да не кажуваме дека нема. Да се посвети внимание на најмалите од 1 до 8 одделнеи тоа е базата за развој на училишните спортови.За училишниот...
Станува се поизвесно дека Охрид наскоро ќе добие хотел со 5 ѕвезди
Post Views: 121 Се поизвесно е дека Охрид ќе добие хотел со 5 ѕвезди. Во оваа фаза можеме да потврдиме дека Охрид ќе добие супер-модерен објект по највисоки стандарди и ќе се најде на мапата на светски познатите хотелски брендови, велат од компанијата Камфуд. Следствено на тоа ќе има зголемување на вработувањето и економски развој во Охрид, и пошироко во регионот. Најголемиот македонски туристички центар сега ќе може рамноправно да се носи на туристички план со регионот и европските земји, додаваат од „Камфуд“. Станува збор за исклучително атрактивната локација покрај езерскиот...
Oпозицијата предлага повеќе пари за развој на спортот во Охрид и поддршка на НВО „Опција“ во буџетот за 2017
Post Views: 92 Советот на општина Охрид ја одржа 65 седница. Советниците од позицијата за 2017 година усвоија 27 точки со предлог одлуки за нацрт развојни програми од бројни општествени сфери, а 38 точки се донесоа од областа на урбанизмот. Советниците од опозицијата по денешните точки на дневен ред гласаа воздржано или пак се изјаснаа против. Јован Стојаноски, координатор на советничката група од СДСМ кажа дека се сведоци на безидејна нацрт програма за буџетот во 2017 година. Нема ништо ново и развојно за градот и еден обичен список на желби , истакна Стојаноски.„Се гледа...
Избрано идејното решение за Конгресниот центар во Охрид
Post Views: 115 Архитектката Ивана Ралевиќ е автор на победничкото идејно решение за Конгресниот центар. Објектот треба да го гради Елем на атрактивна локација во охридската населба Далјан. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобро авторско дело за реализација на проектот. Градбата ќе се состои од една голема сала со капацитет од 1.500 до 2.000 седишта и од четири до шест помали сали со капацитет за 200 лица. Следната фаза на ЕЛЕМ е да го избере проектантското биро што ќе го подготви основниот проект. До ЕЛЕМ било доставено само...